Коа сум дома од чешма..а коа сум надвор флаширана. Некако ми е страв да пијам флаширана вода кој знае какви супстанци ставаат внатре и колку се чисти флашите..а и секакви болести можат да се добијат.
Flashirana pieme i jas i deteto. Mm ne pie mnogu voda, povekje sol pie. Inaku, mnogu mi e grda od cesma,pa i mi smrdi.
Пијаме сите од чешма.Стварно имаме многу добра вода,но кога има недостаток на вода тогаш ги пуштаа бунарите и некако како блуткава е и тогаш купуваме флаширана.
Дома пијам вода од чешма,но кога не чини,пијам негазирана Евина или Пелистерка кои ги пијам и надвор од дома.
Дома од чешма . Дома имаме од стариот тетовски водовод , па водата ни е камен ладна . Не знам колку е бактериолошки и лабораториски исправна за пиење , но дома сите пиеме од неа и фала богу ништо не ни се случило до сега . Надвор пијам секаква . И флаширана и нефлаширана .
Радо би да пијам домашна да не давам 200ден неделно за вода, ама... Пијам Ладна од големите галони во бпа пластика што се ставаат на диспанзер за вода, надвор најчесто зимам Пролом или Маја. Од водата од чешма си добивам камчиња во бубрези.
Дома пиеме сите од чешма, добра е водата. Кај некои роднини кога одам на гости, нивната вода ми е тешка, мириса на железо и сл. па не можам да ја пијам. А кога сме надвор пиеме флаширана.
Дома од чешма, надвор во метална флаша, си ја полнам секогаш пред излегување така да... секогаш од чешма. Инаку во последно време препремногу хлор ставаат во водата од чешма, одвратна ми е.
Сегде пијам од чешма, па дури и во странство(кај што се пие де) Не ми реагира стомакот на други води.Флаширана пијам само кога нема друга.Не ми се сфиѓа вкусот на флашираната вода.
4 години пиев само флаширана вода сега пијам од чешма филтрирана и може да се каже дека е подобра од бокалот а надвор флаширана