Од вода од чешма ме боли стомак. Само флаширана пијам. Не ми е битно дали е газирана или обична. Секаква пијам
Флаширана. Не знам дали зашто е стара зградата или во цело Скопје е така, ама многу чуден вкус ми има водата од чешма. Дури и кога ставам да се вари вода за чај или кафе, премногу е бела, многу хлор има. Секогаш чекам да превари за да испари хлорот.
Малце не е активна темава ама читав наназад, флаширана не чини, од чешма не чини, провриена не чини, во пластика не чини... Шо пиете и натаму а сте здрави? Ако можи одговори
Од чешма пиам. Боли ме курац дали била добра или не. Пари за вода не давам. А превриената не ми е убава, ми има чуден вкус, гаден.
И јас тоа се прашувам. Еден период летово водата од чешма стана за никаде, полна хлор и некој чуден мирис. Сега е во ред. Кога забележувам дека нешто не е во ред, пијам флаширана, инаку од чешма.
Абе курац нема да те заболи пошо го немаш, ама затоа желудник, бубрези, мочни канали, ако телото ти е склоно кон правење камени, и те како ќе те заболат. Ја иам ставено филтер систем на чешмата во кујна, водата може да биде скроз филтрирана, а може и со додаток на одредени минерали. На пола година се мењаат филтри, освен ако се уште е добра водата, мислам може подолго да се користат.
Користам флаширана вода. Никако да се нагодам да купеме филтер за вода. Искрено и не знам каков а да не кошта колку пола стан