Dali nekoj ima iskustvo so frakcionen laser za luzni od akni? razgleduvav sega se dumam za vo la bellezza studio, dali nekoj ima iskustvo?
И на крај каде да се оди ако не ги препорачувате ни Дерма Медика ни Белеца @Tarantulla @slagana Musajska Сега гледав дека со тој ласер и бенки отстрануваат па сакав да пробам.
Здраво има ли некој позитивно искуство со некој серум/крема за избледување флеки од акни, а да не биде повеќе од 1000денари?
Здраво, дали може некој да ми каже колку чинат третманите за лузни од акни во Дерма Плус и некое искуство со нив?
Од се пробано на пазарот, Белина, корејска, разни третмани најбрзо и најефикасно ми се покажа крема со Хидроквинон. Меѓутоа таа се користи кога нема сонце. Мојата ми ја направија со рецепта од дерматолог во аптеката до Броз.
CO2 laser za luzni od akni vo La Bellezza???? Iskustvo nekoj ve molam I opsto iskustvo za laserov vo mk ako ima nekoj praveno
Мене до сега најефикасни ми се покажаа MelaB3 на La Roche Posay и Novexpert серум за флеки. Не ми се комплетно повлечени ама има значително подобрување. Сакам да пробам хидрокинон ама ми е страв (многу светол тен имам).
Го користел ли некој ова да сподели искуство со осветлување на хиперпигментација? Цената за 15 мл му е леле мајко, голем ризик ми е да го купам.
Ако се работи за флеки од сонце, ѕирни го спот коректорот од антипигмент линијата на Еуцерин. Одличен. Не е евтин, ама има ефект. Има и серум, но и коректорот може да заврши супер работа со флекиве од сонце. Ако се работи за мелазма, не би знаела да кажам дали коректоров или што било од антипигмент линијата ќе има ист ефект. Не помага класичен витамин Ц со повремена употреба на аха/бха серуми?
Ќе го видам тој од Еуцерин, фала ти многу. Не се од сонце, цел живот се кријам од сонце и не сум "фатила боја" со години. Имам флеки од акни и херпеси, кога ќе ми излезе нешто на лицето не заздравува целосно и остава флека. Плус во бременост ми се направи хиперпигментација внатре во витилиго, ептен лошо изгледа кај очите. Флека без пигментација, и внатре темни дамки. Досега за проблематикава пробав Pigmentbio за миење лице, нешто како пилинг е и еднаш неделно се користи ко маска, врска нема. Витамин Ц серум од Микса, комбиниран е со гликолна киселина, врска нема и тоа. За сонце кремата од Биодерма против флеки, ОК е, воопшто не фатив боја минатото лето. Аха/бха серум не сум пробала. Предложи нешто. И обичен ама поефикасен серум со витамин Ц, би пробала и тоа.
@LivingGlam, има една линија со aha-bha-pha киселини од Some by mi и солидна е за вакви работи. И мене знаат да ми останат флеки од акни затоа што при стрес знам многу да го чепкам лицето, па си имам проблеми потоа. Тонерот ми е убав, не прави чуда со инстант-резултати, но со долгорочна употреба има ефект. Има малечко шишенце од 30мл, можеш да земеш за проба. Ги има на coslovemetics и elloxy. Го користам 2-3 пати неделно. Поточно, со два дена пауза помеѓу користењата задолжително, а некогаш и 3 дена, зависи од состојбата. Така ми е најефикасен, инаку за секојдневна употреба не ми е некако. Имаше и од брендов нешто како спот третман, тоа ми беше супер исто така. Серумот го немам користено, само овие две работи. Во комбинација со бејзик хидратантни серуми, ми го убрзува процесот на залекување на флекиве од акни. За флекава во витилиго не знам навистина, но претпоставувам дека нешто од ова ќе има барем мал ефект. Има и еден серум од Some by mi (жолт е), заборавив како се викаше, но е баш за проблематикава и планирам да го пробам. Шишенцето е 50мл и ми се чини дека е добра зделка. Ц витамин одамна немам начекано некој навистина добар, јас искрено се откажав од потрагата и преминав на азелаична киселина, ниацинамид, алфа арбутин слични. Пробав Накоми и многу ми одговараше, но се презаситив. Ми се чини дека е најбезбедна опција за реактивна кожа, но не сум сигурна дека е најефикасен. Лореал сум користела, свашта нешто од некои од корејскиве. Од сите, убедливо најдобар ми е cosrx С13. Е, во последно време многу тешко се начекува, ништо чудно и да е повлечен, не сум во тек. С23 мене ми е премногу јак, ми реагира кожата на него и страв ми е да го користам. Последно ме изненади Балеа серумот со ниацинамид и цинк, не ми се верува дека трошам второ шише од него, ама навистина ми се допаѓа. Само ефектот спрема флеките му е далеку послаб од сè друго што наведов. Друго фино за флеки, азелаична киселина серум од Geek&Gorgeous. Најомилен ми е затоа што кожата ептен ми го прифаќа и не реагира бурно. Исто, побавен ефект има, но супер ми е. Го потрошив и се префрлив на ниацинамидот од Балеа, затоа што не сакам да користам премногу активни состојки во последно време. Алфа арбутин, солиден ми е серумот на Beauty of Joseon. Најубав ми е од сè друго што сум пробала од брендов досега. Сумиран муабет на сево ова: можеш да го пробаш тонерот и некој серум со активна состојка. Само, види како ќе ти одговара да ги искомбинираш за да не ти дојде премногу. Јас не би го користела тонеров со никоја од овие работи што ги наведов. Обично кога ставам од тонерот, одам со скроз основна хидратација - само некој хијалуронски серум или од онoj cica серумот Skin1004, крем и толку. Следниот ден, спф наутро задолжително.
Фала ти премногу Мишела. Нешто од ова дефинитивно ќе пробам. Мене кожата ми е преосетлива и многу внимавам со активни состојки, тоа ми е плус проблем. Почнав и со благ ретинол од скоро, па ептен треба пазење што комбинирам. Прво ќе пробам со Geek&Gorgeous азелаична киселина, тоа ми изгледа некако најблаго за почеток.
Таман работа, нема на што. Азелаичната мене ми е најомилена. Помага за многу работи, од розацеа до одржување на чисти пори и навистина е нежна. Сега ми притекна, има три серуми од Биотен од кои едниот е гликолен серум за ексфолијација и е океј избор за почеток ко за користење еднаш неделно. Мислам дека беше 6%, така нешто. Не е лош. Мало шишенце од 15мл е, и ми се чини дека беше околу 250 денари. Навистина не е лош, не е агресивен. За почетници со аха-бха ми се чини како соодветна отскочна даска за нешто друго во иднина. Ама, сепак нема споредба со тонеров од Some by mi, тој е подобар избор секако, само да се најде најбезболен начин за да се инкорпорира во остатокот од рутината.