1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фонтана (The Fountain) [2006]

Дискусија во 'Филмови' започната од Bright, 5 ноември 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Филм од Darren Aronofsky, исто познат по филмовите Requiem for a dream и Pi.

    Фонтана е романтична драма испреплеткана со фантазија, историја, религија и научна фантастика. Невиден спој!

    Нема да го раскажувам, овој филм го препорачувам на оние кои сакаат филмови кои им дава простор да мислат и мислат за него.

    Музиката, да не почнувам! Клинт Масел е врвот! Многу често ги преслушувам песните од самиот филм, како да ме носат во друго време!

    Филмот го имам гледано 2 пати и со секое гледање и прегледување се сфаќа нешто плус. Многу е мистичен и те тера да мислиш да ја откриеш сета таа поврзаност на трите приказни...


    Љубители на овој филм, вие што ќе прокоментирате?
    Омилени сцени?
    Мислење за целокупниот филм?

    [​IMG]


    [​IMG]
    Една од најемотивните сцени ever!
     
    На elimkd, Trnche, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    УФ! Големо У големо Ф...Аронофски. Се прашувам дали човеков ќе направи утка?

    Фонтана е прекрасен филм и предобар! Се сеќавам прв пат кога го видов, останав да седам вкочанета уште долго време, не зборував, потоа морав да излезам да се прошетам во ниедно време и иако никогаш не пушам одејќи тогаш не знам колку цигари испушив. Мислев, си ги средував импресиите, плачев, па пак мислев, и повторно плачев.
    Е да...тоа го може само Аронофски со неговите филмови. Ваков ефект да ми направи. Ме удира бре у коска ме удира и предизвикува силни емоции.

    Не знам што да кажам, премногу добро осмислено филмче. И морам да признаам дека сакам да го гледам уште еднаш и уште еднаш затоа што филмов е повеќе од интелигентен а богами и тежок.
    Покрај вакви дела едноставно останувам без зборови затоа што Фонтана е еден од најдобрите филмови кои сум ги видела, ако не и најдобриот.

    Музиката е совршена - Клинт Мансел, што повеќе да се рече?!

    My conquistador, always conquering...е реченица која ми е врежана во главата. Омилена сцена? Ги имаше навистина многу моќни, премногу. А крајот беше :x
    Глумците одлични.

    Леле Брајт не знам што да ти кажам, освен :clap: за темава, верувам дека ќе се вратам да напишам повторно нешто ако се отвори дискусија.

    Ако некој не го гледал филмов нека не се двоуми ни секунда. Вреди да се погледне, о колку многу вреди!
     
    На Sparks и Bright им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Добро јас ќорава ли сум, не гледам ли добро, дури сега ја приметувам темава.

    Брајт :bow: , кога видов дека си отворила тема, знаев и кој има коментирано :)

    Фонтана ми е филм што заедно со Реквием и Пи (Се разбира од новите и лебедот) што ми ги активирал сите мозочни клетки наеднаш, што влијаел на мене уште долго време откако сум го изгледала. Гледан ми е два пати, толку моќен филм се разбира бара прегледување и вистина е дека тогаш многу од работите ќе ти станат појасни.

    Всушност на самиот крај од филмот сфаќаш дека ти си тој што треба да ги разграничи трите димензии кои Аронофски ги вовел. Дали е тоа минато, сегашност, иднина.
    Дали тоа е мултипли личност или е само една која успева да се проектира во неколку димензии.
    Што е јаве а што е фикција.

    Јас си имам некоја моја теорија дека ликот на Џекмен е претставен низ минатото сегашноста и иднината, дека тој е всушност првиот "татко" кој го спаси дрвото, односно фонтаната. Затоа и тој човекот кога виде кого го повреди, го подаде грлото за овај да може да му го пресече.

    Ѕвездата, таа боцката што Џекмен (не ми текнува како се викаше во филмов) што ја остави на гробот, пиењето од дрвото и претворањето во растение се си имаше метафорично значење, ако се развие дискусија и понатаму секако ќе напишам јас како ги сфатив.

