1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Флеки и дупчиња од акни на лицето

Дискусија во 'Лице' започната од ev4e, 30 ноември 2009.

  1. anebaby

    anebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    110
    здраво женски...јас правев дерма пен кај доктор Коста во Дерма Плус пред 9 месеци...одев редовно 5 месеци со тоа што последниот пат ми правеше друг третман со крв од вена....премногу сум задоволна, веке 3-4 месеци немам ни една лузна од акна...препорака до сите да го посетите демра плус, но стрикно да го барате докторот Коста, а не син му :)
    позз до сите
     
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Мислиш на ПРП третманот? И јас одев кај доктор Коста за дерма пен, па сакав и прп третманот да го пробам. На интернет има многу позитивни рецензии за прп третманите со сопствена крвна плазма во странство. Мислам дека ќе ми го освежи лицето.
    Може да ми кажеш какви промени имаше кај тебе? И која е цената?
    Во Дента Ес - Кисела Вода го работат истово, и е околу 21000 со тоа што повремено имаат и по некој попуст. Би го правела таму, кај доктор Светлана или доктор Коста Цветковиќ.
    :)
     
  3. anebaby

    anebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    110
    Кај д-р Коста беше 5000 ден со попуст.... промените се фантастични со тоа што ги сменува лузните од акни значи дупчињата....за брчки се доплаќа 3000 ден, мислам и тоа да го направам барем само на челото, затоа што премногу сум задоволна...е сега, црвенило ќе имаш една недела ама тоа поминува :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimi 29

    mimi 29 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski nova sum vo forumov me interesira dali nekoj znae za kafeni fleki gi imam odamna i nesto so bi mozelo da se koristi i za dete nekoja mast krema bilo so
     
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас бев три пати кај д-р Коста, правев дермапен, тој ми го предложи и ПРП третманот со тоа што ми рече дека цената на третманот е 4 000 денари, а се доплаќа 1 000 (или 2 000 плус, не се сеќавам точно) за комбиниран третман дермапен со ПРП, не сфатив точно баш...А тие попустите што ги рекламира по интернети не се вистина да знаете, оригиналната цена им е таа, само си прави реклама на тој начин.
    Од дермапенот иначе не сум задоволна, резултатите се минимални (да не речам никакви :(). Можеби проблемот е во мојата кожа не велам не, може лузните ми се подлабоки и постари, ама од д-р Коста не сум задоволна. Прво нешто што јас го забележав е дека НЕ обрнува внимание на пациентите, барем во мојот случај, гледа само пари да си земе, второ од три третмани што ги правев, само еден третман ми правеше тој, вториот, и тоа третманот траеше прекратко пошто во истовремено во другата соба имаше друга пациентка за дермапен и гледаше што побрзо да заврши. Едниот пат ме правеше син му, и последнот пат ме правеше сестрата. Од нив не сум задоволна, сепак јас плаќам за докторот да ми прави третман, а не кој ќе стигне.
    Од септември можеби ќе направам уште 1-2 третмани, но не во ДермаПлус. Ако знае некој кај прават дермапен и која е цената нека пише :)
     
  6. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    јас мислам каде и да ти прават третман со дермпен на др место ако не си имала резулатат кај него исто ке биде и ан др место ...се зависи до кожата ....
     
  7. mkdpp

    mkdpp Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Здраво.. Сакам да ве прашаѓ дали некој има пробано со ласерот во систина кај андреј петров и дали има ефект. Ако знаете ве молам споделете искуства ?
     
  8. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    @presiosaP како напредуваш со третманите? Резултати видливи има?
     
  9. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    бев малку на пауза па сега ке почнам активно со третманите ...па ке ти пишам искуство мила.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    ја најде ли оваа докторка и дали си задоволна?
     
  11. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Во близина на Капитол е, иначе другарка моја беше кај неа и задоволна е од терапијата, и се исчистило лицето и не и се појавувале нови акни, а тие што ги имала и се повлекле. :) Јас допрва планирам да ја посетам, во текот на следнава недела па ќе ти пренесам мое лично искуство :)))
     
  12. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Закажано ми е за утре (среда). Очекувам само преглед за 300 ден.валда. Јас имам проблем со суви места на лицето, па ке видиме...
     
  13. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Да прегледот е 300. Сигурно за некој одреден период ќе забележиш подобрување, сум слушала повеќе искуства, позитивни од кај оваа докторка. Кажи ни како ќе поминеш и дали ќе има подобрување. :)
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, сакам со вас да споделам еден навистина ефикасен третман во избелување на дамките и флеките од лицето кој има огромен резултат. Станува збор за третман со витамин Ц. Пријатно читање.

