Фоликулометрија

Дискусија во 'Бременост' започната од Cindarella, 20 септември 2013.

  1. Cindarella

    Cindarella Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    Девојки секаде барав по форумот не најдов нешто во врска со темава па решив да отворам
    дали има некој вакво искуство мене матичниот ми препорача бидејки правев лапараскопија се е во ред со мене и со мм и сега денес баш бев да ме боцнат за хормонален статус и крвна слика и од нареден месец да земам да ми следи фоликулометирја од овој месец неможам затоа што сеуште се расправам со забите :D :D
     
  2. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    тоа не е ништо страшно, се прави на ехо каде се следи бројот и димензиите на фоликулите што е важно за самата овулација кога ќе настапи и дали воопшто настапува овулација.
     
    На Cindarella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cindarella

    Cindarella Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    ти благодарам каја11,
    доколку се е во ред и и има фоликули колку би требало таа постапка да е успешна
     
  4. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    Cindarella значи јас правев фоликулометрии (3 вкупно) кога правев ифв и кога бев под терапија за да докторот знае кога да се направи пункција. Кај тебе најверојатно прво ќе те следи без никаква терапија за да точно ви каже кои денови точно треба со мм да се гушкате ;) Доколку повторно нема резултати можеби ќе подлегнеш под терапија најверојатно со кломифен, затоа оди разгледај ја таа тема(кломифен и бременост) имаш многу да си прочиташ. Со среќа срцка
     
  5. Cindarella

    Cindarella Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    ti blagodaram kaja se nadevam bez bilo kakvi lekovi ke uspeam a ako ne toa se ke se obideme
    izvinete za fontot od mob pisuvam

    devojki znaci hormonite mi se vo red se mi e vo red samo zelezoto mi e mn mn slabo mozno li e toa da poprecuva da ostanam bremena ve molam za pomos
     
    Последна измена од модератор: 27 декември 2017
  6. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Да ја заживеам темава.

    Во други теми пишував дека минатиот месец имав хиперстимулација со кломифен и три цисти како резултат на тоа. После тоа добив, цистите останаа, на 6ти ден се гледаа, матичната ми препиша дабростон да ги пијам од 10ти ден.
    Денес на 11ти ден бев приватно на фоликулометрија, на истиот јајник кај што се цистите, гинекологот виде фоликул 19х16мм. Рече пред прскање дека е. Виде и некои остатоци од цисти.
    Ендометриум 7.5мм.
    Прашање:
    1. Дали е возможно цистите да пукнат во рок од 5 дена без никакви лекови. Досега испив само две апчиња дабростон синоќа и едно денес. Дали е можно тоа што денес матичната виде дека е фоликул, да е цистата што почнала да се суши и да се намалила во дијаметар?
    2. Дали фоликулите се секогаш кружни? Дали ако не се идеално кружни, се неправилни и не ненормални? Всушност, овој доминантен фоликул кој денес ми го виде гинекологот, таа ми запиша дека е 19х16, а на листот-снимката кај што се гледа фоликулот и мерењата, пишува d1=19.1; d2=14.5, значи ова повеќе е 19х15.
    3. Дали ендометриумот е доволно голем за 11 ден?

    Тестот за овулација покажува приближување кон пикот што може да значи овулација но не мора. Ако сепак има, значи кломифенот си има продолжено дејство бидејќи досега 7-8 месеци никогаш немав толку темна линија, освен минатиот месец кога се стимулирав со кломифен и еве овој месец.
    Благодарам
     
  7. Beba95

    Beba95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2023
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Девојки,колку дена месечно се оди на фоликулометрија? И ако моментално одам во Систина на гинеколог може ли фоликулометријата да ја правам кај матичниот гинеколог бидејќи не сум од Скопје?
     
  8. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас препорака за фоликулометрија имав од др.Маџунков , а ја правев кај матичен .
    Започнавме да следиме фоликули на 7 ден од циклус и одев секој втор ден . (9,11,13) Кај мене беше само 4 дена ,бидејќи на 13 ти ден од циклус иако имав фоликул од 20 мм и очекувавме овулација кај мене настапи менструација.
     
    На Beba95 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Beba95

    Beba95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2023
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Фалаа :) Ти посакувам две цртки (fingers)
     
    На AlchinovaR1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, јас моите две цртки ги добив . Бремена сум 24 недела . Сега нека дава дедо боже две цртки на сите кои си посакуваат. Со среќа!(fingers):inlove::hug:
     
    На Marsi*, 5678m и Viveki им се допаѓа ова.
  11. Sparkleangel

    Sparkleangel Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали однос ден пред фоликулуметрија,ќе смета нешто на ехото,една другарка ми ги растерети мислите као дека ако маж ми свршил во мене,на ехото ќе се гледала течност што во најголем број случаеви ја промешуваме со овулаторна течност,малку ми изгледа смешно како може сперма да ја мешаат со овулација
     
  12. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа другаркати :D
    Сперма не може да се види на ултразвук (ехо). Ултразвучното снимање се користи за визуелизација на структури како јајниците, фоликулите, матката и другите органи, но не може да открие микроскопски ентитети како спермата. Присуството на сперматозоиди и нивната активност обично се проценуваат преку анализа на спермата во лабораториски услови, а не преку техники како ултразвук.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.