Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Флеки и дупчиња од акни на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од ev4e, 30 ноември 2009.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мисли од нови мозолчиња, нови флеки.Не на исчезнатите. :)
     
    На FortuneTeller.xD и Beauchamp им се допаѓа ова.
  2. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    ^ Aaa, така, така, сфатив. :D
    Некогаш сум стварно ретардирана. :$

    И да не бидам оф топик, го има ова уште во каталогот на Авон?
     
  3. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Го има сега во тековниот 300 денари е,а во наредниот ќе биде 260 :)
    Ако не ти се брза земи го во наредниот по пониска цена ;)
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    AIROL да не беше таа крема мислам никогаш немаше да ми исчезнат флеките . Ја има во аптеките . Не се користи секојдневно само по потреба бидејќи го суши лицето до лупење и со тоа се губат и флеките и маснотиите за создавање нови акни. Од лично искуство само неа ја препорачувам а пробав се што ќе најдев....
     
  5. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    Ако може да ми кажеш колку пари е и дали ја има во сите аптеки,поточно од каде точно сте ја купиле...фала ви... :D
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Да ве прашам, дали флеките од акни се повлекуваат со користење кантарионово масло? Имам неколку точки (флеки од акни) на образот, не се забележуваат многу ама ми сметаат. Една другарка ми рече дека и исчезнале со кантарионово масло.
    Anyone? :?:
     
  7. kuklicka

    kuklicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    9
    airol?? така се вика кремата? колку пари ја зеде? на цело лице ја ставаше?
     
  8. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ова го пронајдов на еден сајт, се надевам ке ви помогне и ке ви биде од корист.

    Денес ќе ви покажеме како сами да го направите лекот за проширени пори и конечно да заборавите на овој непријатен козметички проблем! Станува збор за домашна маска од природни продукти која лесно се прави и која докажано има ефект и дава добри резултати.
    Што ви е потребно за приготвување на маската:
    1 супена лажица ливадски мед,
    ½ филџан топло полномаслено млеко,
    4 супени лажици пченично брашно,
    1 супена лажица маслиново масло,
    3 капки етерично масло од лимон.
    Сите продукти се мешаат заедно во стаклен сад се додека не се добие добро изедначена смеса – ако има потреба додадете уште малку од маслиновото масло.
    Лицето треба најпрво да го измиете со нежен, неагресивен течен сапун и да биде суво кога ќе ја аплицирате маската. Оставете да делува половина час и на крај измијте со млака вода. Оставете лицето природно да се исуши. Најдобро е да не нанесувате ништо, но ако кожата ви е сува нанесете само лесен хидратантен крем.
    Не се препорачува тешка шминка, коректор и пудра месец дена додека трае терапијата. Маската се аплицира два пати седмично навечер пред легнување. Ако се придржувате кон наведеното упатство проблемот ќе биде решен во рекордно време.
     
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас не сум слушнала за ова,ама пробај,во секој случај нема да ти наштети.
    И нема врска тоа другарка ти што ти рекла,затоа што кај секого различно делува. :)
    Така да,пробај ништо нема да изгубиш.
    Јас користев и можеби малку ми се исчисти лицето,ама не е некоја голема промена.А за флеки на лицето,мислам дека не помага.
     
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Јас малку со поинаков проблем. :?:
    Имав брадавица на лицето, веднаш под устата и бев на кожен да ја изгорам, беше како точка, мала, ама како што ми ја изгореа ми се направи дупка (дупло поголема)

    Плачењето и самосожалувањето пред огледало нема да ми помогне, но немам чаре.
    Очајно барам некаков лек.

    Моментално ставам јод, заради раната, така ми кажаа, но покасно не знам што да направам

    Се извинувам ако е оф-топик, преместете го мислењето ако е потребно
     
  11. Many-maki

    Many-maki Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Jас во 7 одд бев на дерматолог и ми препорачаа крема од бугарија имав многу бубалици целата бев црвена...кога ја земав кремата ставив наутро а бев втора смена на училиште кога отидов на училиште ми го снема црвенилото и поголемите акни веднаш ми се повлекоа...ја користев само 3 месеци...акни немам но имам неколку флеки...и многу мали дупчиња на образите но не се многу...сега имам 18год и пак бев на дерматолог за да ми даде нешто за флеките и тој пак ми ја даде истата крема но немам многу резултати не ми ги чисти флеките...но оние кои што имаат проблем со акни кремата се вика Acnе Out има и лосион со неа и заедно чинат околи 1000 ден...јас не сум од скопје така да не знам кај да ја најдете а во Kуманово ја најдов ја има само во една аптека...во бугарија чини околу 10 евра.....а сега ве молам помогнете ми за флеките...темни ми се ги имам во делот на брадата и образите ...не се многу страшни но ги мразааам....кожата ми е комбинирана на некои предели ми е сува на некои масна на некои нормална :D се двоумам за кремите LALA ,здраве и таа со овошна киселина ве молам помогнете !
     
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не се секрај иако ти изгледа како огромна дупка сега, самата кожа ке си направи сврзно ткиво и ќе се регенерира. А потоа можеби ќе ти остане флека ама зависи како ќе ја третираш. Важно е додека е "тазе" да ја мачкаш со препарати. Најдобро ќе биде докторот кај што си одела да ти препорача нешто, ама не се секирај има толку многу препарати и ако си упорна нема да ти се познава. Мене за флека од изгорено ми има помогнато кантарионово масло ( се става цвет од жолт кантарион во масло и се става 40 дена на сонце) и една кремичка од докторс со магданос за избелување флеки.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    На кој дерматолог беше и каде? Имам слушнато за таа крема на многумина им помогнала, ама прво сакам да одам на дерматолог :)
     
  14. Many-maki

    Many-maki Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    ја сум од Kуманово така да во Kуманово бев...др-Биљана Гулинац....а кремата навистина помага....и на многу мои другарки им помогна
     
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Сакам да го земам кремот но се овде од Струмица да го купам, се плашам да не биде некој фалш :)
     
  16. Many-maki

    Many-maki Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Мене искрено многу ми помогна....но сепак најдобро би било да си одиш на дерматолог ,тој најубаво ке ти каже што да користиш....Но кремата многу помага...и не се става на целото лице бидејќи ке ти се лупи лицето...само таму кај што имаш акни.....
     
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    имам скоро секаде, имам 17 год можам да ја користам значи? Иначе да на дерматолог имам у план да одам ама сакам да ја пробам пред тоа кремата..
     
  18. Many-maki

    Many-maki Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Да да,можеш да ја користиш,јас ја користев кога бев 7 одд.....и уште ја користам кога ке ми се појави некоја акна ...
     
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Ахам, многу фала за се што ми одговори. Ќе пробам наскоро, лицето ми е стварно катастрофа, премногу акни и разноразни брунчиња ми избијаа. Се надевам дека и мене ќе ми помогне. :*
     
  20. CrvenoJagotce

    CrvenoJagotce Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Акни

    Здраво ! Сакам да ве прашам дали имате користено некакво препарати против лузни од акни бидејки имам многу акни во пределот кај брадата и на вратот и без да ги чепкам ми остануваат црвени дамки ! Ако знаете за нешто пишетеми ! ФАла од напред!