    Во секој случај - филмов е ремек дело, не знам зошто не е толку познат, ама дефинитивно секоја секунда вреди кога го гледаш и секоја сцена не е залудна туку се е поврзано. Аронофски успева секогаш да ми го активира мозокот и да ме натера да се преиспитам што јас всушност видов. Не не остава само очите да ги користиме, туку тоа се само слики кои потоа мораш да им го откриеш значењето поврзувајќи ги и анализирајќи ги.

    Филмов има од мене 11/10, неверојатен е, ако убавината на Реквием е да ти го покаже животот на тие што тргнале по лош пат, овде претставува која е всушност целта на постоењето и дали секогаш доброто е добро а вечното е вечно.

    Рејчел е преубава во филмов, толку ми е мила, нежна, СОВРШЕНА за улогава. А и Џекмен глуми ненормално добро.

    :bow: :bow: :bow:
     
    На Bright, Phyramide и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    234.938
    Црниот лебед го гледав некаде пред 9 месеци, Реквием за еден сон вчера, денес Фонтана.
    И останав со безброј прашања во главата, сеуште размислувам, анализирам.
    Впрочем секој од овие филмови допира до мене.

    Прекерасен филм, предобар.
    Кастингот е одличен. Рејчел е совршена, Џекмен исто така. Создадени се за улогите.
    Музиката исто како и во било кој филм на Аронофски е одлична, која совршено се совпаѓа со сцените во филмот.

    Јас сум сеуште под импресии, сеуште си ги средувам впечатоците, сеуште анализирам.
    Јас колку што сфатив Изи беше мртва уште во почетокот, во моментот кога се појави на врата и го тераше Томи да одат да прошетаат по првиот снег. Затоа и ја немаше бурмата. Цело време тој додека ја читаше книгата, таа беше мртва, тој требаше да го напише крајот.
    Оваа со трите димензии јас го сфаќам како едно, поврзани се, секаде го бараше дрвото на вечноста, и секаде кога успеа да дојде до него, беше залудно, бидејќи требаше да сфати дека вечноста постои после смртта.
    Мислам дека Изи намерно не го напиша последното поглавје за Томи да ја прочита книгата и да сфати дека треба да ја пушти.

    Не знам, за сега најлогично ми е оваа, пишав дека сеуште сум по импресии, средувам впечатоци.
    Ајде нека живне темава, има многу да се дискутира, филмот нуди можност секој да на свој начин да го сфати и доживее.
     
    На Bright и Sparks им се допаѓа ова.
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Хм не би рекла. Рејчел беше во случајов добро запозната дека нешто и се случува со телото (нели не чувствуваше топло и ладно заради болеста) и затоа ја напиша книгата. Всушност таа беше опседната со историјата на Шпанците а воедно сакаше и некако да му каже на сопругот дека и треба неговото внимание, и затоа книгата му ја даде недовршена, со недопишан последен чептер за крајот всушност да го напише Џекмен. Таа се надеваше дека ќе поживее и дека крајот ќе биде среќен каде што мажот конечно почнува да и обрнува внимание.

    Всушност Џекмен беше толку опседнат со наоѓање на лек што губеше дури и допир со реалноста, што се префрлаше во други димензии само за да може да најде начин како да измисли лек за болеста.
    Но Рејчел постоеше, а на крајот кога умре и ја стави таа боцката на гробот.

    Баш сакам да се развие дискусија, да видам како ги сфативте вие прстенот, боцката, дрвото, ѕвездата, димензиите, мајмунот, тетоважите што сам си ги правеше (јас имам теорија една ама не знам дали ќе се согласи некој).... Всушност исто како при Лебедот, овде секоја ситница е и те како битна.

