Од чешма си пијам, порано земавме од тие боците по 5,6 кила , но престанавме. Јас пијам по многу вода 2кг дневно обавезно и требаше секоја ден вода да се купува. Нема смисла
Ние веќе трета година користиме флаширана вода,откако на мајка ми и се појавија некои проблеми со стомакот. Јас лично мислам дека е подобра од таа од чешма. На почетокот купувавме различни видови води,ама сега само ладна. Некако највеќе ни одговара.
кај мене дома си пиев од Чесма вода,бидејки ни бесе од еден многу голем извор кој бесе добра водата(испитувана) а сета тука пијам од сисе
Од чешма... Незнам зошто, но флашираната некако ми има некој вкус :? Освен Роса, некако ја поднесувам, ама другите неможам. Ах, кој проблем ми е водата кога ќе отидам надвор од Скопјево... Сепак, навика е на некој начин
Според сета гнасотија што излегува , очигледно е што треба да се пие. Флаширана пијам веќе добри 5 години.
Чешма. Воопшто не сакам флаширана вода, секогаш има некој чуден вкус. Плус во пластика се чува, а имам трауми од тоа. Едно време ми се допаѓаа тие со вкусови, мислам на Јана беа. Се додека, еднаш не купив шише со онаа со портокал и малку вода ми останала. Шишето беше на сонце, и по некој саат таа малку вода што беше останата имаше една највештачка портокалова боја и ужасен мирис. Од тогаш ја немам купено, а не ни планирам. Кога морам да купам надвор вода секогаш одам на Ладна. Порано кога патував секогаш купував, ама сега прво пробувам и никогаш не ми се случило да имам проблеми. Пред некое време кога бевме во Грциј сите драматизираа дека водата никако не се пие, за после да излезе дека водата во градчето доаѓа од планините во близина и е неверојанто чиста. Чешма, златна чешма е за мене, посебно затоа што и кога се туширам ми е интересно вода да пијам.
флаширана > од чешма, али сепак пијам вода наполната од извор, оваа од чешма последно коа пиев ми мириса мн на апчиња или риби бљак ://
10 години бев само на флаширана, но сега докторите ми рекоа никако флаштирана поточно од пластика ништо, не сум толку стручна но покачува ниво на некои хормони во телото секако неприродно и може да дојде до не сакани последици. И водата од чешма си е своја приказна но подобро таа одколку флаширана во пластика. Да скратам сега пијам превриена вода од чешма и ја ставам во стакло. Најдобра варијанта би била планинска изворска вода сладирана во стакло и секако колку што е можно посвежа.
До пред неколку дена пиев флафирана, поради поплавите во нашиот регион беше забрането да се пие вода од чешма.. Си пиев од чешма зашто е сепак поздраво, а флашираната вода ми има поубав вкус..