Крем эа лице против флеки донесен од Дубаи. Ја отстранува темната боја од кожата, и го спречува проширувањето на флеките. Има ефект эа побелување и делува эа кратко време, ја прави кожата побела. Цена 370 ден
Женски имам прилично чисто лице, од сонце ми се прават флеки и пеги, и баш периодов користам фактор 30ка,истата работа се случува.. Дали имате искуство со ЛЕА кремата против пеги и флеки, ефикасна ли е? Или препорачајте ми нешто слично да ми се исчисти лицево од пеги и флеки
Од сонцето и мене знаат често да ми се појават флеки на деколтето. Најчесто сами од себе ми заминуваат. Но ми излегоа повторно пред месец дена, и сеуште стојат. Бев во Петокот на дерматолог и ми препиша да ставам крем Rojazol x3, шампон/ гел за туширање ketokonazoll x2. Деновиве ќе ги земам, па ќе видам дали ќе се повлечат флеките.
Драга ти оставам линк од едно мое видео на оваа тема, погледни го цело (знам дека трае малку повеќе ама вреди). Убаво се објаснети видовите на флеки и како да ги препознаеш и секако како да се делува. Јас долги години имав проблем со флеки како резултат на неправилно изложување на сонце кога имав 19/20 години (не ми се појавија веднаш дири после долги години, ама кожата памти и враќа. Меланинот за жал има меморија). За било какво прашање или помош слободно пиши ми...
Дали нешто знаете од искуство што би помогнало за ПЕГИ на лицето? Вака нешто изгледаат, па сакав да прашам мислење ако знае некоја од искуство за отсранување на пегите.
Ги користам скоро 2 месеци и сум многу задоволна. Имав многу темни флеки и целосно не ми се повлечени ама ми се многу намалени.
Овие флеки ми се појавија на лицето после бременост. Прво се обратив на приватен дерматолог кој што само ми препорача 3 препарати од Биодерма ( витамин ц серум , спф фактор и ноќна крема) и ми рече да бегам од сонце. После 3 месеци користење би имало ефект, не кажа дали би исчезнале а за чистење на лицето ми рече ако имам пари да ги купам пената и мицеларната вода од Биодерма. Отидов на второ мислење кај државен дерматолог од старт бев пречекана со зборовите дека ништо нема да помогне само хемиски пилинг. Да одам ли на трето мислење? Ваше искуство?
Според мене, комбинацијата од тоа што ти го рекле двата доктори ќе ти даде најдобар резултат . Ако не сакаш директно на професионален хемиски пилинг, можеш да почнеш прво со комерцијалните иако се разбира, најдобар ефект ќе добиеш со професионалните, тие функционираат подлабоко и ќе ти ја заменат кожата што ја содржи пигментацијата, со нова, здрава кожа. Обичните киселини помагаат и по многу подолго време ќе го постигнеш истиот резултат. Не навлегуваат толку длабоко за да може да ги користи секој, за тие длабоко мора надзор и контрола од професионалец.
Кога ќе отидам на дерматолог и ми кажува Биодерма ми се крева косата. Најмногу се нервирам вака кога не предлагаат ништо друго. Пр пената и мицеларната немаат никаква допирна точка со тоа што сакаш да го третираш и можеш да користиш било која. Мене лично на Гарние розевата ми е топ. Хемиски пилинг верувам дека ќе даде резултати, а исто така и ретинол. Јас имав ситни точки но беа доста на број (бидејќи не ставав доволно спф годиниве наназад) и можам да кажам дека 90% ми се избледени. Инаку користам на Ординери аха+бха еднаш неделно, а наизменично нијацинамид и ретинол 0.5%. Да се надополнам бидејќи сега прочитав за бременоста, бремени жени и доилки не смеат да користат ретинол, така што ти препорачувам нијацинамид, азелаична киселина и аха+бха. Ако не ти се нарачува од Ординери, имаш и на Ревокс.
Дали некој ги има користено производите на anesi за чистење на пеги да сподели искуство .. моите се вродени па уште ова го немам пробано или некој друг производ да предложете што дал резултат.
Секогаш кога ќе отидам на плажа од сонцето ми излегуваат премногу пеги и не ми фаќа боја лицето. Некоја препорака ве молам