@Adeline јас пиев 2х1мг фолна и тоа метилирана цела бременост. Не се сеќавам точно, ама кон 30тата недела ми ја исклучи докторот и само фемибион земав. А зошто толку си уплашена за фолната? Имаш мутација? За мутации горе-доле таа е терапијата, со тоа што препорака е метилкрана фолна, не обична.
А зошто пиеше метилирана фолна? што беше причината? имаше поголем ризик или? Не, туку знам дека не е доволно , не е сигурно да се потпреш сосема на тие витамини. Чиста фолна, најдобро, неколку месеци пред зачнување и три потоа. Премама ( или кој и да се) дополнително.
Јас сум со мутација и по препорака на гениколог пијам фемибион,а по препорака на имунолог пијам метилирана фолна.Секој индивидуално.Фемибионот ми одговара,а другите витамини некако ме дуваат и само ми се јаде.Ова е моето,а за Вас што најдобро ви одговара.
И јас пијам Фемибион, 1ца уште пред инвитрото почнав и во прво тромесечие, па продолжив со Фемибион 2 од второ. И мене ми одговараат, а и среќа што сум ги пиела цело време, пред 1 недела открив дека имам и јас мутација, па сум се покрила со метилирана фолна колку толку.
Содржат 400 µg фолати, фолна киселина од 400µg е посебно(чисто фолна), друго е чисто фолна киселина. Попросто незнам да објаснам
Баш 400µg фолати се доволни за здрава бременост. Дозата која ја содржат сите витамини. Не знам што си толку уплашена ама ако сметаш дека треба земај ти повеќе. Не ги убедувај другите дека сите треба. Исклучоци постојат, ама овде зборуваме за нормални бремености. Не сме доктори , овие пренатални витамини се пијат со години. Значи се во ред!
Јас уплашена, а ти тоооолку сигурна.Хм.... Зошто си толку сигурна? Значи јас кажав дека пред бременост околу 3 месеци се пие фолна киселина, по настанување на бременост во првите месеци се продолжува со фолна киселина, Овие витамини се пијат дополнително. ТОЧКА
Во ред пиј си дополнително што сметаш дека треба. Ама и информирај се убаво за дозата. Оти и предозирањето е штетно, исто како помалата доза. Уште ова, колку според тебе е доволно за се пие? СЗО вели од 400-600, а според тебе?
@Adeline фолати и фолна киселина е исто. Фолна киселина се користи најчесто како назив за синтетичкиот додаток, а фолати се наоѓаат и природно, ама на пренаталните витамини е така наведено. Дозата е иста, таа е препорачаната за нормална бременост. Во спротивно е премногу користење на фолна плус витамини, дупла доза доаѓа. PreMama Duo za žene koje planiraju trudnoću, trudnice i dojilje Tablete i kapsule Premama Duo su specijalno formulirane da osiguraju potrebnu količinu folata (400 µg) i vitamina D, zajedno sa ostalim vitaminima, mineralima i omega 3 masnim kiselinama u svim fazama trudnoće, u cilјu zadovolјenja povećanih potreba organizma. Еве од Премама Дуо, на македонски пократко пишува. Значи се и за пред бременост и за сите фази во бременоста.
Мајка мислам дека непотребно правиш тензија. Обично не се конфронтирам, ама твоево дрско убедување ме наведе. Прво ако немаш доверба во својот матичен лекар - смени го. Не се сите матични неписмени што ни посочуваат дека е доволно фолната од пренаталните витамини. Многу жени непланирано остануваат бремени, шри значи три месеци пред бременост не ни помислиле да пијат фолна, па раѓаат здрави, прави деца. И обратно има мајки кои се ќе направат по книга и за жал ќе имаат плод со аномалии. Едноставно деуги фактори влијаеле за создавање на дефекти. Да не зборуваме за оние во африка што не ни слушнале за витамини, а камо ли да пијат. На крајот провери си може имаш мутации па имаш потреба од метилирана, наместо обична фолна киселина. Гушкај си го баткоти и не шири параноја, зошто ни самата не знаеш да објасниш зошто мислиш дек си во право. Ако имаш факти, тогаш добредојдена си да ги презентираш.
Имам факти ама не би ги споделила тука со вас зошто причично сте "сигурни" во себе . Немам намера да се докажувам како вас туку само ви посочив да внимавате а со сила да ви ставам апчиња во грло не планирам . А ти мала за мојот батко или не батко да не се грижиш , нема што да мешаш баби и жаби ако немаш што да кажеш дополнително. Ама во едно се сложувам со тебе дека секој има своја прииказна и дека се може да се случи.
@Adeline ако имаш факти баш треба да споделиш, многу трудници истите ги користат. И јас ги користев во бременоста.
Не јас не сум сигурна зошто не сум доктор ниту фармацевт, затоа најкултурно замолив да презентираш факти. И нема што понатаму да се објаснувам со тебе. Само не е убаво да паничиш трудници без факти.
Трета бременост втора успешна и во сите 3 бремености земам пренатал мулти витамини, кои нормално содржат фолна, се со препорака на доктор, до сега ниту еднаш не ми рекле дека само фолна се зема. Прочитав дека фолната ја земаш 3 месеци пред и 3 месеци во тек на бременост, а што во останатите 6 месеци од бременоста?