@Mishela Јас ја купувам од локална продавничка (во која има од стегачи преку тенџериња, па се до детска облека ) и тоа во мал град живеам, така да мора да ја има по Скопје во некои парфимерии или аптеки
Никаде ја нема лала кремата..Во една аптека ми рекоа дека повеке не ја произведуваат..Па некој/а да ми каже некоја навистина добра крема за флеки од акни
Џабе ќе ја купиш. Во маалска продавница на најдов, ми ја исфрла и мрси кожата.... Гледав дата ок беше...
И мене почна да ми ја мрси кожата Лала, ама пак од друга страна ги немам флеките веќе. Нека се мрси,битно да не бидам шарена во лице.
Ноќната, помрсната Имав суво лице, па некако ми го доведе во ред. Некогаш ми се мрси повеќе но не е страшно. Сега по жештиниве избегнувам да ја ставам, може во 2 недели еднаш да намачкам. Лоша работа е што не ставам крема со фактор па приметувам ситни флеки и црвенила, и никако да добијам рамномерен тен Ама Лала ќе си го стори своето
Imam fleki na liceto od stu sum stiskala nekoi bruncinja so mi ispadnale i e na isto mesto mi se pojavuvaat i stiskanjeto si go napravi svoeto. Nekoj mi kaza propolis kapki da namackam na mestoto na aknata ili flekata... i jas namackav se zaboraviv i mozda saat doma sedev taka.. toa celoto ppzolteno nemozev da go izvadam i mislam deka uste i mi stoe zolto neznam kolku bi mi p0omognalo ova.. Nekoj iskustvo so ovoj problem ?
зелен пазар, пред 3 дена ја купив 90 денари На тоа хартиеното пакетче пишува дневна, а на тоа пластичното пишува ноќна ...али мрсна е и има светло портокалова боја, а иам уше една лала исто пишува ноќна али е розева о не толку мрсна..Која е дневна која е ноќна знае некој?
Може не е соодветна темава бидејќи моите дупчиња не се од акни туку од сипанции кои ги имав пред 3 години и ми останаа две помали што не се гледаат но имам една голема на челото. Пробав да ставам различни мелеми и масла и креми но ништо не помогна Дали има некој предлог што да користам колку да ја подобри ситуацијата барем малку? Не очекувам да ги снема целосно дотолку не пробам ласерско да ги тргам или на друг начин ама сега за сега сакам малку да се поправат
Мене единствено што ми помогна за намалување на црвенилото на лузните е кремата келокот но е скапа(2500 ден), се друго што користев како креми на база на слуз од полжав, цикапласт од ла рош посеј, медикасол на борола(сите овие ми беа препорачани од страна на дерматолози, јас за келокотот дознав сама од интернет) не ми помогна воопшто.
Гледам го фалите лала кремот па го купив и ноќниот и дневниот. Јас го зедов за грбот, оти таму имам флеки од акни, лицето ми е чисто. Август правам свадба па се надевам до тогаш ќе ми биде чист грбот. Исто така го зедов и лосионот хлоракол против акни, и за него не прочитав лош збор на форумов, само пофалби, па сега ќе видиме. Мајка ми се нафати да ме мачка секој ден по два пати на грбот. Ќе пишам за резултати.
Дали некој бил на третмани со овошни киселини? Каде е најдобро да се прават? Цена? Стварно е ефикасно или врска си нема? Искуства некој? Ми го посочија тој третман како најефикасен за флеки. Знам дека има и некои креми со овошни киселини, ама тие се со доста помала концентрација, а и плус не би да ставам се и свашта на лицево, ниту па сакам да експериментирам. Сакам нешто навистина проверено и со побрз ефект. Имам неколку бледи флекички што очигледно само јас си ги приметувам ама мене лично ми сметаат и само во нив гледам кога ќе се погледнам во огледало, не можам против тоа.
Јас можам да ти пренесам коментар на др. Николина по ова прашање. И јас добив препорака за третман со овошни киселини од друг дерматолог, после тој третман се лупи површинскиот слој на кожата, ама Николина објасни дека овошните киселини кои ги има во некои креми се доволни. Инаку доколку ти е чисти лицето и немаш активни акни (нели оние црвени гнојанички) таа прави фореза со витамин Ц и после тој третман лицето ми е навистина прекрасно, и без митисери и комедони ама и без флеки од стари акни кои ги чепкав јас.
Активни акни немам, освен една до две најмногу што ми излегуваат пред циклус, ама не се тие ништо страшно и навистина ама баш ич не ми сметаат, не ни ставам шминка. Проблемот ми е повеќе за флекичкиве. Да те замолам бројче да ми дадеш од докторкава? Може и по лп.
Имав многу лоши последици од акни на 17 години т.е темни дамки и нерамномерен тен на лицето. Ги треторав со la roche possay effaclar duo + до негде ми помагаше но не нешто многу, иако бев упорна и потрошив две шишенца од кремот. Сега немам толку акни и кожата од многу масна(за време на пубертет) ми премина во комбинирана со суви образи. Се распрашував за серумов од Dr. Viton vitamin c serum и ми рекоа дека серумот не е наменет само за брчки односно иако е anti age многу се користи и за дамки од акни и нерсмномерен тен. Некоја од вас го користела ли? Има ли добри резултати? @Biodevojka дали би го препорачала овој серум за 19-годишна?
Драга јас овој серум не сум го користела никогаш и лично не го познавам. Затоа би се оградила од било каков коментар. Почекај да ти одговори некоја која го користела. Поздрав.