Дали знаете од колку саат работи ординацијата Медикоз на др. Николина? Цело сабајле вртам никој не ми крева...или пак имам погрешен број...Некој што бил да ми помогне?
Јас како што знам почнува да работи од 10:00h, пробај пак ѕвони, биди упорна Спојлер бројот е 02 3131386
Помага и има ефекти ама треба да се користи на подолго време, барем моето искуство беше тоа. Имав многу флеки по челото и потребни ми беа две кутивчиња за да избледат. Многу е мрсна кремата, ако имаш кожа склона кон мастење, внимавај си. Ефтина е кремата, ја има низ аптеките.
love86 јас кога одев кај николина 3 год ми се направија дупчиња и флеки ,премногу се разочарав и потоа отидов кај коста цветкович дермаплус..е сега лицето ми беше катастрофа и ми дадоа да пијам терапија ракутан и ми прават третмни прво дермоабразија потоа со дермапен да ти кажам сега ми е 70% средено..имам уште 1 месец од терапијата...навечер ставам еуцерин дермопурифер исто и преку ден само со заштитен фактор...сега зависи од твоите дупчиња колку се длабоки т.е сето тоа зависи од многу работи
јас имам дупче на носот, тоа од кога бев мала се створи незнам како (мајка ми вика од сипаница кога имав било ама незнам) и кога се тргна брунката остана како дупче(буквално вдлабнатина) и сега незмам како да го поправам, не е големо ама се познава и незнам како да го поправам
Лимонот бил многу корисен за флеки на лице.. Ги отстранувал флеките и давал сјај и убав тен на кожата на лицето, така да пробајте и вие, ништо не губите И малку трпеливост, секако.. Резултатите се видливи по 6-8 недели, ако 2 пати дневно го миете лицето со сок од лимон Исто така и зелениот чај бил многу корисен за одстранување на пеги и флеки
девојки ја читам цела оваа тема некако неможам конкретен одговор што ке помогне.. јас имам мали дупчиња(не мн. воочливи) ама сакам да ги отстранам пробав се микродермоабразија некој пилинзи контратубекс , скинорен, маска од лимон и квасец и ништо .. може ли некој искрено да ми каже што вистински ке ми помогне??? плс хелп
Зарем дерматологот не ти препорача Келокот или Епителиал? Обично откако ќе се почнат третманиве следуваат овие креми. Кај кој дерматолог одиш?
Moze so limon trij limon na liceto okolu 10 tina minuti i 5-10 minuti ostavi go da se isusi potoa izmij se Zejtinliva treva oomg ovaa premnogu mi pomogna,mi go iscisti celo lice,i jas kako tebe barav sekakvi domasni lekovi ama nisto ne mi pomogna,samo ZEJTINLIVA TREVA! soda bikarbona so malku voda i sok od limon trij na flekata i ke ti se iscisti,ovaa go nemam probano, NAJSIGURNO TI E DA SI ODIS NA DERMATOLOG I TOJ KE TI DADE,VAKA OD NASI SOVETI USTE POVEKE KE SI GO UNISTIS LICETO,ILI POJDI VO APTEKA I ZEMI LALA KREM I TOJ POMAGA! [mod-kirilicammmrpys][/mod-kirilicammmrpys]
Мајка ми имаше флеки и што не проба, ништо не и помогна.Сега најдовме една жена која прави креми и стакло и стана лицето, а ти ефтинко е.Ако сакаш пиши ми лп ќе ти дадам бројче.
Не би ти препорачала третман со ласер затоа што е многу агресивен и прилично скап.Може да пробаш со дермаролер или дермапен, многу ефикасен а не толку скап третман.Пиши ако сакаш ке ти кажам каде ги правев третманита
ketrin и мене ме интересира каков ефект имаш од дермапен ако си правела зошто сега и јас за 1 недела ке правам..па кажи дали те болеше...