    А инаку да ги спуштиш и Pi и The wrestler исто се прекрасни филмови.
    Пи посебно, 3 дена не спиев откако го гледав.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    234.938
    Пи ми е следен за гледање, видов дека и него го препорачувате.
    Туку и мене ме интересира како друг го доживеал филмот, јас уште размислувам и анализирам.
    И оваа твоето држи место. Баш исто како и кај Црниот лебед, ти дава простор да го употеребиш мозокот и да размислуваш.
    Пиши ја твојата теорија, филмот не ми дава мир, сакам да читам мислења за него, каква и да ти е секако не ти е погрешна, бидејќи филмот тоа и го нуди.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Постовите кои ги прочитав во темата беа доволна провокација да седнам и да го изгледам филмот.
    Уште сум под импресии за да пробам да резонирам, ма останав со подзината уста и се прашувам зошто ли досега не сум го гледала, срам да ми е.
    Во секој случај, тежок филм, а нуди безброј начини на резонирање - остава место секој да си ја сфати поентата на свој начин.

    Е сега, јас вака си ги ''тумачам'' работите, ако грешам, слободно поправете ме - сепак тоа е мое видување на филмот.
    Рејчел на еден начин ја претставуваше смислата на животот (дрвото на младоста) за Џекмен и тој беше свесен за нејзината болест, знаеше дека некогаш ќе ја изгуби и очајно се обидуваше да најде лек за да ја излечи од болеста и да биде вечно со неа.
    Книгата имаше улога на мост, кој ги поврзува Џекмен и Рејчел, меѓутоа и трите приказни.
    И кралицата му велеше дека секогаш ќе бидат заедно, а тоа некако ми се поклопува со делот кога го наоѓа дрвото и пие од течноста, па станува тревки/цвеќиња, т.е. останува да живее засекогаш.
    Прстенот и тетоважите не ги сфатив баш најдобро и не би да ги коментирам, а боцката (што му ја даде Изи) мислам дека беше дел од него што го посади во нејзиниот гроб, за нели, да бидат вечно заедно - имаше една приказна чинам и за тоа, пак нешто поврзано со Маите.
    Меурчето во кое лебдеше, мислам дека го означуваше неговиот сопствен микрокосмос, во кој тој и дрвото беа вечно заедно.
    А прстенот ме инспирира на едно друго мислење - кружен е, кругот би требало да означува вечно движење, нешто постојано, непрекинато, па тоа ме наведува пак на мислата со желбата на Џекмен за бесконечно заедничарење. :^)

    Најголем впечаток ми остави исказот кој го кажа на погребот на Рејчел - смртта е болест и јас морам да најдам лек за неа.
    Мноогу добар филм, за кој и јас сакам да слушнам уште размислувања, мислам дека така полесно ќе навлезам во неговата суштина. :)
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ах, од кога не сум ја отворила темава, баш ми е мило што се започнало дискусија :) :clap:

    Филмот дава простор за различни сфаќања на нештата. Нема еден точен одговор, така ми се чини.
    Еве мое видување:

    Во минатото, Џекмен е Томас и тој не е вистинска личност, тој е само лик од книгата на Изи. Реалниот, сегашниот Џекмен е Томи, докторот. Том е повторно дел од книгата на Изи, во иднината, исто како лик, нереален, кој на некој начин е измислен од Томи (тој што ја довршува книгата).

    Томас и вика на Изабела (кралицата): It must be cut off! Тој сака (во приказната) да го спаси животот на Изабел и затоа не се плаши од смртта, по секоја цена ќе оди до крај.
    Во сегашноста Томи го прави истото за неговата жена, Изи, се обидува да најде лек за нејзината болест.

    Изи го знае крајот, затоа го моли: ‎"It's all done except the last chapter. I want you to help me. Finish it..."
    Томи не сака да ја заврши бидејќи тоа би требало да значи дека целосно ја пушта Изи да си оди од живите. Тој премногу ја сака, прави се‘ за да ја спаси, за да остане со неа, и затоа премногу тешко ја прифаќа нејзината смрт, се осеќам крив бидејќи бил немоќен да ја спречи смртта.
    Со решавањето на тоа дека Изи ја нема, по долго време тој решава да седне и да ја доврши книгата, а со тоа да и ја исполни желбата и да продолжи без неа.
    Фрлањето на боцкалката е исполнување на желбата од Изи.
    Истетовираните кругови нагласуваат само колку многу време му требало на Томи да се совземе и да ја напише книгата.