    Најефикасен и најефтин третман за избелување на дамки на кожата


    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    во една од минатите статии говорев за природните состојки кои помагаат во избелувањето на дамките на кожата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/04/blog-post_49.html. Денес сакам да говорам подетално за една од тие состојки, односно витаминот Ц, и да ви предложам еден фантастичен третман кој дава неверојатни резултати, не само како избелувач на флеките (без разлика дали се од сонцето или флеки пост акни), туку и како анти ејџ третман со оглед на тоа што витаминот Ц има способност да го регенерира ткивото и да го помогне обновувањето на клетките. Резултатите од овој вид на третман се видливи веќе по неколку апликаци.

    Витаминот Ц е многу моќен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали, а со тоа го спречува и предвременото стареење на кожата. Го стимулира производството на колаген, ги намалува црвенилата и иритациите на кожата, одлично ги избелува дамките на лицето и го изедначува тенот на кожата. Во денешни услови на живот со стрес, смог и лош начин на исхрана, овој витамин и те како е од огромна важност не само за нашиот организам (внесен орално), туку и за нашата кожа (користен локално).

    [​IMG]

    Овој третман го имам веќе пробано пред неколку години и најискрено веќе подолго време се мислев дали да ви го предложам или не, со оглед на тоа што витаминот Ц тешко се наоѓа кај нас во онаа форма во која јас го користев (чист во прав), меѓутоа со оглед на тоа што со малку пари добивате фантастични резултати во третманите на флеки и лузнички на кожата, не можев а да не споделам со сите вас нешто олку едноставно а сепак многу моќно. Токму затоа се решив да експериментирам со сите видови на витамин Ц кои се достапни кај нас и да ви кажам какви резултати добивате.

    Најнапред само едно појаснување: станува сепак збор за киселина со која треба да бидеме навистина внимателни. Во третманите со витамин Ц важи правилото помалку е повеќе, затоа што различно реагира кај сите видови на кожа. Меѓутоа како што ќе ве водам во статијава за третманот, секако ќе ви кажам и како да ја бирате дозата во зависност од вашиот вид на кожа, а секако после самите вие во зависност од ефектот кој го дава лично кај вас ќе си ја одредите вистинската доза која одговара токму за вашиот тип на кожа.

    Витаминот Ц (ascorbic acid) е многу нестабилен како состојка и во контакт со воздух, светлина итн. навистина многу брзо оксидира и го губи дејството. Негова постабилна варијанта која обично се користи во производите за нега на лицето е Ascorbyl palmitate. Како што веќе напоменав направив проба со разни форми на витaмин Ц кои лесно може да се најдат кај нас и тоа:

    [​IMG]

    - обична таблетка на витамин Ц од 500 мг.
    - ампула вит. Ц од 500 мг.
    - шумлива таблетка вит. Ц
    - капки вит. Ц

    Најнапред ампулата со вит. Ц освен витаминот содржи и вода и додатни состојки за прочистување, меѓутоа од декларацијата воопшто не успеав да сфатам во колкав процент е растворена. Наменета е за внатрешна употреба, меѓутоа со оглед на тоа што овде станува збор за локално нанесување ја користев со тоа што мокрев едно памукче па ставав мал дел од течноста. Чувствував мало пецкање на лицето, најверојатно како резултат од некоја од пропратните компоненти. Со оглед на тоа што е течност и сепак не се користи цела одеднаш, не ми изгледаше многу комотна, затоа што во рок од два дена не може да се искористи цела, а потоа оксидира. Според мене не е многу практична за употреба.

    Шумливата таблетка исто така освен вит. Ц содржи и други состојки, меѓу кои и лимонска киселина која може да ви создаде проблем особено ако имате чувствителна кожа. Процентот на вит. Ц во една таблетка е многу мал, така да и оваа не ми се допадна како метод.

    Она што кај мене најдобро функционираше е најобичната таблетка вит. Ц од 500 мг (ова е сосема доволно не земајте од 1000 мг.). Јас ја користев на следниов начин: таблетката прво ја делев на два дела а потоа и на четири, една четвртинка ја дробев додека да се претвори во прав, па додавав малку деминерализирана вода (околу 2 прста) и мешав додека убаво да се раствори. Со помош на едно памукче го мачкав лицето не само каде што имам дамки туку комплетно целото лице. Оваа доза ви ја препорачувам како почетен третман.

    [​IMG]

    Капките вит. Ц не успеав да ги пробам, меѓутоа доколку ги имате може да намокрите едно памукче со вода (најдобро деминерализирана) и да капнете три капки. Со ова памукче исчистете го лицето.

