Јас на почеток пиев и фолна и премама. После продолжив само со премама. Нормално така ми кажа докторот. Мислам штом ти ги спомнал и двете, земи ги и двете вкупно 0,8 мг ќе ти дојде
Јас пиев пре мама и магнезиум од 200мг по едно на ден. Во премама има фолна, не ти треба посебно. Со лесно
Zdravo do site imam edno prasanje pocnav da ja piem folnata kiselina no seuste ne sum bremena dali treba da ja prodolzim ili treba da napravim pauza? Se izvinuvam za latinicata od tel pisuam
фолната може да се пие цело време при планирање на бременост, не е на одмет. Јас земав скоро цела година, кога останав бремена само продолжив
Да прашам.. жените што се со поголем ризик треба да пијат фолна киселина од 5мг или од повеќеп???????? нели таа стандард што ја даваат за планирање бременост е од 4 мг. Поздрав
Каде има од 4 мг, во која аптека? Не сум сретнала до сега. Јас пијам од 0,4 мг (т.е. 400 микрограми).
Епа тие се истите, од 0,4 и има од 5 , е сега ме интересира што е таа разлика? што е(колку)+ ? ГРЕШКА СИ ! ОГРОМНА ГРЕШКА! си имала среќа девојко!!! Во премама нема доволно колку што ти треба, тоа ти е само додаток(и во флаерот на премама пишува), информирајтесе добро, со добра намера ви кажувам. Која недела си?
Не е грешка 0,4 мг има во премама , а и сите пренатални витамини. Сосема доволно за една ,,нормална,, трудница. Тие со генски мутации, си имат доза која ја назначува доктор. Како што наведов горе. На своја рака не е препорачливо или од искуство на други. Секоја жена си е приказна за себе.
Се породив Ги пиев по препорака на гинеколог,секако претходно и прочитав што ќе пијам. Во Пре мама има 400mcg Фолати. Колку според Вас треба да се пие?
Jas so prvata bremenost vo prvite tri meseci piev folna posle pregnacer, Sega ja pocnav so femibion 1 I sega femibion 2
Не е доволно, не е чисто фолна, не е исто , нема да ви објаснувам , не лупајте со главата во зид, сигурно сте се хранеле доволно и со храна која содржи фолна затоа се било океј. Премама се витамини , а фолна посебно е друга приказна. Се пијат после 14 недела , но не е лошо и од почеток. Не се убедувајте дека е доволно затоа што не е .
Не се лупаме со глава во ѕид, оти една купа здрави бремености се имаат истерено само со пренатални витамини. Секој со своето искуство. Ама да кажеш дека нема доволно фолна е баш дезинформација. Секој си слуша лекар, не сме ние повеќе од нив. А куп трудници читат, паничарки, па лесно може да ги извадиш од памет.
Eпа баш за нив кажувам дека не е доволно, само сакам да помогнам да не слушаат доктор кога ќе каже дека премама е доволно. Е сега терајте како знаете и умеете.