Флаширана иако пластиката не е во ред, ама то је то. Таа од чешма не ја поднесувам неможам ниту голтка а дневно пијам многу вода... А стаклото е ок ама не се наоѓа баш. Сакам од Zepter апарат за прочистување на водата, ама скапи се малку повеќе
во ташната имам секогаш мало шише добра вода од овие шо ги рекламират со вкус на бела праска или портокал
Мене водата од чешма ми е најслатка, ништо неможе да ми ја замени. Флаширана пијам ептееен ретко, најчесто ако одам некаде на пат. Има некој чуден вкус.
Порано си пиев од чешма беше многу убава,слатка ама сега дека ја пуштаат од бунари морам да купувам вода од оние по 5л . горска , ама што и да е ја очекувам да ја поправат водата ( не да пуштаат од бунари ) за да почнам пак да си пиам од старата вода
Јас пијам флаширана вода, ПЕЛИСТЕРКА обична. Пред да се појави на пазарот пиев РОСА или ЛАДНА. Некако уште од мала пијам само флаширана, па сеа по навика.
Флаширана негазирана вода бидејќи секогаш кога од чешма ќе наполнам во чаша одма може да се примети песок црни каменчиња
Флаширана вода пијам и дома и надвор и на работа, значи насекаде буквално веќе со години наназад, а од чешма пијам само кога нема флаширана во моментот, се потрошила па немам моментално дома.
Јас пијам вода од чешма, таа флашираната ми е бљак. А ако сум излезена и ми се пие нешто купувам Добра вода праска или ѓумбир, таа можам да ја пијам
Јас овде во Бг ретко пијам од чешма,поради тоа што се познава дека е нечиста,ретко кога е ок,затоа повеќе флаширана,дома во Бт си ја обожавам од чешма,навикната сум,а во Ск кога одам не можам в уста да ја ставам водата (Како ќе се навикнам? Ќе треба само сок да пијам Или ваква флаширана,мора некако) Таква ми е блудкава да речам
3 години како не консумирам чешмовача, исклучиво само флаширана вода и тоа не неможам секаква да пијам зашто и кај нив има некој разлики. Најчесто Роса, Горска и Изворска.
Конзумирам вода од чешма, иако мислам дека флашираната е подобра т.е. почиста , но не ми се допаѓа многу. Кога не сум дома најчесто купувам Јана и Ладна вода.. и да, газирана не пијам.
Пиев од чешми се додека не добив бактерија и се напатив,сега пијам флаширана вода веке 6 години,најчесто од лидл евита мислам се вика,а убава ми е ладна,роса...