Па еве поминавме скрининг и аномалиа нема никаква и несе повтори од првиот пат. Многу ретка аномалиа кој скоро никој нее запознаен.
Баш затоа реков, за тие аномалии никој не е запознаен, а ги има, мене доктор ми рече сега многу не обрнуваат внимание на тоа зошто тешко се гледаат на ехо, затоа и напоменав погоре- неможеш да знаеш што се имало порано без фолна и витамините кои се примаат сега. Која фолна ја земаш сега од кога дозна?
Е сега докторот што кажал дека тешко се гледало нее во право,барем сега со модерниве апарати сесе гледа. Мене на Гак ми ја видоа и тоа одма само што почна да гледа кажа дека нешто не и се допаѓа и после убаво ми објасни. Во денешно време сесе открива и гледа биди сигурна во тоа. Метилирана фолна киселина и терапија за мутацијата. Во повеќе случаеви за аномалиа на главче причината е мутиран ген со тоа што обичната фолна киселина организмот неја прифаќа.
Да, со модерните кои ги немаше мојата матична ,која исто така не ме прати на скрининг ЗАМИСЛИ а јас будала и верував . На 2 д е тешко да се види
Епа јас кога зборам дека кај матичните несе прави скрининг,одговорноста е наша ние гледаме на какви еха не гледаат и треба да одиме кај стручњак. Јас ако го слушав матичниот и ова дете ќе го изгубев.
Феминки, здраво. Мило ми е што сум дел од вас иако од многу скоро.. се надевам дека ќе се дружиме. Имам едно кратко прашање за вас. Тазе бременка сум, прва бременост и вчера посетив гинеколог кој ми потврди дека има бременост. Е сега ми препиша фолна киселина и додатно витамини. Јас не успеав да најдам одделно, па земав апчиња микс во кои има и фолна и витамини. Прашањето ми е, дали е подобро да ги земам одделно или може и вака како комбинација. Инаку овие се на Proven Probiotics. Па би сакала мислење дали некоја ги користела, дали се добри.
Јас би ти препорачала како што кажал доктор така, посебно фолна плус витамините, сигурно има причина штом така ти кажал.
Не е штетна воопшто, напротив треба да се зема јас сум 19 недели и земам мултивитамини (Pregnazone) и во нив има фолна инаку фолна се зема и пред зачнување со лесно бременоста
Јас ги користам овие таблетки од 5 месец од бременоста, до трет месец пијав само фолна киселина и магнезиум, 4 месец пиев Премама ама ич не ми одговараа и мн ми беа тешки па преминав од 5 месец на Провен и мн сум задоволна од нив ги имат сите витамини за бремена жена, сите потребни минерали, пробиотик плус Омега. За мене се супер таблетките.
Здраво феминки сакам да прашам нешто за фолната... Имав прва неуспешна инсеминација и тогаш др.ми даде да пијам фолна па прашањето ми е дали можам да продолжам да ѓи пијам додека да ја направам и втората иуи а многу имам исип по лицето може да е од неа несакани дејства?
Фолната може да се пие без прекинување, тоа е Б витамин. А на лицето ти се појави кога почна да ја пиеш?
Ја пиев кога ми беше првата инсеминација скоро 20дена ама сега кога добив ја прекинав а почна да ме исфрла уште на почеток.
Обавезно консултирај се со доктор поради црвенилото. А откако ја прекина се повлече? Јас немам таков проблем, а еве веќе 4 месеци секој ден пијам по 800 микрограми. Но секој организам е различен, затоа консултација со доктор. Која фолна ја пиеше?
мене не ми е јасно за фемибионот - пишува дека има обична фолна и метилирана плус. е сега колку фолна содржи вкупно?