Друштво, и @Biodevojka пред неколку месеци ми излегоа мали бубулици од надворешната страна на бутовите (како еден вид алергија), ме чешаа и откако поминаа останаа флеки. Сега пак ми излегоа и на стомакот четири поголеми, и исто останаа флеки. Ги имам во голем број, цела надворешна страна на колковите. Ве молам за препорака на некоја ефикасна крема/гел но да не се поскапи од 200 денари, благодарам. Патем, флеките доживотно остануваат видливи, така?
Здраво девојки, некоја да ми препорача или да сподели искуство со ласерско отстранување на флеки од акни некаде во Скопје ?
Ми се појавија бели дупки на лицето. Таму не сум имала акни ама белезите се исти како од стискање акни и црнки. Ја земав кремата бидерма cicabio па со среќа нека ми е.
Другарка пред недела дена ми стискаше црнки и бубулици и ми останаа флеки на лицето, и тоа не една-2 туку 10на отприлика, како да ги тргнам? Со домашни препарати ако може некако, да не трчам по аптеки и продавници сеа. Ко сипаници да иам @Biodevojka ? Anyonee
Ја има кај нас во Сити Мол или треба преку интернет? Преку нет сигурно побрзо ќе дојде дур да го отворат Сити Мол
Мислам дека имаат достава ама се доплаќаше, е сега не знам колку, им пишува на сајтот. Инаку ја од кремава приметив подобрувања после некоја недела, не одма и тоа на флеки што ми стоеја подолго време. Тој период и исхрана сменив , можеби влијаеше и тоа плус.
Девојки, не знам дали е за тука прашањето, но ми се појави црвена точка на кожата под окото, претпоставувам дека е пукнат капилар, кој навистина ме нервира. Дали знаете што можам да користам за да се повлече? Доста се познава и морам да го покривам со пудра. Вака стои веќе месец дена.
Од продавница ја земав ,од сити мол, ама знам тогаш гледав и на интернет страната(имаат мк страна) и пишуваше дека имаат и достава.
Пред една недела забележав голема црна флека на челото. Тој период бев почесто на сонце без заштита ама темен тен имам и никогаш во живот не сум имала ваков проблем. Мајка ми вика од бременоста ми е (8ми месец сум). Сега веќе нема да ми се повтори без заштита да искочам ама ве молам за помош како да ја снема флеката, ептен се познава и лошо изгледа? Исто, ако може да ми препорачате крема за секојдневнa употреба и пудра за нормална кожа, но сува Т зона. Thanks
Од петокот Денес Не знам колку се примеќа разликата али лицево почна да ми се средува. Не ставам апсолутно ништо освен Гарамицин маст Ептен глупо време е и не ми се шета по аптеки и дрогерии па ми текна со Гарамицинот да пробам. Пред неколку години имав огромни флеки на телото (имам пишувано порано) и Гарамицинот ми ги исчисти. Ставам денски исклучително тенок слој на образите и под усните (дека таму имам) Многу е мрсно не препорачувам пред спиење да се мачкате пошто и навлаката и косата ќе ги умацате. Накај среда-четврток пак ќе постирам слика да видиме.
Женски ајде предлог ефикасен крем за темни флеки од акни.. имам 5-6 на лицето и многу ме нервираат. Лала кремата пред околу две години ја користев се покажа ефикасна но сега не можам да ја најдам пс предложетеми друга
И мене ми треба нешто за повлекување на капилар.Јас имам на носот и исто така морам да го покривам со пудра...Мене со години ми стои и искрено размислувам да го отстранам со ласер пошто многу ме нервира