Знам дека прашањево не ми е за оваа тема, ама неможев да најдам друга тема. Дали можеби знаете нешто за тврда вода или бигорливоста на водата, ми треба за презентација,предности,задности,отстранување? Однапред благодарам.
И од таму и од таму. Ако имам пари кај мене, купувам и негазирана, но по брзо ми е од чешма -цак, гт гт, чао чао. 20 денари бек ту џеб.
Флаширана дефинитивно, немам некој посебен бред, дали е пелистерка,роса, јана сеедно. Али кога ќе се напијам од чешма, одма ја осеќам, и не ми е убава.
Секоја вода зависи до градот.. сега јас можам да кажам дека водава кај нас од чешма ми е убава.. сега кога ке отидам во ск обавезно си купувам флаширана... и во др град.. ретко купувам флаширана кога сум излезена и многу ми е се пие вода.. или пак кога водата од чешма не е чиста поради обилните дождови
Вода од чешма дефинитивно, другата ми е некако блуткава. Флаширана само во случај кога се мора, кога одам негде, а газираната вода ми е најодвратно нешто што постои за пиење, посебно тие со 1001 вкус, така да воопшто не ја пијам ...
Не знам како може водата од чешма на некој да не му е убава. Па вода е мајку му стара, не торта па дали ти се допаѓа или не. ОК, кај некои од купечките се осеќа некоја разлика ама Евиан на пр. е буквално иста, ама буквално со таа што ја пиеме од чешма. Јас пијам од чешма, обично од ВЦ зошто сум забележала дека ем има помалку хлор ем е поладна. Кога сум излезена си купувам, било каква зошто за мене вода си е вода. Знам луѓе што кога ќе отидат во друг град не можат да ја пијат водата, им се лоши. Јас никогаш сум немала таков проблем.
Пијам и од чешма и флаширана, зависи. Ама сум забележала дека флаширана вода можам да пијам со литри и пак да не ја згаснам жеддта, додека од чешма ми се доволни чаша-две за да згаснам жед. Не знам зошто е тоа така Како и да е, ние сме еден од ретките региони кој се уште има квалитетна вода за пиење (секако, зборувам за таканаречената „чешмовача“) Истата постојано се испитува и докажано е дека е здрава, т.е. одлична за пиење (ова директно од познаничка на мајка ми која работи во Водовод )
Порано локав вода од чешма и само од чешма. И ми допринесе за камењата во бубрези. Оттогаш, исклучиво негазирана флаширана Горска. Разлика нема, ама барем не ме пукаат паранои дека бигорот од водата од чешма ми се лепи за бубрези.
Зависи. Ако е чиста водата од чешма, тогаш пијам од чешма. Ако не е, пијам само негазирана, флаширана вода.
Зависи.Како ќе ми дојде,некогаш од чешма некогаш флаширана. Али морам да кажам дека во градов каде што живеам водата од чешма е доста добра,па можам да е пијам.За разлика кога сум во некој друг град: Охрид,Куманово,Скопје.Секогаш е пијам флаширана,значи воопшто не чинит таму водата. Инаку од флашираните најчесто пијам РОСА Некако најубава ми е А и ЈАНА не е лоша
Ке споделам едно искуство за водите,значи кога бев бремена пиев вода строго флаширана,ми се случи еден период да пијам од чешма,кога отидов на преглед обавезно ми ги прегледуваа и бубрезите и ми рекоа дека имам како песокче и ми препоралаа увин чај,не консумирав чај туку си продолжив флаширана вода да си пијам и наредниот преглед немав ништо во бубрезите,така да мислам дека сепак поквалитетна е флашираната вода за разлика од водата од чешма,ама ајде де пуста навика да се пие од чешма
Кај нас во СВН-то еден период се пие, еден период не се пие водата. Јас пијам од чешма и пу,пу жива и здрава сум. Инаку и кога не пиев донасавме од бунари мислам од пумпи пумпавме.