Девојки ај ако може мислење.Пред околу 20 дена имав спонтан, плодот престана да се развива во 7ма недела, сега чекам да помине прв циклус па да ги направам сите испитувања. Јас сакам да земам уште сега метилирана фолна бидејки докторот ми спомна дека треба да се пие 3 месеци пред да почнеме со обиди а бидејки овие 3 месеци ке паузираме па дали може уште сега да почнам да пиам пред да ги направам испитувањата? Знам дека можеби ќе е подобро да почекам додека ги направам сите испитувања ама знам и дека додека ги направам сите испитувања и добијам резултати ке поминат месец два па несакам после да чекам уште 3 месеци додека пијам па да почнеме со обиди. Ќе ми значи вашето мислење
Можеш да земеш фолна и витамини, имаш многу фирми. Јас не земав ништо, непланирано останав бремена, така да не е клучна фолната. Сепак си има своја улога, не е на одмет да земеш. Испитувањата си се плус, витамини земај слободно. Птенатални, магнезиум, вит Ц. Ако имаш финансии земи слободно.
Здраво девојки ми треба ваше мислење. Овој месец пробуваме со мажот за бебенце па почнав да ја пијам оваа фолна. Дали е многу од 1000 или да продолжам да ги пијам?
Здраво,ние додека се обидувавме мојата докторка ми рече можеш да ја пиеш оваа фолна пошто јас сакав да биде метил фолат ама пошто пиев и пренатални витамини и во нив има фолна киселина обична,докторката ми рече еден ден од фолнава еден ден од пренаталните витамини и така правев. Е сега после инсеминација докторот што ми ја правеше,ми даде во терапијата и метил фолатов и плус премама. Ама сега сум бремена и ги пијам двете одеднаш. Не ти е многу да си ја пиеш оваа ако само нејзе ја пиеш,ако пиеш и пренатални витамини пробај ко мене еден ден од фолната еден ден од нив.
Девојки, Тие што пиете метилирана фолна поради мутации, каков б12 витамин користите? Метилиран б12 или обичен?
Земи си ги слободно, немаш штета од нив, плус супер ќе ти дојдат ако веќе имаш мутации па ќе си покриена со метилирана фолна и Б12.
Фрката е тоа што не испитав мутации после спонтаниот, др рече и да имаш и да немаш терапијата е фолна актив е ко оваа погоре. Ми ја знае фин. состојба па сакаше да каже да не трошам пари за секакви испитувања. Шо знам....
Ич да не се секираш, јас пиев доста долго време метилирана фолна, уште пред да дознаам за мутациите, секако таа подобро се обработува во организмот, така да пиј си ги слободно. Од колку мг се фолната и Б12?
Сосема ок се. Па не се баш евтини, 600 денари се за нешто што се пие 3 месеци пред и првите 3 месеци од бременост. Метилиран фолат е ова.
Незнам, не сум ги зела уште, се прашувам дали се добри во комбинација со премама дуо бидејќи и во неа има фолати? Не сум уште бремена но планирам да пробам наскоро повторно
Ако немаш препорака за големи дози (1000фолна со 1000 б12) овие ти се супер. Јас ги пијам по препорака на трансфузиолог за моите мутации. Околу 370 денари се. Само внимавај има едни милти актив, тие се комплет со други витамини, се околу 700 денари и страшно мирисаат. Ене ми стојата така, нема шанси да ги пијам. Два пати повратив во оваа бременост и двата пати од нив и ги прекинав. 370 се тие што се чисто фолна со б12. Околу 700 се тие што се комплет витамини. Ако нема препорака за големи дози нема потреба толку да фрла пари. Мене Јани ми потенцираше дека немам потреба од огромни дози и ми ги препорача конкретно овие.
Ќе ве замолам за мислење. Дали фолната киселина од алкалоид е активна форма и дали е доволна да се пие во бременост во споредба со други фирми?
Дали има штета ако се пие метилирана фолна од 1000мг и дали тие се препишуваат во посебни случаи? Матичната по тел ми рече од 400 а докторот што ме породи првиот пат од 1000. Во претходната бременост освен високи дедимери се друго беше во ред. Имам 35 год. Инаку имам 2 позитивни теста, а за две недели имам закажано прв преглед.
Не е активна форма. Дали е доволна треба доктор да ти одговори во зависност од твојата состојба. На пример јас бидејќи сум со мутации пијам метил фолат од 1000мцг, тие од алкалоид не ми вршат буквално никаква работа, па така секогаш најдобро е да се консултираш со лекар.