Драга што мислиш под нерамнини??? Дали станува збор за лузнички, за црвенила...опиши ми ја малку повеќе твојата кожа. И каков тип на кожа имаш масна, комбинирана, чувствителна со бубуљички и.т.н. Поздрав.
Да имам лузнички, дупчиња од акни. Кожата ми е мрсна, но не многу. Ми излегуваат и бубулици но одвреме навреме.
До 1000 ден. ми одговара, но препорачај ми повеке креми ако може, не зависно од цената, да знам кои се добри. Ти благодарам многу. Поздрав
Прв пат да ми се случи(речиси цело време стискам мозолчиња ама по потреба) кај брадата и околу неа да ми излезат флеки, многу ситни црвени лузни кои не можеш да ги забележиш доколку добро не ми се приближиш, но иако минимално - лицето ми е уништено, а со тоа и самодовербата би ми била разнишана доколку не би ставала пудра како сега. Користев леа од пред 3години, првиот пат ги користев и лосионот и гелот за миење, редовно, за само две недели лицето ми светна, секаква несовршеност на лицето ми снема, радоста беше голема. И нели после толку обиди претходно, си го нашол ефективниот начин против акни и не го менуваш. Понатаму продолжив да го користам ама не толку редовно како на почетокот, ама четвртава година веќе како да станав имуна и на леа лосионот за чистење. Потоа не го користев, користев само мицеларна гарниер за бришење шминка. И последниве два или три месеци лицето повторно ми се уништи, на почеткот излегуваше по мозолче-две, се толерираа, но и исчезнуваа... потоа почнаа по едно сѐ повеќе и повеќе, па почнав да се мијам со црн сапун од докторс наутро и навечер кој и не ми помага, само ми го суши лицето па мора нивеа крем да ставам... Се вратив и на леа и пак исто. Не е толку лошо, значи не е за паника, само ми пречат акните ситни што излегуваат на челото и лузните кај брадата. Нешто за флеките да ми препорачате? Се работи за млада кожа
Sto da stavam... Imam pogolemi crveni fleki kako posledica od cisticni akni. Kako sto zaladuva i povekje se zacrvenuvaat... Koristev uriage hyseac AHA 3 meseci i ne vidov rezultat
Микродермоабразијата е добра за измазнување на површниот слој на кожата,сепак ако имаш подлабоки лузни од акни ти треба нешто појако како хемиски пилингин или дермапен. Поздрав
Препорака за добро место за третмани за лице, како микродермоабразика или хемиски пилинг? И козметика, домашни третмани што можам да ги правам, небитно цената? Имам доста црнки, пори, лузни и флеки по целото лице, од време на време и хормонални акни (имам 27 години).
Здраво женски,препорака за каде и кај кој доктор да се прави третман со дермапен/дермаролер и цени ве молам ?
Dali ima nekoj sto tretiral dupcinja od akni i otvoreni pori? Znachi lekuvana bev so roakutan pred 1 godina flekite se izgubija ama licevo mi e so dupcinja i porite mi se otvoreni. Ni pudra ne prekriva dupcinja. Predlozete nekoj domashen tretman ili tretman kaj dermatolog??? Krema za namaluvanje na pori??
Здраво женски , дали може некој да ми каже дали е подобро да се направи Дерна Пен или Микродермоабразија за дупчиња на лицето ?
Имам мало дупче на образот што го забележувам и појма немам како ми е појавено. Се плашам да не ми се прошири, има шанса? А, и дали е можно да исчезне само по себе или сепак треба да се дејствува?
Здраво девојки да прашам дали некој имал искуство со пиење на лекот Roaccutane , ми го препорача дерматолог за третман на акни, носе мислам дали да користам. Докторката микажа дека со шест месечен третман лицетоможе да ми се среди и неколку години да немам проблем или трајно да ми се среди. Вемолам ако некој го користел да споделиискуство.