    Доколку живеете во друга земја (знам дека има голем број на девојки кои ме следат од други земји), во тој случај од аптека купете чист вит. Ц во прав кој е најдобар, и растворете мала количина (на врвот на едно мало лажиче) во два прста деминерализирана вода. За жал во оваа форма го нема во Македонија, барем не во Скопје.

    Еве како да извлечете максимум од овој третман и како правилно да го изведувате за да нема несакани последици:

    - како што реков, според мене најдобро е да купите обична таблетка Ц витамин од 500 мг. и да почнете да ја користите најнапред една четвртина од таблетката во два прста деминерализирана вода. Користете ја секоја вечер откако убаво ќе го исчистите лицето. Откако ќе ја нанесете течноста почекајте најмалку 15 до 20 мин. пред да го нанесете кремот за лице. Доколку имате чувствителна кожа и почувствувате пецкање од оваа доза, во тој случај нанесете ја на секои три дена, меѓутоа доколку вашата кожа навистина негативно реагира не го правете воопшто третманов. Во наредните статии ќе пишувам и за други третмани за избелување кои функционираат.

    - фреквенцијата со која треба да се прави е следнава: правете го третманов еднаш дневно (најдобро навечер) во рок од недела дена, направете пауза недела дена па повторно продолжете уште две недели со третманот. Повторно направете пауза од недела па користете го три недели по ред. Ќе видите дека уште од првата недела ќе имате првични резултати во избелувањето на дамките. Овој третман секако не треба да се прави постојано, само одредени периоди, односно додека имате потреба од него.

    - што се однесува до дозата почнете со онаа што ви ја препорачав и забележувајте како вашето лице реагира на неа. Кај мене, идеалната доза е половина таблетка во еден ипол прст вода, меѓутоа постепено стигнав до оваа доза. Кај секоја кожа дозата е индивидуална и треба сами да ја пронајдете, меѓутоа внимавајте да не претерате, сепак станува збор за киселина и во случајов помалку е повеќе, не претерувајте со дозите. Максимум може да растворите половина таблетка во два прсти вода, откако веќе сте го направиле овој третман двапати по ред.

    [​IMG]

    - најдобри резултати овој третман дава ако вит. Ц се користи во комбинација со витаминот Е или кај повозрасната кожа делува комбинацијата А+Ц+Е. Откако ќе го нанесете растворот на вит. Ц (овој раствор сам по себе нема никакво хидратантно дејство, целта му е да го нанесеме вит. Ц на кожата) почекајте 15 до 20 мин. па потоа нанесете убав крем за лице богат со вит. Е или пак мешавина на алое вера гел о некое масло богато со вит. Е како: масло од арган, масло од авокадо, масло од пченични никулци, рицинусово масло итн. Запомнете маслата да ги нанесувате со алое вера гел или пак да го навлажните лицето со малку вода пред да го нанесете самото масло.

    - за да биде успешен овој третман сетете се да го правите “свеж“ пред секоја употреба, а течноста што ќе ви остане фрлете ја затоа што ќе оксидира.

    Навистина резултатите од овој третман се фантастични, а со малку пари (60 денари за целиот третман) ќе добиете резултати кои ќе ве остават без зборови.

    Поздрав
    Вики
     
    На *Senorita*, Chanell*, Len@82 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Јас користам сода бикарбона - 1-2 лажички. Кога имам лимон, цедам малку,колку да се раствори. Кога имам млеко,млеко додавам да ја потопам...кога немам ништо од тоа, се дешава, само вода и цело лице го масирам. И тоа е тоа. Мијам со млака вода,па со ладна и тоа е.
     
    На mime87, Deemy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. confussed :(

    confussed :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дали имаш позитивни резултати ?
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Здравo :)

    Кај мене, на моето лице, убаво делува, да. Сега, зависи што и колку проблеми имаш, јас не сум професионалец во темиве.Само пробувам што ќе прочитам на нет.

    Сода бикарбона користам еднаш неделно, подолго време.. ама, некогаш и прескокнувам. Не е нешто што редовно го правам, пошто, кожата ми се иритира од многу тинтрање со пилинзи, на пример..или многу јаки лосиони.:)

    Од една страна ти делува како пилинг, ги трга мртвите клетки, а од друга страна има благо избелувачки карактер- ја изедначува бојата на кожата.
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2016
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    797
    а нешто природно и домашно за акни или флеки од акни? Фала :)
     
  19. confussed :(

    confussed :( Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски

    IMASHE REZULTATI OD LOSIONOT???
     
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Да, имаше.
    Само имаше влијание и циклусот т.е. хормоните. Некогаш повезо делуваше некогаш поспоро.