    Делот со дрвото на животот го сфаќам како дел од приказната... сепак тој дел ми е премногу конфузен..


    П.с. Како што гледате и аватар и потписот ми се од филмов - страшно многу го сакам и сум приврзана со него. Тој ми рече: It's all done except the last chapter. I want you to help me. Finish it...
    Lets finish it together... Will you help me...?
    And through that last dark cloud is a dying star. And soon enough, will die. And when it explodes, it will be reborn, and you've been born and you will bloom... and I will live... we will live...
    together we will live forever...

    (мааалце е изменето, но тоа е тоа) :l:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Вчера го гледав филмов и уште сум под импресии и спредувам впечатоци. :^)
    Чудна испреплетеност на три приказни за љубов, смрт, спиритуалност и постоење. Минато, сегашност и иднина. Религиозни моменти и сфаќања кои многу ме потсетуваат на религиите од Истокот.
    Очекував нешто слично на Requiem for a dream, а ова е тотално различно. Во секој поглед.
    Ми рабуди еден куп различни чувства, ни јас самата не знаев што ми се случува. Тага, меланхолија, збунетост, сочувство, страв од губење на блиските, страв од смртта..
    Многу тежок филм дефинитивно. Секој дел, секој предмет е метафора со свое значење и цел.
    Не се нафаќам сега да го дешифрирам, сеуште не ми слегнал доволно, сеуште размислувам за се' и си барам одговори. Не знам дали и воопшто ќе ги најдам. Колку повеќе размислувам, се' повеќе збунета се чувствувам. :worried: А да го гледам повторно мислам дека нема да можам да издржам.
    Кастингот е одличен. Hugh Jackman и Rachel Weisz совршено си ги глумат улогите. Прекрасни се и двајцата. Ellen Burstyn иако нема некоја голема улога морам да ја спомнам. Предобра е.
    Многумина велат дека ова им е еден од омилените филмови. Мене лично ми се допадна, не дека не, ама не сум до толку воодушевена. Можеби причината е тоа што не сум многу по ваквите спиритуални филмови.. :wasntme:
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Мојот најомилен филм. Излишни се секакви коментари, филмот е врв над сите љубовни филмови. Го ставам во оваа категорија, зашто овој филм за мене беше, од љубов, за љубов, со љубов. Музиката... :|
    Секој различно си го толкува што е и добро, зашто сакам филмови кои ќе ме остават подзамислена на крајот. Ти дава можност да се преиспиташ, анализираш и да си го скроиш по твоите замисли и желби. А Рејчел Вајс и Хју Џекмен се совршени во своите улоги. И ја обожавав токму оваа сцена
    [​IMG]
    бев спичлес, воодушевена, возвишена, не можам вистинските зборови да ги најдам.

    Одамна го немам гледано, ме потсетивте пак да си го пуштам :)
    И да...together we will live forever...oд љубов, за љубов, со љубов :)
     
    На Trnche, Bright и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Ashitaka

    Ashitaka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    34
    Филмов, ах, филмов. Не знам од каде мисливе, Аронофски.
    Сериозно, колку генијален треба да си за да направиш такви ремек-дела ко филмовите на Аронофски?!
    Му се восхитувам и по малку му завидувам.

    Еден од моите омилени филмови.
    Ми требаше неколку пати гледање, прегледување, преслушување на музиката на Мансел за да се потчукнам по чело и да се освестам.
    Морам да кажам дека , и после толку гледања, пак наоѓам нешто што не сум го сфатила минатиот пат и си доживувам епифании и еуреки. Како дрога ми е. Ми го храни умот.

