Фоликулитис

Дискусија во 'Тело' започната од SexiLy, 28 октомври 2011.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сте запознаени со кожнава инфекција што често се јавува.

    Фоликулитис претставува инфекција која што е предизвикана од Staphylococcus aureus, но понекогаш и од Pseudomonas aeruginosa.

    Што е Staphylococcus aureus?

    Станува збор за облик на бактерија Staphilococcus aureus кој развила специфична отпорност, најпрво на делувањето на пеницилинот од 1947 година, а после и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази. Самото име кажува дека станува збор за бактерија која е отпорна на метицилин Methicilin Resistant (отпорен) Staphylococcus aureus. Бактеријата често е присутна на кожата или во носот на здравите луѓе, па се смета дека го колонизира (бакретиите се присутни, но не предизвикуваат инфекција, и болест), пределот на носниците кај 25-30% од популацијата. Податоците од САД велат дека 1/3 од популацијата е преносител на обичниот стафилокок. Што значи не е само болничка инфекција како што порано се сметаше.

    Битниот дел:

    Меѓутоа од стафилокотот, па и неговиот MRSA облик, разболуваат и луѓе надвор од болничкото опкружување. Најчесто се манифестира во вид на разни облици, акни, гнојни улкуси, и кожни абсцеси, кои може да бидат со различен изглед и облик, а обично се црвени, болни, и содржат гној. Ако причинителот на било кој начин продре во телото, може да доведе до опасно воспаление на белите дробови, кое многу тешко се лекува.

    Е сега ќе се задржам на фоликулитисот.
    Многу од жените го добиваат иако не се свесни за тоа.
    Симптомите на фоликулит вклучуваат блага болка, лупење на кожата или иритација. Знак за фоликулит е површинската пустула или инфламиран нодул кој го опкружува фоликулот на влакното. Инфицираните влакна лесно отпаѓаат или се отстрануваат, но болеста има тенденција да формира нови папули.

    Сликовито:

    [​IMG]

    Иако повеќето случаеви не се заразни, се почести се оние, кои што се пренсуваат од лице на лице, жилети, облека, депилација, џакузи, топли кади.

    Како и жените така и мажите ги имаат создадено со сопствениот брич.
    Кога се бричиме, преку отворите навлегуваат бактерии и ако "имаме среќа" ќе налетаме на погоренаведената бактерија. Потоа се прават гнојници, чиреви и абцеси кои што мислиме дека се од поткожни влакна, бидејќи најчесто се јавуваат после депилирање, а всушност се работи за кожна инфекција која што мора да се третира долго, за истата да биде искоренета. Во спротивно истиот филм ќе го гледаме постојано и постојано.
    Фоликулитисот најчесто се јавува на вратот, градите, задникот и нозете.


    Дали сте го имале овој проблем?
    После депилација дали сте приметиле некаков осип во интимниот дел?
    Дали истиот исчезнал или откако ќе се издепилирате/избричите ви се повторуваат мозолчиња? Како сте ги третирале истите?

    Сметам дека голем проблем е што козметичарките го претопуваат истиот восок и депилираат други. Како резултат на тоа, ваквата бактерија често се пренесува, особено меѓу жените.
    На вашето прашање зошто сте се исфрлиле таму, најчест изговор им се поткожните влакна. Можеби навистина се кај одредени, но не кај сите.
    Во Скопје скоро и да не постојат козметичарки кои восокот го употребуваат за една намена.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    По бричење ми се има направено :o но јас не обрнав толку внимание мислам дека павловиќева маст му ставив и помина по два дена :o леле да си знам за друг пат значи повнимателно !
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    И мене ми се има ова направено...како загноени мозолчиња изгледа и не изгледа нешто опасно...

    А превентива има некоја за ова? Да знаеме што да ставиме ако се појави и слично? :worried:
     
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Не е страшно дур не се направи како чир па да мораат без анестезија да го рецнат, односно инцизио да се направи.

    Да постои лек, но прво мора дерматолог да утврди дали се работи за фоликулитис. Бидејќи не сите мозолчиња се истото што и тоа.
    Некои се од исфрлање после брич, некои се од поткожни влакна, а останатите се овие.

    Инаку третманот се состои од инекции, антибиотици, лежење во леген секоја вечер со хипермангам и антибиотска маст плус црна маст.
     
    На blueberry93 и MacaLove им се допаѓа ова.
  5. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Јас имам вакви „брунчиња“ по нозете, и на горниот дел од рацете. На рацете има и мајка ми, па може е нешто генетски, ама ЦЕЛИ нозе ми се црвени и со вакви акни. Ама не се акни, не се мозолчиња. Ми се појавија летото после 5то одделение, мислам, кога прв пат употребив брич. Личат на иритации од после депилирањето, ама откога ќе се издепилирам не ги снемува, туку остануваат. Еве веќе година ипол не се депилирам, туку само се бричам, дека мислев ќе помогне, ама нема чаре. Сум пробала се‘, ама ништо не делува. И сега не носам фустани и сукњички без подебели хулахопки, во летно време носам само долги пантолони..

    Многу ми е глупо, оти имам прави и убави нозе, а не можам да ги истакнам. :worried:
     
  6. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    Мене гинеколог ми кажа дека вагинално ми се појавува ова чудо што претходно мислев дека е циста/бартолиниева жлезда... Чаре? Ми рече дека нема простор за инцизија, само антибиотик и облоги ациди борици. Може да дојде до нешто посериозно? Често ми се повторува, како да се решам на подолг рок?