Ух флерт е врв, флертувам претежно со контакт со очи, подолго задржување на погледот. Ихаааа. И осмех, некад наздравување оддалеку. Ма храни флерт, кој и да рече дека не, мене ми е возбудливо..
Насмевката прави чуда. Танцувањето и ненадејните буткања со грбовите. Вашиот глас, доколку е природно нежен може да заведе многу машки. Кај мене на него паѓале ептен.
5 видови флерт кои ги откриваат намерите Проверете дале сте традиционалист, или сте склони кон физичкиот начин на заведување. Неодамна довршената студија за стиловите на флертување на возрасните луѓе, при што е испитано повеќе од 1.500 луѓе. За нивните методи на романтична комуникација донесен е заклучок дека постојат пет стилови на флерт: физички, традиционален, пристоен, искрен и забавен. Во физичкиот флерт луѓето покажуваат сексуален интерес за потенцијалниот партнер и често бргу се впуштаат во врска, развиваат повеќе сексуална хемија и емоционално се поповрзани со партнерот. Во традиционалниот стил мажите го прават првиот чекор, а жените се во пасивна улога. Двата пола кои го негуваат тој стил преферираат „поинтимни“ средби. Многу луѓе го практикуваат забавниот стил кој служи за зголемување на самодовербата, врските не траат долго и немаат некоја подлабока содржина. Кај искрениот флерт двете личности покажуваат емоционална поврзаност и искрен интерес за другата личност во која се препознава потенцијалниот партнер. Иако во таков вид на флерт повеќе се впуштаат жените, има и мажи кои го применуваат тој стил на заведување. Кај пристојниот флерт личностите внимателно го покажуваат интересот и веруваат дека пристојните манири го трасираат патот до срцето на партнерот. Сознанието кој стил најмногу ви одговара може значително да помогне во успешното додворување кое подоцна може да резултира со долготрајна врска па и брак. Спојлер http://www.crnobelo.com/
ОООО, обожавам да флертувам . Тоа ми е втора природа, понекогаш се заборавам, и сама незнам дали флертувам или нависитна сум заинтересирана. Мене флертот ми е многу забавен, ме релаксира. Најзабавно ми е кога соговорникот е мој тип, е тогаш флертот е ептен погоден. Понекогаш “жртвата“ сериозно го сфаќа мојот флерт и тогаш обавезно се повлекувам, нема смисла. Си мислам , како бе не забележува дека флертувам, некои луѓе едноставно не знаат да се опуштат. Додека допири со раце и заводливи погледи, или некои слични покрети со некои делови од лицето, според мене не се флерт туку обид за заведување. То не го правам. Штета што дечко ми не љуби флерт, мислам дека би ни било позабавно. И ден денес не ми е јасно како го фатив без флерт ? Се само озбилни муабети правевме. На крај памет не ми текна да флертувам со него , незнам зошто ?
Дали ви се има десено, да застанеш пред оној што ти се допаѓа, и пред очи да му кажеш "МИ СЕ СВИЃАШ, МОЖЕ ДА ТЕ ГУШНАМ" хахаја лудоо ама мислам дека пали, и малку директно
Не би направила така, не би сакала некој на кој јас му се свиѓам да ми направи така, премногу нападно за мене.
Некои раб од овие кои ги кажувате,сум ги приметил но ни на крај памет дека тоа флерт било,јас кога ме гледа барам некоја етикета да не имам на маицата заборавено да ја скинам,па затоа ме гледа.
И јас а и познавам машки и женски што им е крипи ова. Единствено сум приметила ова да упали кај машки што сакаат да легнат вечерта па ако им е убаво девојчето, ајт.
Сакам да флетрувам, сакам јас да бидам ,,ловецот'' и често го правам првиот чекор. Тоа ми е малку чудно, бидејќи за се' друго сум затворена и не сум многу комуникативна, но кога флертувам со некого, тие невидливи ѕидови околу мене се рушат. Контактот со очи е незаменлив, но не го задржувам постојано. Говорот на телото издава повеќе информации отколку што ние сме свесни, а и самиот глас, насмевката... При комуникација со некој што ни се допаѓа, мислам дека флертот се случува природно.
Јас никогаш не приметувам кога некој флертува со мене. Ми имаат многу кажано дека јас на нив сум им се пуштала, што никогаш не било точно. Јас пример сум многу опуштена и зборлеста, ќе се закачам и шалам. Али пример кога сум со некој што ми се свиѓа сум спротивното, ме тресе некој страв и срам, и ми треба многу многу време да се опуштам. Најверојатно зашто кога сум со другари не му ја мислам што мислат за мене, нивното мислење не ми е толку битно, колку што мисли тој што го сакам (ако некој ме сфатиии амин)