Многу мислат дека флашираната вода е подобра. Јас ќе го кажам спротивното. Ставете си на чешмата филтер и гајле немате.
На запад уште од дамна мучки прават со флашираната вода. А сега почнаа и кај нас. Ти полнат од чешма и ти продаваат муда за бубрези. Ти вика од планина е водава а нема врска.
Дома кога сум,од чешма. А на други места,зашто често сум во движење низ Македонијава флаширана, само од здравствени причини. Цело време имам проблеми со стомакот кога пијам од чешма, сигурно дека не ми е навикнат организмот којзнае...
Јас пијам вода од чешма.Кавадарци секогаш имало ваква вода секогаш е чиста и слободно можам да се пофалам.Се случува да купам флаширана ама тоа само кога сум испадната или за на балет..
Од Скопје сум и пијам вода од чешма, ако одам во друг град исто, ако одам на планина или село од бунар/поток, искрено на мене не ми смета ниту пак ми штети. Сепак голема улога има самиот организам за поднесување на секаква вода