А причина ти кажа зошто дупла доза? За нормална бременост 0.4 е доволно. @mimiiiii и во Фемибионот толку е фолната 0,4.
Толку е да ама нема штета ако пие повеќе вишокот се исфрла со мокрење, ваљда има причина штом дала толку, јас не пиев дополнително оти така ми рече докторката.
Јас еве 4 месец од бременост ја користам фолната на Natural Wealth, се надевам на контрола сега во 16 недела ќе ми даде и др. витамини.
Девојки 20 недела сум и сеуште пијам фолна.До кога се пие,ми викаат по дома доволно сум пиела таа се зимала до 3ти месец,а јас ја си ја слушам матичната ми вика уште да пијам.Совет од вас?
И зошто си сигурна дека нивните деца се сите здрави? Колку има плус што ги кријат, и болни што ги земаат за просење и сл. Исто било и порано кога нашите мајки,баби не знаеле што е тоа фолна киселина. Мислите сите се здрави? Па колку има случаеви што умирале бебенца и не биле сите здрави, знаеш раѓале по 9-10 деца. Е поради вакви случаеви ние сега пиеме фолна и други витамини. Фала му на господ што ни се достапни
Па не верувам да е до фолната Во времето на нашите мајки не било ништо различно од сега (ако збориме за мајките родени од 50тите години наваму) , а во времето на нашите баби и прабаби имало многу војни и болештии за кои сеуште немало вакцини.
Еве мене фолната ми направи проблем кај бебчето првиот пат а и не сум единствена на форумов што се случило тоа. Така да си има влијание како нема.
Жал ми е Јас мислев зборуваш обратно дека влијаело, па ме збуни. Знам дека фолната е многу важна во првите три месеци, но тоа погоре што го реплицирав на членката е бидејќи наброја некои работи кои според мене не се директно поврзани со фолната.
Ја пиев обичната фолна но таа мене неми одговарала,само метилирана фолна смеам да пијам но кој да знае.