Си пиам вода од чешма ама кога сум на факултет или излезена си купувам флаширана или на Јана или Изворска.
Јас се одвикнав од водата од чешма, чуден вкус ми е, бидејќи користиме филтер систем и бокал за прочистување. А ос флашираната вода само Јана ми е со нормален вкус, сите останати како да имаат вкус на метал.
Само чешмовача ама прочистена преку филтер за вода кој се монтира на самата славина. Исто важи и за водата во веце,и те како е битна и водата со која се тушираме. Флаширана само под услов ако патуваме негде кога е неопходно иако и тогаш гледам да земам во стакло макар тежело повеќе, знаеме сите горе-долу што испушта пластиката и колку е штетно да се пие водата кој одстоела во неа.
Имаше еден долг период кога пиев само флаширана вода, бидејќи таму кај што живеев, не се пиеше водата од чешма. Оно, кога ќе видиш и флаширана вода не е најпрепорачливо да се пие-секојдневно, демек заради пластиката, дрн дрн... од чешма пијам. Флаширана пијам газирана вода. Фино ми е за желудникот/стомакот чат пат да се напијам газирана.
Овде во Добој незнам дали после поплавата ама чесмовачава е полна каменац. Зимото ставав на радијаторите чинија со вода чесмовача за да испарува да ја одржува влажноста на воздухот, кога ќе испареше водава на дното камен, катастрофа. И почнав да ја одбегавам, претежно и онака ретко ја пијам повеќе сум на сокови, едно време купував флаширана само за мачорот да има да не ми добие камен или некаква болест на бубрезите. Сега од немукает не сум купила месец дена и он пие чесмовача.
И пиењето флаширана вода и пиењето вода од чешма е меч со две острици. Голем фактор за појава на камења во бубрезите е токму "тврдата" вода од чешма (посебно во Скопје). Од друга страна флашираната вода често е од неконтролирано потекло, а и неспорна е штетноста на пластиката од аспект на загадување на водата, а и природата. Јас пијам флаширана вода од галони кои се повратна амбалажа. Сеуште не сум расчистила со сомнежите околу нејзиниот квалитет, но сепак ја консумирам. Вода од чешма во кафич или ресторан не пијам. Погледнете го видеово, интересно е
Попрво би пиела од чешма отколку флаширана.Во таа пластика која многу долго како за вода стои на полиците во продавниците, на сонце итн. е далеку полоша отколку добро истечена вода од чешма,која исто така не е совршена,но како што реков од двете опции ја бирам водата од чешма.
Од чешма,многу ми горчат флашираните не го сакам вкусот.Можам да се напијам во моменти кога не смее од чешма,ама тоа е чашка две,а јас без 5-6 литри вода во денот не можам.