Флаширана, некако се навикнав цело време да пијам таква и кога ќе се напијам од чешма си вртам 300 филма дека ќе добијам труење
Од чешма. Флаширана е каанцерогена, па од кој сака извор нека е.Боље некое камче у бубрег и хлор него од пластика нешто недај Боже.
Кај нас има жива вода? Во Србија кога одиме,ни даваат таква вода Јас бев многу зачудена,и да ви кажам малку со страв пиев
Има ли некој стручно што ќе одговори која вода е најздрава (а не највкусна): флашрана, од чешма или со филтри за прочистување во домашни услови (од која марка)?
Пиеме флаширана негазирана бидејќи овде кај што сме (Италија) водата од чешма не се пие. Мака ми е што во мојот роден крај во МК последните неколку години купуваме флаширана, таму ја имавме најубавата вода и чиста и вкусна. Штета!
Во 21 ви век во мојот град водата е кафеникава боја-језиво ми е раце да измијам а не пак да ја пијам.само флаширана вода пијам
Флашираната вода е исто срање со таа од чешма,дури полоша. Освен во периоди кога е многу загадена,тврдам дека пиењето флаширана вода на подолг рок, е повеќе штетно,отколку корисно. Ретко кои фирми имаат контролирано производство , а исто и на шишињата кои вообичаено се пластични (најефтино е). Најдобар избор е во стаклени шишенца,ама тоа секако е луксуз. Многу ми е некако мачкање очи оваа флаширанава вода во пластични шишиња,особено ако истото тоа шише се користи повторно(се приполни вода од чешма и сл).Демек тренд флашираниве... Не ни е најквалитетна водата кај нас,ама како што кажаа некои,во други земји дури и не е наменета за пиење водата од чешма.Камчиња и загадена вода има периодично,барем во мојот град водата вообичаено е чиста и без мирис. Најубаво би било квалитетен филтер,прочистувач и сл,иако е можда поскапо,сепак водата барем не стои во таа одвратната пластика во маркет со денови,а после дури и по отварањето одреден период(ако е од 3л...5л и сл.) Инаку,нормално во ситуации кога не може да се пие вода од дома,според мене би флаширана,него ли од градски фонтани.
Пијам вода од чешма, но кога нема подолго време вода си купувам флаширана негазирана додека не се подобри водата од чешма.
Водата од флаши којзнае од каде е полнета, навидум изгледа дека е почиста. Од чешма вистина е со хлор, ама од флаши е повеќе загадена.