Јас имав неколку флеки од акни на лицето (како црвени точки, не дупки), ја користев здравето. Не мислев дека ќе има некои ефекти, ама ете така клавав. Незнам дали и сонцето беше фактор кој помогна, ама ете од кога заврши летото ми исчезнаа. Воопшто не се познаваат сега. Користете ја здраве, веројатно од неа ми исчезнаа.
Јас користам сега Контратубекс не знам дали имате слушнато..многу го фалат ама требало да помини година за да ти се исчисти! Ако заприметам подобрување ке ви кажам да го користите !
Кога ми е циклус ми се појавуваат неколку големи акни на лицето што страшно ме иритираат. Порано флеката од акната ми поминуваше се до следниот циклус, но сега користам ЛАЛА крем и ставам врз акната и побрзо ми мине, за недела ипол и флеката исто како ништо да сум немала..
Како до чисто лице? дали некоја од вас знае нешто против флеките што остануваат после мозолчињата?? се правам ама многу флеки имам ! помошш
Како до чисто лице? Пробај со сода бикарбона, стави ја на лицето како маска да отстои 3-4 минути а после извади ја со масирање и ќе ти дојде како пилинг. Исто помагаат и доматот, морковот и лимонот.
јас ја користев и не сум задоволна од неа.. кај мене немаше резултати.. за флеки мене многу ми помогна лимонот
Од бубулиците ми останаа некои флеки на лицето...па ве молам ако некој знае како можам да се ослободам од нив да ми каже...Благодарам однапред!!!
Каква крема за лице користите? девојки дали имате слушнато за кремчето Лала? и некое искуство да споделите? ми го пофалија дека било убо
Каква крема за лице користите? да ви кажам искрено, мене ич не ми е убав Лала кремот, ни нокен ни дневен, затоа што ама никако не делува ни на пеги ни на флеки, (а токму против пеги и флеки е, таа намената му е) не еднаш сум ги зела, и да речам сум се излажала, и зошто? само зашто се преевтини. НЕ. Мирисаат на оние бугарските парфеми на ружа. Одсекогаш ги фалат, и мајка ми ептен онака била задоволна, со долга традиција се, но не е тоа што било, сосема е изменета формулата... ако има некој спротивно искуство ок...
И јас го користев кремот Лала два три дена али ми се исфрлаше лицево и престанав да ја користам и сеа така ми стојат две цели кутивчиња Мене многу ми помогна Павловичевата за флеки , акни и такви некои работи али онаа оригинал што е
Имаше рецепти со лимон и сок од лимон за проширени пори. Велат дека тоа помагало. Растражи се по интернетов и провери си
Мислиш на оригиналната павличева што е ???/онаадр павловичевик што пишува на неа бела округла кутивка со портокалово светла боја на капаче некаде околу 220 денари ?????????????