Вака, јаснемам баш флеки туку имав сипаници и неколку црвени бублици ли незнам ни ја што се ми останаа, и никако не си заминуваат. И сега ставав 100 креми но не помага. Дај кажете некој совет.
Еј луѓе стварно знаете нешто ефективно ?? Бидејки истиве проблеми јас ги имам само на деколтето..навистина се фрустрирачки лузните и влијаат многу на самодоверба
од каде го купи кремот Деба? два дена го барам никако неможам да го најдам...ни во аптека, ни во парфимерија...ми велат дека не е повеке во употреба...
Кремот го има во Веро а мислам дека и во Тинекс го имаше. Спојлер еве како изгледа http://ecx.images-amazon.com/images/I/3 ... AA300_.jpg
конечно го најдов кремот...но немаше ноќен крем деба од овошни киселини,само денски (ме излажија дека ноќен крем со витамини немало,туку со некое си масло) го зедов денскиот...па се надевам дека нема да штети на светлина...сепак ако штетел немало да биди наменет за преку ден... што мислите вие? а баш сега го споредив со сликата...друго кутивче е
за дупчињата дерматологот ми даде Епителе од А Дерма.Го користам 4 дена.Ми кажа дека подобрувањето ќе биде подолг процес.Една клетка да се регенерира и требало 28 дена.Не очекувам чуда преку ноќ.Знам дека ќе потрае,но се надевам дека ќе се реши колку толку
Како до чисто лице? Дали постои друг начин за отстранување на лузните од акни освен ласерското отстранување? Прочитав на 1 стр. да со маска лицето со маслиново масли и сол, и да стои таа смеса 20 мин.-дали е тоа штетно? Што мислите?
Што се случува со мојата убавина? Девојки ми треба ваша помош и ваши мислења,значи вака од ноември навака ми излегоа мн.акни на образите но бев на дерматолог и ми даде еден гел од 1-5% со мал дел на натибиотик за уништување и еден течен сапун за лице..но сто ми се случува сега..акните исчезнаа останаа само мали црвени точки како флеки на лицето сто не си одат и се пласам да не ми остани така и сто е најлошо лицето некако ми се опушти ми се направи целото со минијатурни точки како кога ке те боцнат со игла и многу сум загризена,секогаш сум имала чисто затегнато лице и ова ми е вака од нова год навака,кажете ми според вас некој совет,дали да престанам со таа крема..можно ли е да е до кремата и како да си го вратам моето убаво и затегнато лице...ХЕЛППППППП
Kремата ЛАЛА ја има денска и ноќна и е околу 80 денари едно кутивче а можеш да ја најдеш во скоро секоја парфимерија!
Да ви кажам мене искрено ми помага за флеките лимонот. Само што ставав ја секој втор ден и ми се исуши малку кожата,почна да ми се перута,па правам пауза. Ама има многу брзо видливи резултати. :up:
Најдовте решение за чудово?! Јас гледам од каснатинки од комарец што сум ги правела рани,ми останале флеки,а и на грбот порано кога ми се исфрлуваше,па има по некое такво,модро,ситно. Здраве кремана помага при ова?! Пошо слушнав имала тро живичка у неа,а таа нели ја избелува кожата.
Лилит или маст од невен земи или Лала крема. Јас имав флеки на делот над деколтето, а дека ми е многу големо само тие се познаваа и само овие две креми ми помагаа.
Лилит и јас би ти ја препорачала Лала. Другарка ми имаше некои флеки од мозолчиња исто на грбот, неколку нијанси потемни од кожата, а она дека бела, многу и се познаваа. Ги мачкаше со кремчево и за месец дена почнаа да бледеат, а сега скоро и да ги нема. Ја користеше подолго окулу месец ипол, можда два, и често мачкаше.
за ова околу флеките пошто ги имам само на брада, секоја вечер си ставам маска од лимон и шеќер, а некоја вечер и само маска од мед, и има резултати не толку за брзо време, ама гледам дека избледуваат по малку, само не сакам да прекинам ке идам до крај, за жал не сум у можност таа Лала крема да ја купам, а овде не ми се ризикува да бирам производи за истото. Мислите дека би можело нешто да наштети на лицето тоа што ставам секоја вечер лимон со шеќер ?? Ама и некако и помадава Нивеа софт ја користам, ко да не ми одговара незнам до што е проблемот ...
А дечки кај да ја најдам кремичкава,а?! Еве за пола саат одам да ја пазарам! Ако ми одговорите до тогаш и ако до први април сум чиста ко суза,сметајте за Велигден ќе одите у Ерусалим на мој сметка ор самтинг...
Имаш Лилит во поголеми маркети а може и по парфимерии и аптеки. Кај мене на пример ја има во еден локален дисконт, така да можеш и во некое маалско поснабдено продавниче да побараш. Кандидат за Еурусалим сум, потенцијален