Дали некој има правено третман со фракционен цо2 ласер? Читав на нет дека е доста ефикасен, а и прилично скап. Кај нас само за во систина знам дека се прави, и мислам дека е на попуст до крајов на месецов. Ако имате некакво инфо, пишете...
Девојки дали дерматологот Николина која што се наоѓаше во Дебар Маало е префрлена некаде? Може бројче за контакт од неа?
Дали кремата Здраве помага во отстранување на флеки од акни и бубулици освен што помога во побрзо исчезнување на акни/бубулици?
Не срцка ... Еве ме мене 7 дена ја користам и овие на брадава бубулициве не изчезнуваат а флеки ми останаа... Јас секоја ноќ ја користам и имам забележано само дека кожава ми е мека бубулиците одма ги суши а за флеки не реагира ...
. Се мислам дали да ја купам, му искочи една голема поткожна бубулица и тоа на горниот дел од носот помеѓу очите. Дали побрзо ќе созрее и гнојо ќе искочи на површина?
Нова сум на форумов јас не ја знам таа од скопје дерматолог ама можам да ви кажам дека не е се во цената сега јас зедов крема што чинеше 2500ден. А не ми помогна скоро ич
Денес правев третман дермапен за прв пат и дерматологот ми ја препиша кремата Сона...дали некој ја користел и како сте задоволни...и колку чини отприлика? А за резултати од дермапенот ќе пишам понатака
@agirl17 350 денари е кремата. Јас и сестра ми ја користевме. Јас не бев многу задоволна, но нејзе и беше супер. Значи кај секого различно. Не знам дали ти напоменал дерматологот, кремата се става исклучиво навечер и не се користи во лето. Задолжително да си земеш и добар хидратантен крем за преку ден, затоа што Соната многу ја суши кожата.
@Nade-sunrise фала ти за одговорот, а на сестра ти конкретно за лузнички и помогна или? Пошто читав некаде дека и за акни се користела...Инаку да дерматологот ми напомна, и исто ми рече дека не се става на цело лице туку само на проблематичните делови, а не мора ни секој ден, најдобро е секој втор ден. Ќе ја пробам и јас па ќе кажам дали е добра
@agirl17 Јас колку што знам Соната нема ама баш никакво дејство врз лузните. Се користи за лечење на акни. Прочитај го упатството, убаво си пишува внатре како делува.
братучедка моја има исто проблеми со мрсна кожа и излегуваат акни на лицето...нешто да предложите крема...?
Хмм најверојатно јас погрешно го сфатив докторот, пошто ми рече да ја мачкам на проблематичните делови, па не го разбрав дали мисли на акните или лузните. Инаку немам многу акни, само на левиот образ ми се јавуваат повремено, но проблемот е што кога и да се појават остануваат со месеци и што и да им ставам, без разлика дали ќе ги стиснам или ништо нема да правам, на тоа место останува дупка Почнав да одам на третман за дупчињата, ама џабе ми е тоа ако после секоја можна акна на лицето останува лузна....
Мене многу ме боли третманот со дермапен, и се нервирам што треба многу време за резултати. Ја правев само на челото со 1 и многу ме болеше, не па 1,5 Ако има некакви подобрувања ќе направам апдејт.
Кај кој дерматолог правеше дермапен? И колку време ти рекоа дека треба да помине за да има барем минимални резултати? Јас правев пред околу 25 дена и не ме болеше, ама нема ни никакви подобрувања
Во дерма плус, ама третманот ми го правеше синот. Па ми рекоа после месец дена нареден третман, а повидливи резултати после вториот третман, не првиот. Ама кај мене не се она баш класични длабоки лузни, туку само помалечки дупчиња со проширени пори. Не ми е јасно како не те болеше, изгледа мене анестетикот не ми делуваше, пошто не можев да издржам солзи ми течеа буквално. Ти каде го правеше?
И јас го правев во дермаплус, и мене синот ме правеше не докторот Сега нареднава недела ке правам втор третман, па се надевам ќе има резултати А инаку мене не ме болеше, само малце како скокоткање, најмногу на левиот образ и слепоочниците ме правеше пошто таму имам дупчиња, а заприметив на челото кога помина накратко со тоа пенкалото повеќе ме болеше, таму кожата е најтенка и најнежна.Ајде за убавина ќе истрпиме А инаку кога ќе одам наредно ќе барам докторот да ме прави, овај син му не знам баш колку е обучен, не ми изгледа како многу да се разбира од работата, цело време излегуваше наваму натаму, ја прашуваше сестрата што да ми стави на лице, што да прави наредно и сл. А да не знае некој случајно во други ординации кај прават дермапен?
Па синот има дипломирано на медицина сега скоро мислам. Можеш да си побараш и докторот секако. Инаку се прави и во дерма медика, таму и фраксел ласер се користи исто за лузни, ама не ми биле некои длабоки па да се замарам толку, а и ја пошто само на челото имам ми одговара цената како парцијална (не за цело лице). Ќе го сликнам лицето од близу за месец, па за два па ќе видам дали ќе има разлика. Се надевам да :/
Мислиш на ласер со фракционен јаглерод диоксид? Сум читала дека е ефикасен тој третман, да не знае некој колку чини? Инаку дермапен е 2000 денари, и мене ми рекоа дека 3 треба да се направат, па сепак мислам не е премногу скапо ако дава ефекти се исплати... Инаку во дермаплус ми спомнаа уште еден третман со тромбоцити, тој бил за подлабоки лузни.
A dali nekoj znae lek za kafeni fleki nekoj krem ili bilo so gi imam jas nekoe vreme ama sega pocnaaa da mu se javuvaat na deteto a ima i edna na lice i dali kremot neoviderm bi bil efikasen