...од чешма...ама кога сум на одмор на некое приморско или приезерско место не ја пијам водата од чешма, купуваме флаширана
Пиеме флаширана вода, многу е грозна таа од цевките, како песок да пиеш се добива чувство. Вака барем сме сигурни дека е чиста,а освен тоа ми е далеку поубава на вкус.
Флаширана негазирана, затоа што штом секоја недела чешмата ми се затнува, тоа е вода што дефинитивно не треба да поминува низ мојот организам.
Вода од чешма дефинитивно. Онаа од шише има вкус на пластика и ја пијам само кога сум излезена а чувствувам жед. Секаде кај што сум била на одмор водата не се пие, така што кога ќе дојдам дома уште послатка ми станува. Ние сме едни од ретките држави што имаат пивка вода, па да фрлам пари секој ден да пијам флаширана вода како да имам стомак на новороденче ми е малку занесување.
Дома си пијам од чешма, поубава ми е водата, а за ќерка ми флаширана негазирана вода. На работа само флаширана, ама многу ми е грозна.
Флаширана негазирана вода. Моите не сакаат да пиеме од водата од чешма, многу е чудна, целата е бела. А за вкусот мене сите ми се исти...
Од чешма... Скопје имаме убава и пивка вода... И јас во Охрид не ја пијам пошто ми е чудна и пијам флаширана... Ама во Скопје и Крушево(пошто и тие имаат СОВРШЕНА ВОДА) од чешма
Што знам колку ни е убава водата во Скопје.. Ако ја оставиш во чаша час или два одма остава трага на чашата што едвај се мие после... Не сакам да замислам искрено што остава во моево тело...
Кај нас е многу чиста водата, ни трага ни ништо не остава... Јас бидејќи многу слабо пијам течност, посебно вода, полнам чаша да ми стои на биро да ме потсеќа да се напијам по една голтка на пола саат и не се познава ништо, чашата е како непипната...