Цел живот пиев вода од чешма,ама последниве 3 години почнав да пијам флаширана.Бев на лекар,ми најдоа песок во бубрезите, и докторката ми рече да ја заборавам водата од чешма зошто секој втор и доаѓал со песок во бубрези од тоа....сега не дека ич не пробувам ако немам моментално флаширана ама сепак претпочитам да е флаширана...
Во Штип ни е многу убава водата,па затоа и си пијам од чешма.Понекогаш знам да се напијам и флаширана но не ми е толку сладка како онаа од чешма.
И јас исто така пијам од чешма. Ептен кога сум жедна, а тоа најчесто е летно време, кога сум многу често жедна, си земам флаширана негазирана вода. Али тоа кога сум хиена.
Најчесто пијам од чешма. Флаширана само кога одам на тренинг па сум заборавила вода да си земам или во жешките летни денови кога немам вода покрај мене а умирам од жед. А водата од чешма ми е поубава. Флашираната ми е некако горчлива.
Дома од чешма, а на работа главно од апаратче за вода, мислам последнава година - откако го имаме апаратчето. Не дека е поубава, туку секогаш е ладна Не сакам флаширана, избегнувам пластика, ама кога сум излезена немам избор. Сепак, се мислам да купам некој филтер за вода.
Во последниве 3-4 години, пијам само флаширана вода, од причини што си имам проблем со желудникот-а водата од чешма е катастрофа
Само вода од чешма пијам. Некако водата од шише ми е мека, не ми се допаѓа, може да пијам таква вода само ако е грч ладна.
Последниве 2 години пијам флаширана , оваа од чешма е катастрофаааа, нон-стоп имав киселини (што никогаш сум немала????)и додека открив дека е од водата ехеее, сега вода од чешма кога пијам како шубе ми е .... с`кн
За оние што пијат флаширана вода - не се залажувајте дека е подобра од чешмовачата. Не знаете ниту пак претпоставувате како ги чуваат шишињата - а пластиката изложена на светлина испушта во водата (или што и да се чува во шишето) канцерогени материи од типот на БПА (бисфенол А) кои што се далеку поштетни од она што го содржи водата од чешма. Не велам дека водата од чешма е најисправна, ама има доста квалитетни филтри кои не се скапи и ви овозможуваат да пиете здрава вода. Освен тоа, со секојдневното исфрлање на пластични шишиња од флаширана вода повеќе придонесувате за загадувањето на планетата, а со тоа и уништувањето на природните ресурси за пивка вода.
Откако мажот ми помина низ многу бројни испитување и на крај го најдовме проблемот на неговите болки во желудникот се опремивме добро. Имаме дома апаратче за прочистување на водата, луѓе тоа е страшно кога го чистам ( а го чистам на секој два дена), да видите се што излегува од апаратчето мислам дека нема да ви текни никогаш да пробате вода од чешма не прочистена. Последниве месеци мажот ми купува и флаширана вода од Лидл па така кога оди на пат си носи од неа. Јас не пијам вода така да не може од една чаша да имам проблеми.
Водата од чешма кога ја првривав обавезно имаше талог, бел (бигор) на ѓезвето, а флашираната нема никогаш, невелам дека е 100% чиста, но е многу почиста од онаа во водоводните цевки, кои знаеме колку се пак чисти и кои содржат исто така многу канцерогени чуда - кога сме веќе кај тоа.... така да барем јас не се осмелувам да пијам веќе вода од чешма.
Неможеш да генерализираш затоа што во секој град водата е со различен квалитет. Вода пијам од чешма помината низ филтер или од стаклено шише. Порано пиев од пластични шишиња ама одкако видов репортажа за шетноста на супстанцијата бисфенол А која редовно ја има во пластичните шишиња избегнувам колку што можам. Кога сум на гости кај некој не правам драма ке се напијам една чаша вода инаку НЕ. Еве за оваа супстанција зборувам: http://en.wikipedia.org/wiki/Bisphenol_A ПС. сега видов и други феминки зборувале за оваа супстанција. Особено бремени жени не треба да пијат вода од пластично шише. Инаку ние дома имаме нешто вакво:
но ташната имам секогас мало шише добра вода од овие шо ги рекламират со вкус на бела праска или портокал
Од чешма не можам да ја пијам, ми има чуден вкус, до скоро ја пиев горската и јана, ама сеа земав еден бокал и ја прочистува таа од чешма , па се пие некако .
Флаширана. Си имам машинче со филтер. Имав проблеми со таа од чешма, плус откако се информирав повеќе пред некоја година дознав дека содржи шестовалентен хром кој е канцероген и не допирам од тогаш чешма. Ептен инцидентно ако нема друга опција.