Колку пари е дермоабразијата и тој новиот третман што ќе ти го прават. ПС: и кој козметичар го посетуваш?
Пиша дека е на дерматолог а не козметичар. мислам дека се работи за нина. а цените со до 1000че, поскапи не се. За флеки и лузни земете си ја оваа крема за лузни што не се силни, не се стари. По препорака од дерматолог е. Или ако имате појаки лузни, и постари , барајте келокот. незнам колку пати го пишав ова, ама изгледа никој не чита
Има во други постови девеојчето пишано дека оди во ДермаПлус во Аеродром. Јас лично не би се нафатила да правам тешки пилинзи на лице затоа што често може да се добие спротивен ефект. А послабите хемиски пилинзи, што во принцип се на овошни киселини, се само за освежување на лицето, а дека со нив ќе се изгубат лузните од акни тоа тешко. Јас користам kelo-cote, а за ефекти ќе видиме после најмалку 3 месеци, затоа што не постои магично стапче што преку ноќ ќе ги избрише лузните.
Како до чисто лице? јас немам многу акни, ама имам црвени точки, тоа се флеки, ве молам препорачајте ми некој крем за флеки, имам слушнато за леа и за лала, кој е подобар кој да го земам? иначе го имам користено тој на докторс од магданос, не ми помогна, и сега не знам што да правам, без пудра неможам да излезам денски, многуу се нервирам...
Како до чисто лице? За флеки и лузни најдобро се покажал епителиалот. Ако немаш многу големи флеки, земи си го. Го има во сите аптеки. Мене ми го препорача дерматологот.
Како до чисто лице? simoncelicius, а епителиалот крем ли е или? и колку пари е? иначе рири, и јас имам мрсна кожа имам и црнки, јас ги вадам со помош на ленти, а понекогаш ги стискам на пареа, и после некое време пак излеваат, за нив баш и нема спас, барем не досега...
Како до чисто лице? Еве го како изгледа Цената од 800 до 1000 зависи каде ке го купиш. Може ти делува мало, ама помага навистина, а може да се користи и за тело и за лице Ако не те мрзи побарај низ темава имам пишувано неколку пати за него. Ако ти се појаки лузните, и постари треба пред него да користиш третионин- авен триакнеал кремче, за да ти го исфрли површинскиот слој клетки па да може оваа за флеки да делува дирекно на флеката
овој многу скап, а не сум користила ни третионин, не знам што да правам, само знам дека моите не ми дозволуваат да ставам ништо на лицето, зашто сум ставала мн.работи, и вистина е, и пак не ми помогнаа до крај, ќе поминало, период било, само тоа ми го викаат, а никој не знае како се чувствувам. иначе моите флеќи не се многу ептен приметливи, би сакала прво да пробам природно, имам слушнато за лимон со бадемово масло? знае ли некој, доколку не ми помогне ова, ќе пробам со кремот...
simoncelius, го имам користено сона кремот, ќе пробам сега со овој крем, и онака нема друго решение. мила 7, јас имам ставено само лимон, помогна ама не целосно.
Како да се справам со бубулициве? Како да се справам со флеките од акните а и како да се спречам да се направи флека од анка ?? Ви благодарам
Како до чисто лице? Против флеки од акни Но може и на акни да се нанесува : 1 суперна лажичка мед 1 кафена цимет 1 кафена лимон и 5,6 капки прополис Сето тоа го мачкате на зафатените места секогаш кога сте во можност но најдобро е навечер и во кревет да идете намачкани :up: :up: :up:
Еве ви една крема антибиотик е ама ја нема кај нас, само во Турција, чини 10 евра, можете да порачате од оние агенциите преку кои одат автобусите за Турција, да им платите на шоферите па да ви ја донесат.Иначе мене многу ми помина за една недела стакло ми се направи лицето, кремата се вика Imex антибиотик е и за флеки и за се е ептен е ефикасна на сите ја имам препорачано, до сега им има помогнато, вреди да се купи, па ако некој случајно ја купи и почне да ја користи, нека ми пише, ама верувајте дека и јас имам се и сешто користено, ништо ми нема помогнато, освен оваа крема. http://www.sacimtedavisi.com/bakim-urun ... nilir.html еве ви слика како изгледа кремата.
јас го користам кремот веке една недела мачкам 2-3 пати дневно но нема поголеми резултати.малце ми ја суши кожата но поголемите акни не,а ми се појавуваат и нови.не знам дали да продолжам да ја користам или како правилно да ја употребувам
Видов во коментарите поназад имаа пишувано за Лала крема дека помага, да ми каже некоја колку чини и дали навистина има ефекти ?
Продолжи да ја користиш, ставај ја на местата каде што имаш акни. Јас ја користам 3-4 месеца и можам да кажам дека има резултати, ќе ти се појавуваат нови на почетокот и после или нема да ти се појавуваат или ќе ти се појавуваат многу ретко битно да не се откажуваш.