Да, јас пијам метилирана фолна на Тримекс, паралелно со витамин Б12 од истата фирма. Ми препорачаа да ги пијам поради тоа што имам мутација МТХФР хомозигот. Истовремено пијам и Магнезиум во капсули на Biolectra и витамин Д3 на Protego. Имам прочитано дека трудници со мутации во гените во никој случај не треба да пијат обична фолна киселина бидејќи телото нема да може да ја преработи како што треба. Дури и за оние жени кои немаат мутирани гени се препорачува активна форма на фолат, т.е Метил фолат.
Немам мутации, ама како најдобра ми ја препорачаја метилираната фолна па почнав со таква, ама чим е подобро во комбинација со б12 ке почнам и со тоа
Епа и јас сум хетерозигот на фактор VIII и мтхфр, и матичната вика доста било да ги допијам уште колку што имам и да земам омега 3 и др витамини и вчера ги допијав и незнам што да правам Иначе сум 19+6
Мене гинекологот ми рече сите витамини после јадење да ги зимам (ручек) ако не сум јадена да не ги пијам
Пред да останам бремена ги пиев овие мултивитамини https://replek.com.mk/product/форвита-витамини-минерали/ Во бременоста докторот ми препиша само метилирана фолна на now , но за жал бременоста прекина во 8мата недела и сега повторно си се префрлив на мултивитаминиве. Си пијам по една капсула наутро после појадок.
Пијам метил фолат од 400 микрограми, но при крај ми е, а дома имам цело шишенце од 800. Дали да пијам од нив? Читав по интернет дека до 1мг е доза која што се толерира кај нормални бремености, ама си реков да прашам и тука.
Слободно пиј ги јас пијам од 1000ка. 800 нее многу таман сие. Во меѓу време нарачај си од iherb каде каде се поисплатливи.
Стално од таму нарачувам и овие се од таму, ама ги нарачав пред да останам бремена, за да ги пијам додека се обидуваме, нели, појака доза