Серијата е од најуспешната филмска продукциска куќа во Турција - AyYapim („Кога лисјата паѓаат“, „Фатмаѓул“, „Eзел“, „Притаени страсти“, „Инсајдер“..) Прва турска серија без цензура која поради експлицитните сцени не се прикажува на турските канали туку ќе оди само на интернет платформата PuhuTv. Работена е според бестселерот на Азра Коен во три дела „Фи-Џи-Пи“. Секоја сезона ќе има по 20 епизоди, а секој месец ќе се прикажуваат само 3. Се работи за психолошки трејлер во кој главната улога ја има психијатарот Џан Манај кој зад себе има мрачно минато како „Пандорина кутија“. Тој е најуспешниот психијатар кој успеал да им помогне на илјадници луѓе, води специјална емисија на телевизија во која јавно ги открива најмрачните мисли на своите пациенти и им помага да ги пребродат своите стравови. Тој е емоционално недостапен и маж кој живее само за задоволство и секс без обврски. На прв поглед изгледа како човек кој никогаш не се вљубил и никогаш немал чувства за некоја жена, но дали е тоа така.. Се се променува кога ја запознава Дуру. Таа е балерија која е на пат да го оствари својот сон да биде препознаена и почитувана за својот талент. Заедно со нејзиното момче Дениз работат во училиште за уметности каде тој работи како професор по музика. Џан развива нескротлиа опсесија кон неа.. Тука се појавува и новинарката Озге која се обидува да го открие темното минато на Џан.. Џан исто така држи предавања на факултетот за психологија каде една од неговите ученички Билге која води тежок живот, го привлекува неговото внимание бидејќи тој го воочува нејзиниот потенцијал да стане добар психолог.. Додека единствена личност која знае се за минатото на Џан е Ети. Серијата не е класична турска драма, има елементи на американски психолошки трилери.. Во секој случај го држи вниманието до крај и остава многу прашалници и долго размислување после првото гледање.. Спојлер: Во главните улоги: Ozan Guven - психологот Џан Манај Serenay Sarikaya - балерината Дуру Mehmed Gunsur - музичарот Дениз Berrak Tuzunatac - новинарката Озге Busra Develi - студентката Билге Серијата со српски превод може да се гледа тука: Спојлер http://www.saprevodom.net/category/serije/turske/fi/
Сега гледам дека имало тема за серијава. Лани ја гледав, една од подобрите серии што ги имам гледано. Прејака серија, особено првите епизоди беа врв. Ми држеше внимание до сам крај.
Подолго време ја планирам за гледање, сега ме убедивте да ја почнам. Серенаја не ја сакам како глумица, затоа не ми се почнуваше. @Rama @@ceci11 да не ја имате гледано и вие? Друштвото за серии
Ќе почнам од вечер да ја гледам. И јас Серенај не ја сакам ама во Шахмаран ја гледав и таму ми се допадна. Јас само заради Мехмет ќе и дадам шанса
И јас не сум и фан на Серенај, ама сега едвај ја чекам новата серија која ја снима со Киванч Татлитуг, на најавите, горат двајцата буквално и се ептен добар спој Инаку не, ја немам гледано оваа серија, го сакам Мехмет како глумец, ама не сум ја изгледала ете.
Јас онлајн ја изгледав цела серија, и прејака е со многу јака порака и поучни разговори. Скроз е психолошки трилер, кој сака овој тип на серии и филмови ја препорачувам. Од мене 10/10
Ја нема на нетфликс, јас на turkish123 ја гледав со англиски превод. Можеш и со српски некаде да ја најдеш, нека ти каже каде ја има некој што така ја гледал.