Флеш моб претставува спонтан и ненајавен отворен настан кој се одржува од одредена група на луѓе со одредена цел. Група луѓе се собира на одредено јавно место во точно одредено време, симултано прави нешто невообичаено и потоа заминува. Целта е настанот да го креираат луѓе кои меѓусебно не се познаваат, но го почитуваат договорот и времето. Така, кога акцијата ќе се заврши, сите се разидуваат без дискусии или каква било меѓусебна комуникација. Повиците за флешмоб стигнуваат преку електронска пошта или СМС-пораки. Забрането е телефонирање и говорна комуникација. Со еден збор, целата организација се изведува во виртуелен простор. Овој вид на анимација на луѓе станува голем хит во целиот свет. http://www.youtube.com/watch?v=oX6oSs7FHs0 http://www.youtube.com/watch?v=H7TevUvnPUQ ● Што мислите за ваквите настани? ● Дали би учествувале во еден? Денес на плоштадот Македонија и во Веро Центарот се одржа флешмоб Tribute To Michael Jackson. http://www.youtube.com/watch?v=3ZoCjnEMS2A За идни флешмоб настани можете да се информирате од страната на КреАКТИВ.
еве го официјалното видео, беше забавно да се биде дел од овој настн http://www.youtube.com/watch?v=QFggHeo2aMw
Многу ми се допаѓаат ваквите настани и баш ми е мило што и во Македонија навлезе овој тренд. Интересно е и несекојдневно. Се надевам дека почесто ќе се организираат вакви "спонтани" настани. Би учествувала во Флешмоб, зашто да не. Како што ми е забавно за гледање, уште позабавно ќе ми биде да бидам дел од него.. Еве еден флешмоб, овојпат од филм: http://www.youtube.com/watch?v=AcF1AMace2s
Епа многу ми се свиѓа ова Пред некое време нели имаше и кај нас во ВЕРО, закон беше. Имаше девојки и дечки собрани од секаде, кои сакале да учествуваат во ова, и одлично испадна на крај. Јас незнам ни самата зошто, не се пријавив, а многу сакав.. Впечатоци ми кажуваа одлични од настанот. Запознавање нови деца, нови типци, забава... Значи главно убави впечатоци имаа од целиот тој настан и од самата дружба. Oва ми е ептен закон http://www.youtube.com/watch?v=7EYAUazLI9k
Многу пријатно ме изненади ова па уште дека имало и во Македонија таков настан!!! Добро, не ми се јасни неколку работи: - како ја знаат сите учесници заедничката кореографија? нели не се познаваат меѓу себе, немале претходна средба. Не може сето тоа во смс порака да се смести. - кој и од каде ја пушта музиката? - дали за тоа знаеле одговорните во ВЕРО? Многу е добро официјалното видео TheIsePrincess што го постираше, се гледа како спонтано почнува и како експресно по крајот од песната најспонтано сите се разминуваат како да ништо не било. Многу е кул ова!
-Се познават како не се познаваат, прочитај го мојот коментар Добро осмислена е целата кореографија. Пред настанот месец унапред се вежбаат. И доаѓаат сите у Веро пример, и демек не се знаат и еден почнува а другите се придружуваат. -Музиката ја пуштаат сигурно некои надлежни во ВЕРО, во договор со организаторите на Флеш-мобот. -Многу нормално дека знаеле
Најавено беше на страната на креАКТИВ на фејсбук, само требаше да се испрати меил во кој добивавме видео од кореографијата и термини за пробите. Не мора да одиш на проби ако не си од Скопје, битно е да ги знаеш чекорите.
флешмоб е интересен настан, оваа сабота на плоштадот магнолија ќе учествувам на настанот организиран од црвен крст
Моја најголема желба, да учествувам во еден ! Кога и да видам некое видео или вo живо да видам, се разнежувам и се топам целата. Таа организација, таа атмосфера што ја создаваат со нивните чекори, музиката, насмеани и нови лица околу тебе, прекрасно е. Во Италија кога бев, ние направивме. Еден дечко, добар на гитара и добар пејач, свиреше и пееше - а ние денсавме околу него. Преубаво беше, но тоа не беше вистински, онака само ние за забава, сите се знаевме меѓу себе. Омилен ми е тој во воз што беше, сите кога извадија виолини и слично, но неможам да најдам линк.
Дефинитивно ги поддржувам.Прекрасни ми се,а и многу убаво излегаат. Да би имала можност секако дека би учествувала!
Многу сакам да учествувам во еден. Но, едно прашање, малце глупо... како сите играат исто? Се договараат или нешто? Не ми е уопште јасно