Ќе ја превриете водата од чешма и ќе ја ставите во стаклено шише за да ви се лади во фрижидер за летно време. Така е најдобро според мене.
Со вриењето уште повеќе бигор има. Јас пијам од чешма, на синчето му давам флаширана Ладна или Роса. Не ми е најсреќен избор ама меѓу тоа и вода што поминува низ цевки стари над 30 години, некогаш е жолта, некогаш има мирис на 'рѓа и гаден вкус, одбирам флаширана. А има и педијатри што особено за деца не препорачуваат вода од чешма кај нас, поради тоа што имаме тврда вода и се повеќе деца се со песок во бубрези. Не знам до кога ќе тераме вака, не знам ни дали е најправилно искрено, ама немам друг избор.
И флаширана и од чешма и ваква каква што наведов погоре нема да биде 100% чиста (ако така може да кажеме). Поентата ми е колку и да пазиме џабе е.
Ако пијам флаширана вода, ќе треба пола плата за вода да ја давам. Дома сме четворица. Дневно ќе треба да трошиме по две големи туби.
Вода од чешма, имаме добра вода. Флашираната вода е канцерогена, па дури и кога носам со мене (а секогаш носам зошто пијам преку 2,5л.) имам купено стаклено шишенце само за надвор. #likeababy
Што е канцерогено во флашираната вода? Ако мислиш на пластиката, секоја вода е пакована во bpa free пластика по закон.
@Petra777 а зошто тогаш ако одиш со стомачен вирус или слично во болница веднаш советуваат да не се пие вода од чешма? Или за бебињата до одредена возраст не смее од чешма поради небалансираноста на минерали и големото количество на хлор? Двете си имаат плус и минус, а и таа од чешма колку е контролирана е знак прашање. Пред некој ден за водата во околината на Бт, дури и селата под Пелистер на телевизија кажаа дека не е бактериолошки чиста и да престанат да ја пијат жителите, после којзнае колку време конзумирање на истата. Кај мм на работа имаа извор, сите вработени од таму полнеа вода, за на крај да викнат приватна фирма и да излезе дека има ешерихија коли во водата. Ништо, апсолутно ништо не е сигурно, особено кај нас.
Нас ендокринолог ни потврди дека водата е безбедна, посебно во Скопје, имавме немил настан оддамна каде што требаше внимавање на се живо што се внесува. И тоа не беше било кој, еден од најдобрите специјалисти некогаш на клиника, Василевски. Ме чудиш, за стомачен не сум чула таков совет, освен за оризова вода. Можно е, но за Скопје не верувам дека има неквалитетна вода. Плус и да речеме дека е здрава флаширана, со наш стандард би банкротирале, но тоа е веќе друго.
Дека флаширанат вода е здрава е не е точно. Маж ми има разговарано со лице кое ја испитува водата по Скопје и он му кажал дека флашираната вода е поштетна. Најдобро е да се користи филтер за прочистување на водата од чешма. Јас со години пијам вода од чешма, па ништо не ми се случило.
Каква што ќе има дома, таква пијам. Вие другите многу пребирливи сте. Оние во Африка дали имат вака да бират.
Со години пијам само флаширана вода. Не знам дали имате информации за состојбата на водата во центарот на Скопје, но јас чувствувам огромна разлика со водата од другите делови на градот.... @SummerGirl ме интересира во која смисла ви кажале дека флашираната вода е поштетна? Заради пластиката или?
Флаширана негазирана. Купивме апарат за топла/ладна вода, си купувам 10литарски туби, и за нас и за малото иста вода. Многу е лош вкусот на чешмовачата.