Се е во ред со тебе. Само телото се навикнало на тренингот, што значи треба да зголемиш тежински и кардио. Значи земи потешки тегчиња и прави подолго кардио и не се живцирај у празно .
Од понеделник и во текот на целото лето секој ден ќе прам стомачни/грбни, вежбите за нозете, и чучњевите. И ќе сум повеќе физички активна бидејќи нема училиштееее
значи забележам дека бутчињава ми се зголемиле си бев таман до пред 2 недели,и одеднаааааш незнам што ми се случи. летово почнувам да трчам и да возам ролерки,и ќе вежбам по 30-40 минути дневно,ќе пијма многу вода и ќе јадам многу овошје се надевам дека за 1 месец ќе симнам барем 4 кила
Мојот фитнес исповед По дооолги он/оф периоди поминати во врска со мојот предизвик, (ради здравствени проблеми се одолговлеч имојот план) сега сум скоро на крајот. На почеток не се гледаа толку резултати ни од вежбањето ни од исхраната, па пред недела дена испаничив како демек се ми е за џабе, мислев телото се навикна на континуираното вежбање на орбитрек и истите активности. Ама не се откажав, внесов зумба секој втор ден за вежбање и еве резултатите се гледаат многу побрзо. Не се мерам, не знам колку изгубив, немав многу вишок па зато и не ми е ни битно, се радувам на линијата, на тонираните мускулите и на затегнатоста. По моја проценка ми фали уште малку да го стопам вишокот што го осеќам на задникот и стомакот, па планирам за 2 недели намногу да сум топ Не се форсирам, напротив внесувам до 1400-1500 калории ама внимавам на редоследот, пред вежбање јагленихидрати наутро, да има добри масти и по вежбање протеини, а шеќерот со тешки маки скоро го исфрлив од секојдневието, освен по едно парче торта за родендени, а ги имаше 2 овој месец Пијам нескафе секое утро 3во1 или 2во1 со натрен, од него не се откажувам, затоа што не сакам сега строго да се држам а после да се вратам на старо, па без ефект. Од тие калории гледам дневно да истрошам добри 300-400 со вежбање, со зумба или со долго пешачење. Пијам многу вода, значи многу - 3л на ден, некогаш и повеќе, самиот организам ми бара. Плус 3 пати од чајот слим енд фит на виталија, го зедов затоа што има повеќе билки во него, зелен чај во најголем процент, лимон итн. Доста е добар. И по којзнае кој пат доаѓам до заклучок дека за посакувано тело (добро истонирано и стегнато од мој аспект, а не 45 кг без грам мускул) потребно е мнооогу труд, голема желба и само и само вежбање и внимавање на исхрана. Ако сакав да сум слаба без сало ама и без мускул ќе ослабев многу побрзо со диета, ама то не ми беше целта, вака е потешко, ама и долготрајно ако се потрудиш. Џабе брзи диети, се друго е џабе. Навистина е тешко и напорно да си на режим, ама чим го доведам телово како што сакам, после помалку труд ќе ми треба да го одржувам, само ќе вежбам редовно, сега е потешко. Одлучноста и истрајноста е се, борбеноста во мене не ми дава да се откажам на самиот крај
феминки до пред 1 месец поцнав со диета и со кардио вежби (2 пати во неделата) и не забележав некои големи подобрувања затоа што тежко ми е да го отфрлама благотот од исхраната (а леб немама ставено во уста 2 месеци )не јадам мрсно ни пржено но благото ми е голем проблем.Последнава недела воопшто не јадам благо (одбај се воздржувам )и продолжив секој ден со кардио вежбите (Тае Бо)+ВЕЖБИ ЗА СТОМАК И ПОЛОВИНА (тој дел ми е најпроблематичен )+диета и пешачење и очекувам за 1 месец да ја средам половината и да се затегнам ваше мислење од искуство дали ке можам да ја постигнам целата
^Сакамте ќе ја постигнеш целта ако се придржуваш до тоа. Имаш теми за мотивација на форумов, ја имаш нашата поддршка и не се откажувај и ќе успееш. Сите ние имаме предизвик. Јас се надевам дека мојот ќе го остварам.
