Јас чувам рибички дома, некои многу осетливи, за да ги одржувам користам тестови за вода кои можат да се направат дома. Од чиста досада ја тестирав водата од чешмата за нитрити, нитрати и амонија. Водата во аквариумите, отстоена и филтрирана само преку сунгер, каде рибите какаат, и каде се распаѓа неизедената храна, излезе почиста од водата од чешмата Попрво ќе се наклепам од аквариумот отколку да се напијам од чешмата.
Ако има добра вода таму каде што живееш како кога живеев во Давос тогаш секако дека ке ја пијам таа од чешма , ама сега се преселив и овде водата е катастрофа. Топла е и бактериите си се сират низ неа без маки, така да принудена сум да пијам флаширана вода иако не ја сакам многу .
јас имав проблеми со стомакот како помала и пиев газирана вода (бидејки немаше флаширана негазирана) па подоцна се префрлив на негазирана флаширана, и еве веќе многу години не можам да се напијам вода од чешма. (дури и апче да треба да пијам нема да се напијам од чешма) :/ Навика мислам дека е тоа. Најубава вода ми е Роса!
Охридската вода од чешма ми е супер и ја пијам Но таа скопската никако! ич не ми е убава, затоа си земам цел пакет Роса или Јана. Но, за кафе или чај користам вода од чешма, бидејќи се вари.
Јас едвај се навикнав на флашираната, ама не ми се ризикуваше веќе со водата од чешма. Сега и да се напијам одвратна ми е, ми има некаков метален вкус. А од негазираните Горската ми беше убава, ама што знам, некако ми се смени вкусот, па си останав на Јана. А од чешма не пијам никогаш веќе. Невр.
Флаширана. Дома имам од оние апарати за вода, и ми доставуваат вода во галони па само таква пијам. А кога сум надвор обавезно купувам флаширана. Немам посебна марка само да не е од чешма. Во ресторан дури од страв да не ми ставатод чешма иако напоменувам да е фласирана , нарацувам газирана вода. Во Скопје водата е УЖАС!!!
Не сакам вода од чешма. Ми има чуден мирис и вкус..а пијам по две шишиња вода на ден. А и некои од флашираниве ми се грозни, пример Горска,Илина,Пелистерка. Преферирам Ладна или Роса. Е шо си е сигурно,сигурно си е.
Флаширана вода дефинитивно. Прво затоа што скопската вода е убава, питка, но е тврда вода, што значи дека има премногу минерали. Значи го зголемува ризикот од бубрежна калкулоза особено на тие со склоност, како мене. Дома пијам вода од апарат, а за надвор секогаш имам флаша од пола литро вода со мене. Дискусиите за и против немаат крај. Ако пред десетина години експертите препорачуваа флаширана вода, последниве години излегоа теории дека и флашираната вода може да е со сомнителен квалитет. Дури имаше афера за зараза со ешерихија. Понатаму за канцерогеност на пластичната амбалажа, зголемен пластичен отпад и сл. Сум за тоа секој да си процени што му одговара. Само ме нервира она - јас пијам само Евиан, ме разбирате.
Прилепскава вода, последниве месеци е катастрофа. Досега никогаш не сме се пожалиле (Прилеп важи за еден од градовите со најдобра вода за пиење), милина ми беше и по 2-3 чаши да излокам наеднаш, но сега веќе не може. Ем прехлорирана(5 минути и требаат да се стабилизира), ем мириса одвратно. Ми се чини не е во сите делови од градот ваква, но ете нас ни се трефна, а не знаеме во што е проблемот. Затоа и не ни се ризикува, па почнавме да купуваме шишиња. Изворска имаме моментално - добра е.
Се си има предности и слаби страни. Пред година дена почнав да пијам строго флаширана вода и тоа повеќе од пола година, као демек проверена, и се по ред тоа, се додека неколку нутриционисти не слушнав, за потоа и убаво да испитам дека воопшто не е добро да се пие вода која стои во место, односно во шише, па посебно лошо во пластика, прво, затоа што водата е жива материја и мора да се движи, а нејзина неприродна така да кажам ,,положба,, ја принудува да го менува распоредот на молекулите во неблагородна состојба, а со тоа добива карактеристики на ,,лоша,, вода, а за да биде квалитетна и корисна треба да биде истечена, фактички да се движи, , за да биде за нашиот организам она што треба да биде, а второ што пластиката во која стојат, се шири и собира постојано, на различни температура, и тоа не било воопшто добро за квалитетот на водата. Помеѓу двете зла, помало е она да се пие вода од чешма, којашто е истечена, секако пред тоа треба да е бактериолошки исправна, па после се друго.
^ Да да, и јас го знам ова за водата во пластични шишиња. Така и на вежбање кога одев, престанав истото шишенце да го носам фазла од 2 пати зашто почнуваше да мириса гадно и за ништо живо миризбата не излегува. Ама сепак, мислам дека додека се во продавница, онака спакувани како што треба, тоа со „тешката“ вода не важи. Можеби само откако еднаш ќе ја отвориш или по втор пат веќе го дополнуваш шишето. А бидејќи ние дома 4ца жедни луѓе - едно шише се празни во денот секако, така да.. нема никаков проблем со флашираната вода
Преферирам флаширана, која ми оди во пакет со секој алкохолен или безалкохолен пијалок. Дома најчесто пијам чај, секогаш имам сварено, а ако пијам вода тоа е директ од чешма, бидејки верувам дека е во ред, освен некои 3 пати во цела година кога ке снема вода па е отпосле со слаб интензитет, со црни точкички и ми е шубе ја одбегнувам.
Јас кога сум во Скопје пијам исклучиво флаширана вода. На почетокот на студирањето буквално првите денови пиев од чешма и ме фати стомачен вирус и оттогаш само флаширана кога сум во Скопје, еве веќе сум втора година на факултет и досега не се напив директно од чешма, освен ако не е за чај, кога е зовриена.
Вода од чешма. Можеби дека сум навикната на неа, па вкусот на флашираната воопшто не ми се допаѓа. Е сега кога одам во други градови, пијам флаширана.
Мене струшката вода ми е прекрасна од чешма... Незаменлива ми е во секој поглед. Дома никогаш не купуваме флаширана вода, сите си ја пиеме таа од чешма. Дури и кога одам некаде на пат, си полнам од водата од чешма... Флашираната ми е некако чудна по вкус, па ја пијам само кога ептен морам.
Чешма, златна чешма. Флаширана воопшто не сакам, прва работа воопшто не ми се допаѓа помислата да пијам вода од пластика а плус пари за вода ич не ми се даваат. Кога ептен мора исклучиво Ладна, најубава ми е. Плус оваа дома мачките ми ја пијат од чешма, штом они пијам значи добра е. Моја другарка има дома филтер за прочистување на водата и многу чуден вкус ми има водата, ептен без врска. Затоа саде од чешма. Во други градови, мислам надвор од Македонија, доколку познавам некој од луѓето таму и тие ми кажат дека водата од чешма може да се пие си ја пијам ако не флаширана. Да чукнам во дрво никогаш не сум имала проблеми заради вода па се надеваме тоа ќе остане така и во иднина.