Девојки дали сте имале искуство со кремата против флеки и пеги на Cydonia?? Дали ја има во сите аптеки и дали знаете колку пари е? Поз <3
Јас ја користев лани потрошив едно пакување и имаше некои резултати, не дека е нешто екстра ама имаше видно побелување.Не е скапа до 300 денари некаде беше ама сега неможам да ја најдам.Ми останува уште во Скопје, во претставништето за Cydonia да се јавам да прашам дали ја имаат, ако добијам било каква информација ќе пишам пак.
Јас имам малку пеги на лицето уште од мала,под очите,на носот,кај образите малку.Порано многу ми пречеа,си набивав комплекси за тоа,ама сега сум по онака „ок“ со целава работа и не ми е толку важно. Блиските ми велат секси биле пегите,ама малку кога се како моите(не цело лице ). Незнам,ја сеуште сакам да ги оттргнам па што сака нека е. Има некои креми ама незнам колку се ефектни.Ај некој што има искуство со пегите нека ми каже,многу се нервирам.
Јас земав една крема од орифлеим може 500 денари фрлив за таа, али сеуште нема некој резултат. Кога ќе ми се потроши ќе си купам крема Лала околу 100 денари била, ми кажа една девојка од форумов дека имала ефект
Сакам да ја деактиврам темава затоа што ме интересира кремава горе постирана од Ситонија дали ја има користено уште некој? Читам на српски форум многу ја бараат, ама не знам дали е ефективна. Ако ја користел некој или знае искуство на некој близок нека пише
Ако мислиш на Лала јас ја знам како добра уште од времето Можеш да ја најдеш на пазар ,а може и да ја порачаш по некој од Србија. Исто така има и една добра крема на Леа за пеги и ја има во Зегин (другарка ми ја користи и е презадоволна)
Конкретно мислев на оваа зеленава Инаку во аптека ја нема таа Лала а нема шенси да ставам крема од пазар , за Леа не најдов пофални зборови. За оваа на Сидонија пишува на нет дека е сосема на природна база и дека нема несакани дејства, ама незнам баш и колку има ефект. Инаку мене ми треба за да „избришам“ две флеки од сонце
Доколку некој ја има користено оваа крема нека ми каже дали има некој ефект,дали ја има во аптеките и колку пари е...pozzz
Син ми, оваа година на одмор од базенот (да напоменам хотел со 5*), доби хиперпигментација на кожата. Мала дигресија-одбегнувајте ги базените, особено ако сте со мали деца. На лекар ми ја препорачаа кремата НеоСтрата, чини околу 1200 денари. Немаше никакви резултати. На крај сама почнав да го масирам со лимонов сок и сода бикарбона и потоа да го мачкам со крема која ја произведува една жена (составот е нешто на база свинска маст, кантарионово и невеново масло и сл), а чини 120 ден, и бојата на кожата речиси се изедначи.
јас ја имам користено кремата помага но треба да се употрбува во есен и зима затоа што ја прави кожата прчуствителна и на лето крема со висок заштитен фактор иначе ја има во аптеки и е оклу 500 ден
^^ Подобро земи си ја Лала кремата, чини смешни 100денари а дава ефект како за 1000 ден (ама споредба ти направив ) Еве како изгледа
Јас ја имам користено таа крема и не ми помогна ич, сега користам една од орифлејм против пеги и влеки, помага !
јас имам пеги и тоа само на носето малку поблиску до очите, користев Лала но не ми помогна.... некој друг совет, природен лек нешто...
Од сончање без крема добив пеги на грбот. А и со стискање на акни кои ми се појавија пред година, добив флеки и ужасен ми е грбот. Неможам да облечам блуза или фустан со разголен грб. Кажувајте некоја крема, ако воопшто постои мада се сомневам, оти ако имаше фајде од нешто, немаше и познатите да шетаат со флеки по телото пред камери.
Јас ја имам користено лала и можам да кажам дека ми помогна многу...ама престанав да ја користам пошто не била воопшто здрава затоа што имала внатре жива...и пак ми се вратија пегите...не ги имам многу , ама на лето од сонцето повеќе ми се познаваат...тоа е ...кој ги има со здравје да си ги носи..јас си се помирив...премногу комплекси си имам во врска со пегите..а сите ми велат дека ми биле супер..позаводливи...