Флеки/шаренило на кожата

Дискусија во 'Тело' започната од OzzyAngel, 8 август 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Белег

    Девојки, уште како помала забележав на ногата мал белег, поточно круг на кожата во бела боја... како што растев и тој се зголемуваше, сега ми е многу поголем од порано, секаде кожата ми има нормална боја, а само таму е бела! мајка ми ми кажа дека таков белег не сум имала кога сум се родила! сега забележувам на стапалото ми се направи иста таква точка бела... дали сте слушнале за вакво нешто и дали може да е опасно??? јас планирам да одам на лекар! :worried: :worried: :?: :?:
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.340
    Пол:
    Женски
    Ози може да е витилиго, тоа се појавува така, како бели дамки кои може да се прошират.
    Мислам дека имаше една тема за витилиго.
    Најдобро е да одиш на кожно.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Сестра ми има еден белег на зглбот на ногата, малку посветол од нејзината кожа. Никогаш не и пречел, ама не се ни менувал.
    Што се однесува до тебе, мислам дека можеби е некоја кожна болест, или нешто со пигментацијата. Имам слушнато за нешто вакво, кога се појавуваат како флеки на кожата, ама од што се предзивикани не знам. Најпаметно ти е да одиш на дерматолог и ќе ти кажат. Немој да читаш и да бараш на интернет, само оди на доктор.
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Фала за советите, јас тоа и го планирав, да одам на лекар, но да ви кажам искрено многу се плашам од нашите лекари, заради “стручноста“ што ја имаат, пред една година ќе умрев заради нивното не знаење! од тогаш ми се чини дека ако појдам на лекар, нема да знаат да ми кажат што ми е :( :( :sweat:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Да одиш на лекар.Инаку не сакам да претпоставувам ама може да се работи за споријаза..Делови од кожата поради намалување на пигментот белеат.Ама најдорбо е на кожен лекар и да направиш испитувања.Штета што доктор Докчев во Скопје веќе не работи..инаку е одличен одма ќе ти кажеше што е и ќе ти дадеше терапија.
     
    На ilijana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zdenka

    Zdenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас имам флеки / шаренило на кожата...Мене ми е тоа генетски од мајка ми(најверојатно) и ги имам веќе 2 години ,а се повеќе и повеќе се прошируваат насекаде.Кога бев на лекар ми дадоа некои креми и триста глупости кои не ми помгнаа.Мајка ми ми даде еден лек кој и помогнал на неа,незнам како се викаше нешто на р... Мене тоа ми помогна..црвена течност е ама беше до половина во кутивчето,ми помогна ама не ми ги извади целосно дамките.. Му кажав на татко ми да ми купи такво исто од аптека за да ги отстранам целосно,ама немало баш ист како претходниот па му дале таков лек ама од друга фирма (тоа беше со слично име или исто незнам..само исто кутивче ама друга лепенка и течноста беше мн посвтла од предходната...) почнав да го користам и ми помага колку толку ама еве до сеа 3/4 пати го имам употребено...и пред некој ден ми текна да го прочитам упатството..и во него пишува дека тој лек ми е препишан лично мене и дека не треба да го давам на др луѓе (инаку лекот не ми е препишан од лекар) и исто имаше и негативни дејства..болење на главата..мн ретко опаѓање на косата и сл..мене во последно време ме боли главата незнам дали е од тоа или што..а исто и почнаа да ми паѓаат повеќе влакна од косата отколку вообичаено.. :worried: :worried: Па сега мислам да пробам со некој природен лек ако знае некој и ако имал ваков проблем нека пише поз и фала :)
     
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Јас имам флеки од раѓање. Исто генетски од татко ми, не сум пробала да ги лечам, зошто мислам дека се дел од мене. Не дека некогаш не ми засметале, ама видов дека никој не ме гледа во нив. Не се разбирам многу али мислам дека се што е генетски не се избелува.
     
  8. Zdenka

    Zdenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    da i jas mislam deka e genetski ama se lekuvaat.. :worried: :worried: :worried:
    da otidam na lekar ke mi dadat trista gluposti koi ne mi pomagaat :( :( zatoa prasuvam nekoj da ne znae nesto prirodno...zs nemozam pak da zeam neso na svoja raka pa posle da sum alergi4na na neso so sodrzi toa i so ke praam.? samo belja ke napravam nis dr :/ inaku tie moraat da se lekuvaat zs ke se prosiruvaat i prosiruvaat i kako krastava zaba ke bidam posle :( :( :( bas vidov edna takva zena na zeleno pazar4e so takvi ogromni fleki [po rambovka bese ona]i stvarno grozna gletka ;( ;(
     
  9. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    37
    Имам слушнато за некој доктор од турција кој им давал некои креми на природна база и поминувале флеките од тие.Имам другар што има и да ти кажам нема врска дали има или нема. никој не го забележува сите гледаат каков е човекот,а не дали има флеки или не..позз
     
