па претпочитам да пијам флаширана..си купувам 5 литарска и си чувам во помали шишиња во фрижидер..а не ми смета и од чешма..
Дома од чешма, кога сум излезена флаширана. Во Скопје имаме колку толку почиста вода за разлика од другите (колку што знам) па така да немам проблем со тоа. Не му смета на мојот организам, пр. некои имаат стомачни болки од водата и слично, кај мене нема, значи добра е водата
Кога ќе сум дома пијам во ода чешма бидејќи ја имаме најубавата вода во цела Мајкедонија. Сепак ко ке сум во Скопје, пијам и од чешма и во шише. Од тие во шише, најповеќе пијам Добра вода (со портогалево капаче)средно газирана и со вкус на мандарина, избогатена со женшен и гуарава.
Можеби, не викам не. И кај мене порано не се правеше вака, сега во последно време е ужас Кој знае зошто
Jaс до лани си пиев од чешма али од оваа година од ххх причини почнав да конзумирам од чешма. Има разлика,не викам не. Флашираната вода е многу поблага од обичната,и има некако вкус,за разлика од таа од чешма. А сега ги пијам и двете типови на вода.
Флаширана негазирана иако понекогаш од чешма кога немам флаширана а за чиста на нашето подрачје чиста е водата за пиење.
Флаширана. Татко ми купува балон (мислам така се вика) Јана од 5 литра и секој си точи во посебно шише, освен него. Најчесто пијам Јана, или пак ако нема тоа тогаш Аква вива, Пелистерка или Вода вода. Многу сум осетлива на вкус на вода и никогаш нема да заборавам со каква гадост пиев вода во Египет на +50. Радо би да останам жедна отколку да пијам горчлива вода. Единствен случај кога пијам вода од чешма е ако сум излезена на кафе, па не ми се фрлаат дополнителни 50/70 денари на Роса, затоа што таа вода ми горчи премногу и уште пари да давам за неа. Или пак, има свежо миени садови па водата е истечена. Е тогаш веќе може.
Ние купувавме флаширана,иако бев против тоа маж ми упорен ја купуваше од што не можеше да го смисли хлорот во водата од чешма иако би рекла дека е пострашно тоа што го испушта пластичното шише. Веќе месец имаме филтер и можам да кажам дека е најдобро и најисплатливо нешто До сега ќе сме го купеле сто пати да не сме купувале флаширана
Едно време пиев флаширана и тоа само јас а после си продолжив обична и мислам дека нема поубава и послатка.. цел ден би пиела само вода
Обична вода од чешма.Знам дека не е баш најчиста и све тоа , ама немаме навика да купуваме флаширана. Ми се има случено на дното од чашата да забележам мали камчиња ( нешто слично на песок ) па затоа обично ја истекувам .
Флаширана негазирана вода. Некое подогло време пиеме,бидејќи водата од чешмата е многу нечиста и неколку пати иам забележано како остатоци,делчиња во водата.