Здраво девојки Исчитав повеќе страни од темава па да прашам и јас. Пред 2 години ми се појави флека на челото, кафена и на почеток не ја приметував, ама сега ептен ми вади очи. Се мачкав едно време со Лала крема дневна и ноќна, ама дека нели со жива била па некаде околу месец дена ја користев и толку демек да не си наштетам. Незнам дали беше доволно, ама ефект немаше. Тука по форумов прочитав доста задоволни од Ревокс, па како помалку агресивни почнав да ги користам нивните вит. Ц наутро и ниацинамид навечер. Ги користам веќе 2 месеци и ми се појавија мнооогу црнки на лицето. Во однос на флеката јас како да гледам минимално осветлување, ама тоа може да ми е и од лошото светло можеби во тоалет(маж ми ме убедува дека нема промена) Сакав да сменам и да пробам некои серуми со салицилна киселина читав дека биле исто така добри за флеки, па дали можеби некои може да сподели искуство. Инаку бремена сум и не сум баш сигурна кои производи се во моментов безбедни за мене
А користиш крем со заштитен фактор преку ден? Без заштитен фактор преку ден многу подолго време ќе треба да помине за било какви резултати, а најверојатно нема да се отстрани целосно дамката. Инаку витаминот Ц и ниацинамидот слободно можеш да ги користиш и додека си бремена. Хемиски ексфолијанти исто можеш да користиш ама не сите. Јас би ти препорачала азелаинска или млечна киселина, а салицилна не. Сепак за ова е најдобро да се обратиш на дерматолог. За црнките можеш да си правиш маска од зелена глина најмногу 2 пати неделно и тоа ако имаш комбинирана/масна кожа. Пробај исфрли ги од рутината и витаминот Ц и ниацинамидот некое време и види каква ќе биде состојбата со црнките. Каква рутина имаш за чистење и нега на лицето?
Па искрено до сега користев мицеларна вода, хидратантна крема ама без фактор и крема за околу очи на ив рошер. Сега дефинитивно сум во потрага во хидратантен крем со спф 50, глината порано ја користев 1 неделно и од масна кожа ми дојде речиси до сува, па сега ептен ретко ја ставам. Азелаинската киселина безбедна е во бременост? Ако може, која би ми ја препорачале? Или пак да одам на ревокс како бренд Благодарам многу на одговорот
Глината ја оставаше целосно да се исуши или ја миеше штом почне да затега? Азелаинската киселина е безбедна за употреба во бременост. Кај нас има од Ревокс 10%, а ако не ти пречи да нарачаш и да почекаш додека стигне, има од The ordinary 10% и од The inkey list 10%.
И јас ја имам направено истата грешка. Истиот резултат го добивав и кога почнав да ја измивам глината штом почне да затега, но без црвенило и пресушување на кожата. Следен пат пробај на овој начин. Можеби нема да ти ја пресуши кожата.
Девојки, може да ми препорачате некоја ефикасна крема за флеки од акни да не е поскапа од 500-600 денари. Почнав да користам серуми од The Ordinary но после неколку месеци користење немам некои видливи резултати.
Што користеше од The Ordinary? можеш да пробаш со вит. Ц, азелаична, млечна киселина, ниацинамид. Имаш доста опции, само додека се најде вистинската треба време. И спф наутро обавезно.
Имам користено lactic i niacinamide acid и редовно користам крема со спф но никако да ми исчезнат флеките. Со години имав проблеми со акни но сега само флеките и некои мали дупчиња на образите ми останаа. Ако некој користел добра крема против овој проблем би ве замолила да споделите.
Yuja niacin brightening moisture gel cream од Some by mi. За целата Yuja niacin линија има многу позитивни коментари. Инаку ова е доста исплатлива опција. Гел кремот е во пакување од 100 ml и чини 673 ден. на coslovemetics. Имаат бесплатна достава за нарачки над 300 ден. Ако не ти е чувствителна кожата може да го пробаш и AHA 30%+ BHA 2% Peeling solution од The ordinary. Јас имав прилично добри резултати со овој серум, а го користев еднаш неделно.
здраво дали некој имал искуство со вакво лице. Немам сега мн акни но имам мн лузни. Пред година правев и третмани со дермапен, но немаше некој видлив резултат за измазнување на кожата. Предлог нешто?
Лелее сличен проблем имам и правев до сеа 8 дермапени , плус ласер у анчевски ама слаб им е ласерот . Сега заказав у систина СО2 ласер само тоа било спасот све друго мачкање очи . Еве како е кај мене
Zdravo, dali ja imate koristeno ovaa krema protiv fleki ? I ako ja imate koristeno dali vi ima pomogneto ?
Значи за третман со ласер co2 треба време да помине резултати видливи после Недела дена Сеа за сеа ок е, а во однос на цена зависи која регија најубаво консултација на лице место. И кој планира да праи сега периодов подобро пошо на топло време не се прави кожата не поднесува