Па за темните флекички што ми се јавуваат понекогаш користам канестен и баш е ефикасен, од 3-4 ставања ми поминуваат,а не сум пробала и на беливе... ај баш ќе пробам дали и на тие ќе има ефект
Дамки од мозолчиња на телото Веке некое време на нозете ми се појавуваат внатрешни мозолчиња,кои подоцна откако ке излезе влакното ми искачаат флеки кои не ми поминуваат. Дали знаете некоја крема или некој препарат што сте го користеле, а е ефикасен?
Дамки од мозолчиња на телото hmmmm prvo da prestanes da gi stiskas potkoznite vlakna moze ) posle toa stavaj nesto od neven kremi imas mn ama od neven neka se i da ti kazam deka tie fleki ke se izgubat na sonce toa ti e od mene pozz [mod-kirilica:11eqtnkl][/mod-kirilica:11eqtnkl]
Дамки од мозолчиња на телото КРЕМ ОД НЕВЕН АМА БУГАРСКИ,ГО ИМА ВО АПТЕКИ 80 ДЕНАРИ Е.ВЕРУВАЈ КЕ ТИ ПОМОГНЕ МНОГУ ИЛИ KINGELBLUMEN-SALBE ГЕРАНСА КРЕМА ОД НЕВЕН Околу 240 денари е таа.. Едит:Mислењето е редактирано од страна на модератор.Користете големи букви само кога сакате да назначите дел од текстот.
Дамки од мозолчиња на телото јас мислам да не експериментираш со креми туку да појдеш ти кај дерматолог, да те прегледа, и тој нека ти препорача крема/гел оти со вакви нешта нема шега и немој да ги стискаш сама оти само полошо можеш да направиш
Дамки од мозолчиња на телото и јас го имам истиот проблем и почнав да користам крема од невен ,Kingelblumen Salbe-споменатата од pin4e, па ќе видиме дали има ефект......
Дамки од мозолчиња на телото Јас ги имам овие и по грбот, микс од мозолки и гадни флеки кои ми одат на нерви и се мислев дали да си купам Контратубекс, ама мислам дека посетата кај дерматолог ми е неизбежна, а ме фаќа страв искрено
Јас сум загрижена ама не сакам да им спомнам на моиве оти ептен се паничари, не сакам да ги плашам беспотребно- зимата додека лежев во када случајно си здогледав на внатрешноста од ногата, горе кај препоните 2-3 бели точки со големина помала од 1 цм. Пред некоја недела бев на солариум и денес се приметив на огледало кожата исончана а точките стојат, и како проширени ми се видоа Се плашам да не е Витилиго- а затоа не сакам да спомнам на моиве, оти за него нема лек, може само да се шири Се трудам да најдам логично објаснување дека можеби е нешто друго, ама не знам што би можело да е, и не знам со што да пробам да ги третирам Дали некоја од вас имала вакво искуство ?
Една другарка имаше вака светли кругчиња по грбот и беше на лекар и дадоа маст и се мачкаше редовно и сега грбот и е пак како порано,без флеки,не знам што и беше тоа,ама отиди си на лекар,па и немора да им кажеш на твоите па види што ќе ти речат
Сеси да не ти се лишаи? Се лупи кожата на тоа место, има нерамнина или само обична кожа обелена? Фати малку боја од солариумот или тотално е бело?
Лишаи не се, кожата не се лупи- значи не е псоријаза, туку онака мали точкички кои сега се проширени на област од околу 3цм Сега ги загледувам на темно не се толку бели, на дневна светлина ми се видоа ептен и затоа се исплашив дека нема кожата пигмент ако има Витилиго Јарец малку ме смири дека може и од друго да излегуваат, не знам што да правам, се трудам да не паничам
Не се секирај мислам дека не е нешто сериозно,на другаркава и се има случено неколку пати и тоа да видиш грбот лом да помислиш дека е нешто страшно,ама со маст и помина,отиди си до лекар сама и ќе ти кажат точно.Позз и се надевам не е ништо
Излегуваат и од друго такви дамки, па се повлекуваат. Оди на дерматолог, мислам дека ќе ти кажат да не се тушираш со сапун и гел, само со вода Пробај да не нанесуваш на тој дел од кожата нешто сапунесто, зашто неповолно делува и го забавува оздравувањето. Во секој случај, обавезно оди на дерматолог, а витилиго не верувам да е, зашто не е типично место каде што би се појавило.
Јас пробав да сликнам да видите- ама не се познава на сликата многу- ама како што имам видено каква е кожата од витилиго ептен е бела, а мојава некако има некоја потемна нијасна, ама сепак дели од исончаното Ајде здравје кога ќе си одам дома, се консултирам со моиве- сепак не се лаици, и ќе одам на дерматолог, не ми се оди без да си кажам- воспитано дете шта ќеш Ливинг, а зошто не би се појавило таму ? Абе си има тестови за да се открие дали е или не, знам во Воена Болница дека сигурно ги прават ( на една моја 2ра братучетка- 5 години е душава и открија дека има ) , ама не сакам толку да паничам, а денеска приметувам и некое пецкање само на таа област Се распишував, а свесна сум дека не можете ништо да ми помогнете , ама ај да си ја олеснам душата
Сеси колку што знам витилигото почнува на рацете или симетрично на лицето, може и на полови органи ама многу ретко. Зафаќање на други делови е ептен ретко, кога е веќе проширено, затоа мислам дека не е типично место. И ако те пецка сигурно не е тоа, зашто витилигото не пецка воопшто.
Не знам за какви флеки зборувате ,има флеки кои се потемни и посветли од бојата на кожата..да пробате да се намачкате со течност ,ја прават во аптеки,сега се вика раствор број 2,јас така го купувам ,на чиста кожа се мачкате, и на следното туширање или бањање,со фротирна крпа истријте ги,ке отпадне како лушпи од кожа, и повторно намачкајте се. Правете го тоа барем еден месец,мене ми помогна ,ако помогнам на некого ќе ми биде мило.
Кaжете некој лек за флеки после сончање.бев на одмор и сега сум сета исшарена со темни флеки се срамам да го покажам грбот. одкако се вратив се носам маички со ракави,а што е нај трагично треба да одам на свадба а си купив фустан со гол грб .аман казете некое чаре!
има ваква болест ја има еден мој другар и спречува ширење со правилна исхрана нема лечење.. иди на доктор у секој случај