I jas od cesma pijam, a koga ne sum doma Ladna. Inaku so maz mi planirame da kupime filter za cesmata, ama nlnemame iskustvo sto kako. Od kade i kakov imate vie?
Јас пијам флаширана вода веќе една година и тоа Ladna или Gorska а оваа Jana мене ми е иста како од чешма џабе толку ја рекламираат и џабе тоа пораките ,а иначе од ова водава од чешма ми беше многу тешко и затоа престанав да ја пијам
Да се самоцитирам,пред 2 години очигледно сум мислела дека пијам чиста вода. Реалноста е дека водата е премногу загадена,посебно од чешмите,содржи и арсен и други хемикалии,па пијам исклучиво флаширана. Професорот за Технологија на вода не советуваше да менуваме брендови на флаширана вода,чисто да не се привикнува организмот на една иста,бидејќи и тие не се многу доверливи.
јас флаширана си пијам, најчесто Rosa, а што да правам, воздух загаден, вода загадена, се чуствуваат метали во вкусот еден филтер да ставеа мајку му стара
Пијам и таква и таква. Од флашираната најмногу сакам Пелистерска или Роса. Пиев само од чешма порано, но поради песок во бубрези ми препорачаа флаширана. Колку е тоа прав избор незнам.
Ако се земе во обзир дека пластиката воопшто не е здрава, посебно не ако производот стои долго во неа, тогаш доагаме до заклучок дека фрламе огромни пари мислејќи дека му правиме добро на организмот а всушност си нанесуваме штета а за тоа плаќаме двојна цена и онаа со здравјето и во банкноти. Флашираната вода е добра кога сме излезени или сме на пат но не и за постојана употреба. Според мене водата од чешма е далеку поздрава од флаширана.
Флаширана вода е само една обична пропаганда од индустријата да ти го продаваат тоа што го имаш бесплатно. Исто како што и овие новопечени билдери и фитнес тренери/ки коишто отекуваат со здрава исхрана и се жив пролив, а од друга страна се полнат со хемија, whey proteini, стероиди, креатини, bla-bla, ти реков-ми рече.
Водата од чешма веќе не е тоа што била. Овие од водовод упорно тврдат дека водата за пиење во МК е една од најдобрите во Европа, а јас гледам по филтерот колку е чиста. Си пијам флаширана, а Добра Вода ми е најубава.
Македонија е позната по тоа што лежи на извори од вода. Затоа во свет освојуваме од прво до трето место за квалитет за вода. Во иднина, за едно 20-30 години, вода ќе има се поретко. И како што има сега војни за нафта, тогаш ќе има војни за вода. Балканот е еден од најголемите снабдувачи на вода во свет.