Девојки јас колку што разгледував не сретнав ваква тема ни на неа слична. Јас мислам дека тука би можеле да ставаме некои рецепти од храна што би имале помалку калории, што би се јаделе без леб, полесна храна. Јас на пример денес си варев рижото и внатре му ставав зеленчук ( пиперка,домат,малку кромид,компири ) и дојде како лесна летна манџичка. И да напоменам не турив ни сол ни масло. Ако е темава дупла,делит, а ако ви се допаѓа можете да споделите некои рецепти
Јас летно време после вежбање обожавам салатки, има разновиден зеленчук, и ретко ставам преливи, евентуално маслиново масло. Сакам комбинации од зелка, морков и кромид, или пак свежа тиквичка, краставица, морков и варени шпагетки. Два часа пред вежбање пијам смуди за повеќе енергија. Правам секакви, цвекло, краставица, јаболко и семиња, или шумско овошје, јогурт, овесни снегулки и семиња. Од летни манџички сакам со варен компир, ориз, пиперка, луто пиперче и морков, или зелка манџа без месо со малку масло. Би било убаво да стане активна темава, па почесто да пишуваме рецепти.
Да,да супер би било ако имаме идеи ) http://zdravjeihrana.mk/ratatui-lesno-vkusno-i-zdravo-jadene-od-zelenchuk/ Еве од мене нешто, утре ќе го направам па ќе видиме како ќе биде,вака многу вкусно ми изгледа
Aj Nekoj da stavi lista so hrana so sto poveke proteini mi trebaat nekoj sto odi vekje na fitnes ili teretana pa i da ne odi ama da znae, znaci ne sendvici tuku nesto kako riba konzerva, jajca... dr?
Да ви кажам, за ако сакате да држете убава фигура, само краставици и домати му е мајката . Летно време, можете за појадок вака.. направете си кејгана со 1 домат или 2 колку сакате, нема лошо ништо во доматите. Мене убаво ми е кога во кајганата има неколку мали парченца сирење и одозгора му ставам малце оригано за шмек. Исто така, може да си купете мусли за појадок, ептен заситуваат. Се јадат со јогурт или со млеко, тоа на вас останува. За ручек, преферирам да јадам стек. Го пржам со многу малце маслиново масло, бидејќи е поздраво од обичниот зејтин. Парче стек, со шопска салата и можете со 1 рибанка црн леб, само црн. Бел, никако. За вечера, ви препорачувам воопшто да не јадете, или пак веќе ако толку многу ви се јаде, направете си лесна храна. Салата или нешто овошје каснете. Еве јас синоќа ептен ми се јадеше, си пресечив неколку парчиња лубеничка и каснав 2 праски, и ептен ме заситија. Се надевам дека и помогнав во изборот на храна.
Јас , бидејќи сум вегетаријанец , секој ден ми вклучува салати. Било какви. ( марула, шопска, само домат или само краставица, значи било каква салата, било кој зеленчук) Не јадам леб воопшто. Се случува некогаш само црн леб, и тоа само една кришка. Еве денес за појадок имав 3 ситни варени компири (без зејтин) и сиренце. Ручек немав, не ми се јадеше..испив многу вода и немав глад. Избегнувам пржени и мрсни јадења. Благо не јадам . И газирано не. Од овошје дома имам праски, банани и диња. За вечера едно од нив. И тоа е
Дупло повеќе јадам во еден оброк, отколку ти што си изела во цел ден. Ова твоево не е воопшто здраво.
Колку сте сериозни со муабетов?!Домат и краставици за убава фигура?! Било која салата е исклучиво добра, како за здравјето, така и за фигурата. Гладување?!Како прво тоа воопшто не е здраво за телото или пак на ден по еден оброк, нешто минимално.Го изгладнувате вашето тело само, невнесувајќи потребни работи за да функционира како што треба. Фитнес храна, а воедно и здрава храна е онаа богата со влакна, протеини, витамини...Имајте и по пет ороци на ден ако сакате, но богати оброци.А паралелно и вежбање и ќе го забележите резултатот. Практикувам фитнес храна често да,но знам да се впуштам и на високо калорична храна, брза храна, многу благи...Но обично после вежбање практикувам некој стек со варен зеленчук, или пак јајца, салати разни, ореви, бадеми, лешници, путер со кикиритки, лосос риба,домашно правени шејкови, многу овошје...
