Првите три месеци само фолна за развојот на бебето во таа фаза, а после тоа пренатални витамини исто со фолна во нив, витамините најмногу поради мајката и зголемените потреби поради растот на бебето. И да се земаат од почеток не е грешка. А и да не се земаат други витамини дополнително бебето сепак ќе црпи од резервите на мајката.
Во Африка? Ене ги, ги имаме и тука, спијат во импровизирани куќи и си ги влечкаат бебињата по семафори...И секое летенце-детенце. Овие сигурно пијат фолна и пред да забременат Кога мајка ми била бремена давале само фолна, други витамини не пиела. Во мојата прва бременост само фолна првите три месеци, останатите 6 месеци пренатални витамини. Во мојава втора бременост, фолна+пренатални витамини во првите три, во останатите 6 месеци само витамините.... Дали е толкава потребата од витамини или фармаколошката индустрија цвета, кој да знае
Значи пак ќе кажам од прв до последен ден по препорака на доктор само пренатални мулти витамини во кои има и фолна, никогаш прво само фолна па после витамини со фолна.А што на пример ако разбереш бремена си во 3 ти месец и не си земала фолна? Тука истите витамини ги препорачуваат и во тек на доење.
Второто ќе да е. Освен фолна и железо ништо друго немам пиено. Бебе здраво се роди, а јас немав никакви проблеми во бременост, освен ниско железо.
Уф не да цвета, ама тоа е. Кој не знае ќе си слуша доктор и ќе си пие. За жал се позависни сме од хемија, ама тоа веќе е друга тема. Само мене еве како логичар пак не ми е јасно како може да биде различно 400µg чиста со 400µg фолна во комбинација со други витамини.
Да се надоврзам во муабетот за фолатите, последниве денови земав да пијам кесички Магнезиум 400+Б комплекс од Алкалоид, и случајно на составот гледам пишува дека содржат 600µg фолати. Па зошто пијам и Фемибион и плус Тифол па многу да не ми дојде, па престанав со Тифолот. Потоа, јас како што сум будала пишав и мејл на Алкалоид да прашам за каков вид на фолати станува збор, зошто логично е кога некој ќе пише фолати, да значи дека се поприродна форма, и чудо следниот ден ми пуштија одговор: "Би сакале да Ве информираме дека микрогранулите Магнезиум 400 + Б-комплекс содржат фолна киселина во форма на птероил-моноглутаминска киселина (pteroyl-monoglutamic acid)." Што значи класична синтетичка фолна киселина, како и скоро секаде. Епа зошто не пишат фолна киселина, а не фолати...пфф.. Сакав да прашам, девер ми беше во Бугарија, денес се врат и ми го слушнал муабетот за мутацијата дека дури сега ја открив, и ми донел Неофолик мета 0.4 (душичка ). Да пијам по едно, или веч "касно Марко на Косово стиже" зошто сум 22 недела? Или нема штета?
@DuchessAnn знам само дека фолната киселина е поврзана со формирање на нервниот систем, а веќе во оваа фаза во која си органогенезата е завршена, сите органски системи се оформени. Најдобро прашај си го матичниот.
Се пронајдов во муабетот за тие од Африка и госпоЖите од семафорите И јас не пиев никаков витамин ни минерал плус во прватa,втората и сега третата бременост , фала му на Бога се е во ред , а и крвна слика до сега не мрднала ни урина лоша испаднала , глукоза е 5,1 , а железо ми е 32,8 од ГАК се почудија и рекоа да повторам крвна слика дека не им се верувало да биле валидни резултатите , сигорно имало грешка ама пак исто испаднаа па се уверија . Си јадам нормално , а највеќе салати , овошја и зеленчук секако што е можно повеќе да биде тазе и свежо . Муабетот ми е , дека има жени кои организмот т.е желудникот не им поднесува апчиња било какви , на пр. мене ништо не ми поднесува па затоа ранитал пијам кога почнуваат болки во желудник од обично лебче , сега во оваа бременост проблемите со желудникот ми ги изцедија нервите ама само нека заврши се како што треба со бебуш и мене да сме живи и здрави
И? Која страна има точни информации сега? На што да веруваме? Да прашаме во аптека можеби поинаку пишува Мижи да те лажам е све
Прашај во аптека, нека погледнат на составот. Јас повеќе би верувала на официјалната страна на производот, другото е аптека може имаат грешка.
Едно прашање,дали од земањето на фолна киселина чувствувате некои промени или пак зголемен апетит и сл. ?