Спојлер: ... Се утепав барајќи ваква тема, ама не најдов, и морам да признаам, се разочарав. Ја следите ли оваа серија? Што мислите? Се работи за тимот 1 на специјалната полициска единица од Канада. Тоа е тим од 6 полицајци: Грег, Еди, Џулс, Сем, Спајк и Раф (барем моментално ) И знаете, типична криминална серија, акција, трилер... Секоја епизода нова приказна. Серијата е составена од 5 сезони, на Сител мометално е четвртата. И се емитува во 23.30 (мислам).
Не знам зошто никој не ја гледа серијава. Јас сум заразена со неа дефинитивно. Еди ми е омилен, ептен си го сакам.
И јас ја следам редовно. Едно од малкуте нешта што може да се гледаат на нашите национални телевизии.
Последните две недели почнав да ја гледам серијата и можам да кажам дека дефинитивно е најдобрата серија што ја давале на сител. Сега и на интернет почнав од почеток да ја гледам. Спајк сега за сега ми е омилен
Ја обожувам сријава. На Сител не ја следам редовно, кога можам тогаш. Но ја гледам на интернет и скоро сите епизоди сум ги изгледала. Одлична е серијава.
Е баш ми е мило што се јавија повеќе љубители. А каде ја гледате онлајн, планирам и јас отпочеток да си ја фатам.
Ако твојот пост се однесуваше на мене, повели: http://watchseries.lt/season-1/flashpoint Можеш да го симнеш, а можеш и да го гледаш онлајн. Само првата сезона е. http://www.hulu.com/flashpoint А на оваа страна можеш да ги бараш епизодитепо ред по сезони. Заборавив да пишам, доколку ја фаќате програмата Btv action, ја има секој работен ден. Кај нив од осум часот а кај нас тоа е седум часот.
Си ја најдов јас со превод сите епизоди, ама сепак фала. А како повеќе ви се допаѓа екипата, со Ворди или Раф? Јас само 1-2 епизоди со Ворди имам гледано, па затоа со Раф повеќе ми се свиѓа. А Еди секако ми е ол тајм фејворит и нема шанси некој да биде подобар од него.
На мене ми се допаѓа повеќе со Ворди, дали затоа што повеќето епизоди се со него. Знам дека Раф е сега на негово место бидејќи тој си отиде од тимот заради болеста што ја има. Ворди ми беше по позитивен лик. Инаку ми се допаѓаат сите ликови, но Спајкчо ми е најдобар (воопшто не личи дека има 42 години )
Лело, секако дека не постои тема за серијава со оглед на тоа дека нема поголем обожавател од тебе. Спојлер: Put - in И на Путин да му отвориш тема, убавезно!
Денес ги изгледав последните две епизоди од петтата сезона. Спојлер Леле како се тресев кога Кларк беше под урнатините и Сем кога го фати бомбата. Баш беа интересни последните епизоди, иако она со Дона не требаше. А и Грег, леле, ептен беше напнато. И не сакам да заврши бе. Сега ќе ја гледам таа The Final Salute, додатната, па ќе почнам, филмот, и од прва епизода до крајот на трета. Тие не ми се гледани. Спојлер И ептен ми е жал што Раф се откажа, супер беше, ама и Лиа е во ред. Само да ве прашам тие што гледате на Сител ако има такви воопшто, до која епизода сте стигнати, бидејќи јас по две гледам и загубив ориентација.
Се приклучувам Ја гледам на Сител, ама сега прочитав дека е дури петта сезона. Ќе ја гледам на нет од почеток. Последниве неколку недели се заразив, многу ги сакам ваквите серии.
Јас ја гледам и на сител и плус на интернет. На сител во понеделник ќе ја даваат последната епизода од 4тата сезона. Во епизодата Грег донесува одлука и решава да остане во тимот а плус им ја одобруваат врската на Сем и Џулс и нема да ги разделат во посебни тимови. Петата сезона не ми е гледана, не сакам да почнам бидејќи колку повеќе одам кон крајот толку повеќе душата ме боли. Првпат толку да се поврзам за серија .На многу епизоди сум се расплакала.
Ако си плачела досега, последните две епизоди очите ќе си ги исплачеш. Ама ми се допаѓа што не ја оплескаа со тажен крај, супер си е крајот, на место, а најмногу ми е мило за Спојлер: ... Спајк и Вини Е првата епизода од петтата сезона е премногу, премногу тажна, ептен ќе остави трага кај Еди, добро е што остана силен и не се откажа од тимот, ама затоа пак Спојлер Раф И мене серијава за брзо време ми стана омилена, и празен ми е денот ако не си ги изгледам двете епизоди. Ама денес решив да паузирам, од утре ќе ја гледам The Final Salute и филмот од 2008. Па почнувам од прва сезона. Што ќе правам кога ќе ја изгледам целата којзнае.
Прочитав дека Спајк и Вини официјално ќе бидат во врска и искрено ептен ми е мило.. Лело ти сега имаш уште многу за гледање кажи ми јас што ќе правам само уште 10 епизоди имам до самиот крај, а на ден гледам по 5,6 епизоди..од денес ќе ги намалам (ќе гледам само по 1 или 2 дневно) Вчера ги изгледав првите две епизоди од петтата сезона..За Раф не ми беше толку многу мака колку што ми беше за Ворди. Спојлер
Јас ја изгледав The Final Salute, ептен е интересна, иако е многу кратка. - Amy Jo, what are you going to miss about David? - Well, sitting in the car for hours and talking sh**t... oops. Душлиња. Ги гледав и првите 4 епизоди од првата сезона, Сем и Џулс се еееептен слатки, ама многу ми е чудно, Вини никаде не ја гледам, немаат ни некоја посебна централа, а и технологијата многу послаба. И сликата некако полоша, ама што е тука е. Спојлер: :D Само јас и ти пишуваме во темава, другите слабо некако.
Спојлер Гледам дека само ние двете пишуваме во темата, се надевам дека уште некој друг ќе ни се придружи. Вини се појавува во последните неколку епизоди во првата сезона, мислам дека во втората ја нема..потоа во третата сезона исто така се појавува во неколку епизоди, а во четвртата и петтата сезона е во секоја епизода. Спојлер Мајкл (Ворди) ја објави оваа слика на твитер пред неколку дена
Даа, ја видов сликата, сите се преслатки. А гледам на местото на Вини кажуваат некоја си Сели, богзнае која, ниеднаш не ја покажале, само гласот и’ се слуша кога вика Team 1 get ready и Copy. Во овие први епизоди, Сем и Џулс ми се дефинитивно омилени, ептен се слатки, особено денес (6та епизода) Сем кога и’ ракоплескаше: Yeah Jules. Ти го пратив мислам тоа на Снапчат.
Баш пред некој ден ги изгледав и последните неколку епизоди..се истурив од плачење. Имаше многу добар крај. А оваа Сели е една плавуша, ја даваат и нејзе во некои епизоди. Другата недела и кај нас ќе заврши серијава, па се надевам дека пак нешто салам ќе дадат да гледаме не само турските серии...