Јас не пиев фолна пред да останам трудна. Брзо останав трудна, после 2 - 3 месеци обидување. Да не останев одма трудна можеби и ќе пиев.
И јас едно време се мислев за пиење на фолна киселина али незнам која еве сеа го видов твојот пост ама немам искуство ,али ќе следам за искуства. Од оваа фирма имам пиено апчиња за имунитет што ми ги има дадено гинекологот и задоволна сум. Нешто најдов на нет за апчињава се надевам ќе ти помогнат Неопходна комбинација од фолна киселина и калиум јодид : 400 µg фолна киселина 100 µg калиум јодид Фолната киселина и јодот се најважните супстанции кои треба да се надополнуваат во текот на целата бременост и доењето. Потребите за Јод и Фолна киселина во текот на бременост и лактацијата се зголемуваат за два пати и обично не се комплетно задоволени само со внес на храна. Со користење на ФОЛИОД капсулите, уште пред почетокот на бременоста, за време на целата бременост и доењето се овозможува оптимално задоволување на зголемените потреби за јод и фолна киселина и со тоа овозможува нормален развој на психолошките, невролошките и когнитивни функции на плодот. Оптимални дневни потреби кај бремени жени : фолна киселина 400 µg јод 200 µg Фолната киселина (Фолат) има важна улога во: процесите на делба на клетките, а посебно за време на процесите на диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот. Нормална ситеза на аминокиселини нормално создавање на крвни клетки развивање на нормална психолошка функција и нормална функција на имунолошкиот систем Нормалeн метаболизам на хомоцистеин Во текот на бременоста потребите од фолна киселина се зголемуваат за 100 %. Тоа е поради растот на матката, зголемениот волумен на крв, растот и развојот на постелката и плодот. Надополнувањето на зголемените потреби е исклучително важно. Поради докажаната поврзаност меѓу внесувањето на фолати и нарушувањата во феталната неврална цевка, на сите репродуктивно способни жени им се препорачува дополнителен внес на 400 µg фолати. Јодот е од есенцијално значење за нормално функционирање на тироидната жлезда, односно за формирање на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Во текот на бременоста активноста на тироидната жлезда е два пати зголемена, со што се зголемуваат и дневните потреби на јод. Оптимално задоволување на потребите од јод во текот на бременоста овозможува нормален развиток на когнитивните и невролошки функции кај плодот. Се препорачува кај : жени кои планираат бременост бремени жени (во текот на целата бременост) доилки Дозирање: Една мека желатинска капсула на ден се препорачува со главниот оброк
Јас пијам само Премама дуо откако дознав дека сум трудна, негде во 6та недела од бременоста значи, во тие има и доволно фолна.
А почнавте да ја користите откако забременивте Ти благодарам на информацијата И мене мг ми кажа дека тие биле добри Мислам на премама дуо
Да, откако констатирав бременост преку домашен тест почнав со пре мама неколку дена, но кога отидов на гинеколог да потврди бременост ми кажа дека пре мама ми се јаки на почеток и ми препиша само фолна Тифол, со ПреМама продолжив во второ тромесечие.
Здраво феминки, дали може некој да ми каже дали има врска на која фирма пиете фолна киселина.?Јас ја пијам на реплек фарм од 5 мг па незнам дали е добра бидејќе сега прочитав во упаството доколку сте бремени или палнирате бременост посеветувајте се со вашиот лекар на сите ли го пишува тоа или нешто не е во ред овие апчиња?
Мила и јас ги користев тие пред да останам бремена, меѓутоа кога останав бремена и бев на прв преглед на гениколог ми рече дека тие од 5 мг се доста јака доза и обично ги пијат жени кои се анемични, и ми рече да барам од 0,4 мг фолана киселина, од Зегин ми ги препорачаја на Natural Wealht како најдобри за трудници и тие ги купив, 100 таблетки беа околу 300 денари некаде и таман имам за цело прво тромесечие. Поздрав
Мене матичниот гинеколог ми рече од 5мг да пијам ама не ми посочи ништо за од која фирма само ми рече да зимам фолна од 5мг а не сум анемична
Исто и јас од петта недела пијам Премама дуо и докторот ми препорача и во аптека ми рекоа дека доволно имало фолна во нив 0,4 колку што било препорачано. Иначе претходно ништо немам пиено, а два пати останав бремена од прва. Еднаш во септември, еднас сега во март
Zenski piela li nekoja od Vas 2×0.4 folna za vreme na rana bremenost. Doktortkata mi rece po dve apcinja folna da pijam ve molam za sover