Викаат дека витамин Ц серум најдобро се покажувал во избледување на флеки и пеги. Флекички мали сум имала и јас, ми помогнал да избледат, но со пеги немам искуство. Најзадоволна сум од Накоми витамин Ц серумот, еве имај го него на ум. Друга ефикасна козметичка линија против флеки е дефинитивно Еуцерин анти пигмент линијата. 100% помага со пигментации, флеки и слични работи по лицето. Би требало да биде добра и за пегите.
Јас го користам на Revox витамин Ц серумот али не гледам никакво подобрување. Ќе го земам овај на Накоми, би требало да е подобар.
Накоми можеш, исто одлични се и витамин Ц серумите на cosrx. Разлистај низ elloxy и coslove, па постни доколку нешто ти фати око и ќе помагаме во изборот.
Ако се од сонце, а имаш светол тен, плави очи и светла кса тешко ќе избелат. Јас дури и со ласер пробав и ништо. Во принцип транексамична и коична киселина како и ниацинамид и вит Ц би требало малку да помогнат. Кај мене барем имаше мала промена на подобро. Мислам деја најмногу му помогна LaRoche MelaB3. Сега купив еден серум на Nineless со коична киселина па ќе видам како ќе се покаже.
Искрено, и јас имам флеки, иако делумно ми избелеа со козметика на Новексперт, летово пак им се засили пигментацијата, особено кога интензивно користев спф креми и сфатив дека флеките ми се појавуваат од спф кремите. Кога си го враќам времето наназад, и по сликите што ги имам, сфатив дека флеките ми се појавија откако почнав за лице да користам спф креми. Претходно не сум користела такви креми, а дури и после две бремености немав никаков проблем со флеки и пигментации на кожата. Почнав спф креми да користам, демек така било пожелно за заштита, излезе дека полошо прават. Почнав да ја редуцирам употребата на спф крем, да не кажам престанав да користам, флеките се губат, а поминав доста време на сонце последниве три недели. Не знам што да мислам. Пак ќе ја земам козметиката на Новексперт да видам дали зимава ќе успеам целосно да ги избледам.
Не сум размислила дека е можно да се спф кремите виновни. Јас па нонстоп мачкам спф креми, до маркет да одам на рацете ставам оти ми се појавија доста ситни пеѓи и нови бенки и само се нервирам кога се гледам. Ќе пробам и јас да не ставам ништо. Ете баш наредна недела ќе одам на викенд на море па не ставам ништо на мене.