Ништо,не ја најдов лала,најдов една на галафарм,против пеги,мајка ми вика исто и мирисала како лалата и дека била таква некако,слична во густината. Ќе се мачкам секоја вечер,па ако има ефект за овој грб гордо да се носи гол после први април,секако ќе ве частам патување.Е сеа нема да биде Ерусалим,ама една екскурзија до Прибилци ќе заврши работа! Фала ви женски,ама ќе ја барам и лала,да знаете.
Стварно бе и јас ја барам Лала, ама не можам да најдам. Вие па коа сте завикале секаде ја има те секаде, кажете конкретно некоја локација, супермаркет, парфимерија, продавница како год.. Ама да кажете кај Петко ја има на улица Петкана, таму и таму на тој и тој рафт. Вака секаде секаде ја има, а јас кај и да гледам не ја наоѓам Марамке а не е многу мрсна маста од невен бе ? И како ги користеше ти и Лала и оваа маст, паралелно или како, ај објасни ми подетално.
Епа Каринке стварно ја има кај Петко, ама у маало. Еве ти конкретна локација на улица Ѓорѓи Капчев(поранешна Вардарска) во населбата Лисиче, има едно маркетче-дисконтче Гортон се вика и таму 100% ја има. На рафтот до касата, кај што има други креми, пасти, сапуни и сл. стварчици. Ја имам видено и во аптека Зегин, исто во Лисиче, ама не таа кај Рамстор, туку таа подоле што е кај семафорите. Во моето старо маало исто ја имаше во продавничките. Незнам зашто не можете да ја најдете, јас стварно сум ја гледала често. Спојлер Еве вака изгледа, можда и ќе ви олеснам со потрагата
А како да стигнам до населба Лисиче, бидејки ја сум од Ѓорче и не го знам баш тоа место, може до крајната станица со автобус бр.5 да одам после да земам такси да ме однесе конкретно до улица Ѓорѓи Капчев и да го најдам дисконтот.Поздрав чекам одговор.И нешто друго да ве прашам дали Лала може да ја ставам на лице за флеки и да ја ставам како подлога за течна пудра кога одам на факултет, бидејки гледам некои само за грб ја бараат...
Лидија, поточно до ова место каде што кажа Најубава, ќе стигнеш со 7б, само сега копаат нешто и не оди автобусот. Можеш и со 7ца обична,до едно основно училиште Гоце Делчев, па ќе прашаш некој и ќе ти кажат.Не е далеку многу.
Лидија па ти да идеш од Ѓорче до Лисиче патот многу поише ќе те кошта отколку кремата, земи рашетај ги сите продавнички низ населба, и знајни и незнајни и сигурно ќе ја најдеш. Јас стварно незнам зошто толку тешко оди наоѓањево, можно е да не ја произведуват па затоа да не ја нема. Такоџе распрашајте се по аптеки каде држат и вакви козметички производи.
Девојки јас ја купував од аптека , еве конкретно во населбата Лисиче има еден трговски и има аптека. Епа во аптеката ги има и ноќната и дневната Лала. Карина јас Лала користев преку ден како подлога за пудрата, а Невенот навечер. Некогаш и невен ставав преку ден, но само ако сум дома.
Некој да не ја има пробано кремата на Докторс од магдонос? Малку сум скептик зашто е од докторс, не ми се погодиле другите нивни производи, а баш таа е наменета за флеки од акни.
И јас имав флеки на лицето и на грбот од мозолчиња. Бев на кожен доктор и ми дадоа рецепт за лосион кој стварно е добар. Кога ќе ми се појават флеки, си го правам самата. Се меша 1 лажичка бел шеќер, 3 капки 3% хидроган, сок од еден лимон и една чаша бело вино. Тоа треба малку да повари на тивок оган. Се нанесува навечер, бидејќи не треба да се изложуваш на сонце додека го имаш лосионот на лице. Може да осетите непријатно чувство, бидејќи ја затега кожата. Меѓутоа за недела - две, ги чисти флеките!
Како до чисто лице? Има ли некаков спас , за лузни од акни , оние што се како дупчиња , ако знае некој нека пише вака веќе не се издржува почнав да паѓам во депресија благодарам однапред
Навистина со лузните што? Мислам дека кога еднаш ќе се добијат со здравје да си ги носиме... нема решение (да ги пополниме со силикон пфффф), и неверувам дека може да поминат со некаков си гел, крем или било што, тука местото е оштетено и ништо не помага. Контратубекс имав пробано уште кога воопшто во МКД немаше ни квалитетна козметика а камо ли такви фармацевски производи, и ништо никаков ефект а ми го носеа специјално од Бугарија и го платив околу 20 евра.... и така, и мене ме фаќа депресија зошто посебно кога ми е поуморна кожата повеќе ми се познава од едната страна и заради тоа и претежно пуштена ја носам косата зошто инаку се гледа лузната и ми руши самодоверба
Како до чисто лице? Девојки, ако имате проблем со флеките од акни и лузни, пиете цинк и витамин Ц - цинкот го забрзува лекувањето и обнувањето на кожата, како и витаминот ц го забрзува заздравувањето на раните и повредите токму поради улогата што ја има да синтезира колаген. На мене ми излегуваат акни и не ми остануваат белези после тоа поради тоа што ги пијам.. Поздрав
Незнам дали некоја друга , или освен јас го имам овој проблем...сакам да казам дека ми излегуваат подкозни бели мозолки...ги стискам и повторно ми излегуваат.Најлошо е што ми се познаваат под пудра.Дали некој знае од што би мозело да излегуваат и далинекој има сличен проблем ? ! БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД
може да кажеш дали ти помогна? ужасно ме нервираат дупчињата на лицето, имам користено се и сешто и не сум имала некој добар резултат, иако мислам дека само козметчки третмани би помогнале
Лузни од акни Постои процедура-микродермоабразија за отстранување на лузни од акни. Сте биле?Каде?искуства?Резултти?Препорачувате или не? Јас лично-имам лузни од акни кои се повеке ми пречат.Читав доста за постапкава на нет и воглавно ми звучи ок, ама сепак сакам да слушнам искуства Повелете да продискутираме....
Сега прочитав еден природен начин за ослободување од флеките од акни. Потребно ви е корен од рен и мало шишенце вински оцет. Коренот од рен се ренда и се става во винскиот оцет. Се остава да стои три дена. Потоа со таа мешавина се премачкува лицето/грбот навечер, пред спиење. Велат дека за две недели користење флеките од акни исчезнувале.