Од моето и не така скромно искуство со диети, симнување - качување на килограми, јас би рекла само здрава, правилно избалансирана храна може да биде фитнес храна. Да не се повторувам убаво напишала @mirandaa пред мене. Само ќе кажам... бев 64кг. едно време стигнав и до 72-73 кг. сега сум 54-55 кг. до кои стигнав без никаква диета. Порано после секоја диета бев уште погладна и завршував со + килограми во однос пред диетата, а за разочарувањето и чувството (комплексот) на ниска вредност и да не зборуваме. И така вртење се' во еден зачаран круг од кој нема излез. Се' додека не почнав да не размислувам за килограмите, да јадам што ми се јаде, да не се лишувам од ништо. Сега на мои 25 години, после едно родено дете можам (не се фалам) да кажам дека изгледам најдобро во цел мој живот. Внимавам колку можам, јадам и благо и солено и луто и кисело, ама во умерени количини. Фитнес, аеробик, пилатес, зумба не практикувам, пешачам доволно, нон - стоп сум наваму - натаму.
Океј тоа, почитувам право на избор, ама три компири и едно парче овошје не се ни 200 калории, а во денот треба да внесуваш околу 2000. Плус што немаш извор на други хранливи вредности. Посебно си наштетуваш ако вежбаш. Јас вака се глупирав во средно и како резултат добив намален имунитет.
Секое сабајле овесни снегулки со млеко, ужина овошје, за ручек ориз варен без сол, зејтин, понекогаш тавче, стек варен или на скара, риба туна или некоја на скара, зеленчукова домашна супа, поретко компир варен, макарони со томатело, многу салати, и две белки секој ден. За вечера строго само зеленчук, овошје не. Преку целиот ден многу вода, сокови никакви. И нормално вежбање колку што е можно почесто плус кардио
Од "здрави рецепти", овие ми се најомилени. -Домати со сирење (без масло) -Зелка салата со пченка (многу малку масло) -Соја во сос од домати/кечап (без масло) -Варен компир со сирење (без масло) -ориз со домати и сирење Избегнувам да користам масло или ако треба многу малку. Имам држено многу диети, ретко која ка била успешна (или сите би биле успешни ако се придржував до нив). Броењето на калории мене ми беше многу ефикасно ± пиење многу вода и вежбање/прошетки.
Ако тоа погоре мислењето беше напишано за мене, да ти одговорам. Ти можеш што сакаш да јадеш, јас си јадам за себе и не гладувам. Фала богу дека нема да останам само на краставици и домати цел ден, секако дека ќе мешаш од секој вид на јадења, само да се здрави и богати секако. Тоа ми беше затоа што сметам дека се тие најздрави. Јас цели 2 месеци без домати и без краставици не поминував и секако не гладував, тоа ми беше омилено, а вие ако мислете дека ќе гладувате само со тоа, слободно јадете што сакате. А и јас не реков дека секоја салата не е добра, тоа зависи до организмот каква ти бара, таква ќе јадеш.
Девојки и јас почнав и многу сум возбудена дај боже да останам мотивирана и да не се откажам (како и секогаш) За доручек секогаш овошје јадам еве денес лубеница а вчера праски Сега за ручек се мислам дали да направам салата со пилешки парчиња А за вечера некој зеленчук или пак овошје Дали знае некој дали смеам noodles да јадам? :
Секако дека можеш, битно не прејадувај. Јас јадам се` што јадев пред да почнам да вежбам и не накачувам килажа, баш напротив. Доколку си склона кон дебелеење од некој вид на храна тогаш избегнувај да ја консумираш, а се останато јади најнормално.
Девојки еве рецепт за доручек. Превкусни се Што ке ви се најде низ фрижидер тоа ставајте. Јас вчера една тура направив со златна мешавина, а една тура со сецкана сланина,кашкавал и домат. http://jednostavnikolaci23.blogspot.com/2015/07/slani-povrtni-kolacici.html
дор- две варени јајца две парчиња црн леб и зеленчукова салата (што било) руч- риба/месо (300гр), прилог-боранија-брокула,зелка,карфиол итн, зеленчукова салата ужина-овошје или јаткасти плодови вечера-голема зеленчукова салата со некое парче (едно од овие) сирење, туна, пилешко, авокадо, јајце, просо, киноа, авокадо.