  10. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    23
    И јас имав флеки во пределот на стомакот,па случајно ми текна да ја прашам една докторка(не ми е матична) ми ги виде флеките и ми рече да купам крем Канестен се вика,се мачкав секој ден после капење и кремата покажа зачудувачки резултати,значи дека сосема ми ги снема,пишува во упатството дека нема несакани дејства што би биле последица од употребата,лекувањето може да се продолжи уште 2 недели откога ќе исчезнат флеките.Исто така и сестра ми имаше и таа ми кажа за истиот крем дека и нејзе и помогнал многу.Се надевам дека и тебе ќе ти помогне поздрав
     
  11. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    15
    јас па имам флеки по нозете...сама сум си крива за тоа ама касно забележав...пошто се депилирам со депилатор имав мн поткожни,и ги стискав...после тоа имав црвенила ги мачкав со ракија и павликева,ама ми останааа...и сега имам флеки така црвени/темно виолетови кругови :( незнам со што да ги мачкам ве молам казете некој совет :sweat:
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    4.302
    вака пред се треба да се разбереме за какви флеки станува збор дали како флеки кој се наследни и вродени или флеки кој што се јавуваат како дел од потење?? пред се мислам дека има голема разлика ...
    можам да ви кажам за оние темни (кафени) флеки кој што се јавуваат како резултат на потење на стомак, позади на нозете (позади коленото делот што се спојува меѓу нозете ), под пазувите, на делот кај бутчињата кај што се тријат нозете... кај некој може и да стануваат и на друго место. ваквите флеки се чистат со шампон оранозол или орангозол побарајте го во аптека и ке ви го дадат или некој сличен сеа мислам има од друга фирма само. таквиот шампон се користи во отприлика месеците пред да почне да грее сонце негде (март-април ), и се нанесува на тело додека се туширате и се стој 5-10 минути потоа плакнете. постапката се повторува 5-7 дена секој ден. резултатите се видливи и флеките ги снемува. испробано од моја страна. за тие вродените флеки навистина незнам како се третираат :( значи резултатот и лекот е за оние кафени дамки.
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    И јас не разбрав за какви флеки станува збор... темни флеки како хиперпигментација или бели флеки како губење на пигментација?
     
  14. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    15
    флекиве ми се како дамки...значи не ми се наследни туку било какво брунче и да сум стиснала или поткозно да сум извадила на тоа место ми останаа дамки/флеки...ми стојат од лази од зимото и никако не ми минат...по боја се некако темно виолетови/црвенкасти некако
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Не знам некој природен лек за такви дамки, но ако случајно некаде најдам ќе ти пишам. Прашај дерматолог за некој поблаг хемиски пилинг, со тоа горниот слој на кожата се обновува. Јас правев еден Cosmo пилинг и ми помогна, но моите флеки беа од акни. Но можеш секако да прашаш, само што и овој метод не е баш најздрав.
    Се надевам ќе се справиш некако, само никако немој да ги чепкаш.
     
    На ilijana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marijamende

    marijamende Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    i jas imam problem so flekite veki 2 god,kaj mee se beli i nekogas se pojavuvavaat mnogu,nekogas malku,kaj mene gi ima samo na racete.Ako znaj nekoj nesto neka pisi.
     
  17. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    15
    ок livingglam фала ти многу сепак :)
     
  18. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Од летово ми останаа бели дамки на грбот, нели како обично кога се лупиме... ама проблемот е што сега ова ми остана по колку месеци, како ишарана ми е кожата и цело време си се шегувам дека сум како тигар... а понекогаш ми се појавуваат и темни дамки по кожата, ама исчезнуваат :worried: ах неможе човек на раат да си биде!
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.412
    И мене ми се појавија бели точки,некои со правилна форма,некои како гроздови,повеќе едно до друго.Си ги имав се додека не ме виде мајка ми,а јас не им обрнував внимание,не ми пречеа и мислев ќе си поминат.Ми кажа дека е габичка,и се имало случено и на неа кога била помлада.Обично се фаќала летно време,преку допир со друг кој е заразен и особено погодно за развивање и е влажната,испотена кожа.И права испадна.Летоска ми се ширеа и беа поголеми,сега откако залади помали станаа и не се проширија,а додека претходно се појавуваа на нови и нови места.Истата габа е во прашање и кај потемните флеки на кожата.
    Се мачкам упорно последниов месец и пол со канастен,буквално местенце по местенце,од нозете,рацете,деколтето,грбот и сега немам ништо,скроз ги снема.
     
  20. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    680
    Како што спомена Лилит и мене летово ми се појавија исти вакви флеки, само на раката во форма на грозд. Почнаа полека да се шират и отидов во аптека и им ја покажав раката на аптекарките и тие ми рекоа дека се работи за кандида и дека треба да се мачкам со Canesten.

    Веќе 2 недели упорно се мачкам, секој ден, меѓутоа се уште немам забележано некои значителни резултати. Факт е дека не се шири флеката, меѓутоа се уште не ми се исчезнати, ниту мал дел.

    Па, сега се надевам дека треба бар уште некое време да помине за скроз да исчезнат.