Сакамте многу малку си вежбала, малку е двапати неделно да вежбаш. Вежбај секој ден за побрзи резултати или барем секој втор ден, или прави еден ден во неделата пауза од вежбање. Внесувај повеќе вода и пиј зелен чај, супер е што не јадеш леб и прженици Пиј јогурт секој ден за да го забрзаш метаболизамот Благо јади барем насабајле и избегнувај да јадеш навечер.
По два месеци од мојот последен пост, морам да се пофалам дека го достигнав минимумот во килограми и максимумот во дефиниција. Горда сум на себе и на она што го постигнав, со МНОГУ труд. И не запирам јас тука. Напротив, продолжувам со исто темпо. Сега сум во топ форма и ќе се обидам да ја одржувам и во текот на летово. Среќна сум. Комплименти од сите страни. Дури еден другар кој ме нема видено од Нова година, беше благо речено шокиран. Ми рече да сум престанела да слабеам зошто сум се смалила, како девојченце сум била. И на крај краева баш ми е гајле што ќе кажат другите, најважно од се' е што се чувствувам прекрасно во сопствената кожа, како никогаш досега. Само напред девојки, без откажување. п.с. Многу е жешко, бидете внимателни кога вежбате. Без претерување. И секако мнооооогу водичка да пиете
Мило ми е Свити-твити за тебе, браво, ти си доказ дека упорноста се исплаќа. Ако сакаш можеш и слика да ни постираш од пред и потоа ако имаш.
Фала Лукс, да ти се враќа. За сликите, радо би постирала ама од претходно слика каде што се гледа како изгледав за жал немам. Најискрено. Избегнував да се сликам, а и облеката што ја носев прикриваше се што штрчеше. А од сега кога ќе се сликам ќе постирам. Во секој случај скоро 9 килограми помалку имам и во последно време не ни пазам што јадам, па пак сум иста. Само упорност и придржување до режимот кој си го имате воспоставено.
Незнам што е работава. Значи прилично сум слабичка, неможам ни 50 кила да стигнам, порано одев на тренинг три пати неделно, а со тоа внесував и повеќе храна, се поправив пет ипол кила, од 44 ипол, направив 50 одвај некако. И иако бев многу слаба, на стомакот имав салце, нозете иако преслаби ич не ми беа затегнати, ама со редовен тренинг салото малку ми се намали, ама не беше тоа тоа. А сега не одам на тренинг, и дури ослабена сум пак ама повторно имам сало. Да правам стомачни не помага, зашто така само ќе си ги зацврстам мускулите под салото, а салото ќе си остане. Што да направам за убав,тониран стомак а мускулите благо да се познаваат?
Луѓе... Здебелена сум 2 кила . Тешко малце ми оди и споро ама не се откажувам. Ми фалат уште 5-6 кила и си давам време до 1 октомври, ако не биде... ноември-декември . И да се пофалам зацврстени ми се стомачните ама срам ми е мене слики да ставам .
Вака,јас не сум дебела,секој ден вежбам,правам вежби за стомак,и имам стомачни онака,благо се познаваат ама сепак салото ми штрчи до страните..сакам убав затегнат стомак до 27 јули (тогаш идам на море) ..како? а нозете ми каде-каде океј,имам бутови,ама мора бидејќи тренирам.. Ве молам дајте ми некои вежби од јутуб за нозе,и стомак.Некои што се лесни ама има ефект.. Сакам убав рамен и затегнат стомак.
Јас си поставив од 3 Јули до 3 Декември. Секој втор ден вежби за зајакнување на стомакот. Искрено не верувам дека ќе успеам ама вреди да се проба, нели?
Јас до 1-2 август уште 5 кила треба да ослабам. Досега супер ми оди секоја недела по 1 кило. До тогаш со се оваа недела тамам се 5, значи 5 кила. И не ми е тешко. Сега и менструација ќе ми дојди и нема ич да ми се јади ќе ми биди полесно, а овие 10 дена наназад се помачив малку оти ПМС бев така феминки па тогаш ќе ставам слики
Салото нема да го симнеш со стомачни туку со кардио тренинг. Стомачните само ќе ти ги зацврстат мускулите ама не го топат салото така да без кардио или диета ќе имаш јаки стомачни ама нема да се познаваат од салцето . Трчај, скокај на јаже, вози точак и држи правилна исхрана и ќе го симнеш .
за салцето од страните прави ја вежбата страничен планк која е доста ефикаснаа и не многу тешка за правење мене лично многу ми помогна