    Топло го препорачувам на сите филмо-вљубеници. Филм кој никако не смее да се пропушти. :)
     
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Дури сега ја гледам темата. Многу ми е криво и грдо на душичката што глупави филмови се прославуваат, а вакви ремек дела не.
    Мене Фонтана ми е дефинитивно број 1.
    За Аронофски и Мансел нема што да се каже, се е кажано, секој коментар е излишен, еден без друг не одат.
    Еве јас како го сфатив.
    Филмот почна со приказната од книгата на Изи. Таа си напиша приказна, роман за Шпанците, за Маите, бидејќи беше фасцинирана од нив. Името на главниот лик го избрала по името на сопругот, наместо Томи-Томас.
    Кога Томи ја читаше книгата ликовите ги замисли исти како нив.
    Јас не ги делам на минато, сегашност, иднина, туку се е сегашност и се случува во главата на Томи.
    Изи е болна, има тумор. Томи очајно се труди да најди лек за Изи и да ја спаси, се измачува со тоа што не можи, дури и ја запоставува неа, мислејќи дека е најбитно да најди лек, заборава дека неа и значи повеќе да биди со неа. Таа се плаши на почетокот, но после нападот се помирува со тоа што ја чека и веќе не и се плаши на смртта. Реално гледа на работите и многу смирено. Таа го пронајде својот мир, но не и Томи. Не е доволно мирен за да можи да спие до својата жена, затоа почнува да ја чита книгата и ликовите си ги замислува со нивните фаци. Тука ја гледаме приказната „од минатото“, која е исто многу добра, а зборува само колку добар писател е Изи. Со нив двата нема никаква врска, освен тоа што низ цела приказна се протегнува нишката на смртта, затоа што мислите на Изи се поврзани со тоа, но кога таа се помири со сето тоа и се почуствува исполнета одлучи крајот да го остави на Томи. Знаеше дека тој не ја прифаќа идејата за нејзината смрт и дека ќе му биди многу тешко да се помири, исто така знаеше дека ако му даде таква обврска тој сигурно ќе го направи тоа, а со тоа му помогна и тој да ја сфати смртта правилно и полесно да помини низ тешкиот период. Кога Изи умира, Томи се губи, но мислата за крајот на книгата го одржува свесен. Кога седнува да пишува всушност сфаќа што сакала да постигни Изи со сето тоа. Сфати дека тој можи да седи и да си црта прстени, еден по еден, година по година, по цели раце, по цело тело, тоа ќе биди начинот на кој Изи го одржува во живот, се додека не стигни до неа, до смртта, каде што ќе се пронајдат повторно во вечноста. Затоа што поинаку не можи, тој мора да продолжи со животот. Конечно ја сфаќа суштината на животот и вечноста. Сфаќа дека колку и да се болни спомените од минатото кога таа беше сеуште жива, мора да помини уште еднаш низ тој филм, да си ја признај грешката, дека кога го викаше да излезат на снегот требаше да излези, да се помири со својата грешка и да ја пушти да си оди. Мртвите мора да ги пуштаме да си одат мирно и спокојно по својот пат, а со тоа и ние да продолжиме мирно и спокојно по својот. Кога ќе ни дојди времето на сите, продолжуваме да живееме некаде, но во друга форма.
    Сега како ги сфатив мајмунот, паганите, дрвото, расцветувањето итн.
    Мајмунот мене ми немаше некоја посебна улога, освен тоа што тој преживеа иако имаше тумор, а Изи не, исто како и во реалноста, од два пациенти со иста болест, едниот ќе преживее, другиот, за жал нема.
    Во книгата Томас се бори со смртта цело време, односно и се плаши, но кога го повредува на раката тој се исправа да стои цврсто пред неа и да се бори, тогаш смртта подклекнува и му го нуди својот врат да и го пресечи. Томас преминува преку смртта и стигнува до дрвото на животот, ја наоѓа смислата на се, благодетите на течноста (кога му заздравува раната), но и тоа поминува и тој сепак, на некој начин умира, со тоа што расцветува и продолжува да живее во друга форма вечно, преку цвеќињата. Што значи дека секој треба да се соочи со смртта, да не се предава, но колку и да живее после тоа, сепак крајот ќе дојди, но ќе продолжи во вечноста. Нели како велат, дека на овој свет сме само гости. Со таков крај Томас ја пушти Изи да си оди и покажа дека ја сфати смислата на животот, го сфати нејзиното помирување со смртта и нејзиниот мир, од тука позата за медитација.
    Меурчето беше очајната потреба на Томи да ја задржи Изи, не ја пушташе да си оди, иако знаеше дека не е тука веќе и кога сфати дека не можи да живее така меурчето се распрсна, а тој се издигна како фонтана над се. Во тие сцени е остарен затоа што најверојатно живеел уште многу години, но на крај сепак стигнува до Изи, до неговата кралица и тие се повторно заедно, засекогаш, во вечноста.
    Боцката всушност ја посади кај гробот на Изи, затоа што во болницата, кога седеа гушнати на креветот, таа му кажуваше дека на некое нејзино патување нејзиниот пријател Мосес, исто така фасциниран од Маите и раскажувал дека на таткото во гробот му посадиле цвеќиња и кога израснале така тој продолжил да живее, па Томи само ја најде во снегот исушената боцка и ја засади со надеж дека ќе израсни нешто и Изи ќе продолжи да живее на некој начин, исто како неговиот крај во нејзината книга.
    Прстенот ми е симбол за тоа како Томи ја сфаќаше поврзаноста со Изи и нивната љубов, како бесконечност исто како што е кругот, се заколнал на љубов и верност до крајот на животот кога го ставил прстенот во реалноста кога стапил во брак, исто како и во книгата кога и се колни на кралицата на вечна љубов и верност, а прстенот си го губи непосредно пред да ја изгуби и Изи и тоа му паѓа тешко, како да се бори со она што го гледа и што го знае, дека се е речиси завршено.
    Се изнапишував и навистина ми е криво што нема повеќе одговори на темава, не се отворила дискусија и тие што пишале чекале прво другите да се изјаснат, па за да си кажат мислење.
     
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    katastrofa od film
     
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Невозможно е филмов да се резонира и разбере со едно гледање, сакам да го погледнам уште еднаш подетално и да ми се разјаснат многу сцени ама некако немам психа низ истото чудно чувство на тага да поминувам.

    За да се сфати филмот како целина и значењето на сцените потребно е познавање на повеќе области, религија, христијанство, будизам, историја…

    еве како јас го сфатив:
    реалноста на Том и прекрасната сопруга Изи која е болна од тумор, толку полна со живот и ентузијазам но свесна е за нејзината состојба, свесна е за нејзината смрт, помирена е и не се плаши воопшто за разлика од нејзиниот сопруг кој тешко ја поднесува реалноста. Том е научник кој очајно е во потрага по лек, прави експеримент со мајмунот кој исто боледува од тумор на мозок, сметам дека и самиот мајмун си има значење нешто како дарвиновата теорија на еволуција, толку многу се внесе во својот есперимент што ја игнорира сопругата, нејзините потреби, нејзината желба да им се радуваат на снегот, и на малкуте денови од нејзиниот живот кои и преостануваат, го моли да го заврши последното поглавје од книгата што ја пишува.

    Потоа патувањето во вселената, делот со дрвото на животот кој всупност е метафора и го претставува нејзиниот живот, се храни со делови од дрвото за да преживее, заедно патуваат до планетата, светлината меѓу темнината, планета која маите верувале дека после смртта душата од земјата патува токму на таа планета и повторно се раѓа, реинкарнација. Умира дрвото, умира и Изи. Том застанува во позиција на буда, душевно ослободување, медитација, спокој и благосостојба бидејќи е заедно со неа.

    Шпанската инквизација од 16ти век, кралицата Изи е поразена, му го предава прстенот на воинот Том со ветување дека кога ќе се врати таа ќе биде повторно негова. Приказната за таткото кој бил закопан и синот посеал семе кое прераснало во дрво, со тоа и таткото добива живот преку дрвото, а плодовите ги јадат птиците и така неговата душа одлетува заедно со птиците, дрво кое дава живот, вечност, Том го сече протекува бела течност која сметам дека беше синоним на мајчино млеко кое му ги излекува раните, а од неговото тело процветаа цетови и така стана безсмртен.
    Тие темните кругови по неговите раце сметам дека беа синоним за сите изгубени и пропуштени прилики со неговата Изи, бидејќи кога го изгуби вереничкиот прстен го бележа прстот со крв и мастило.
     
    На Dancewere, boomsleng и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.