Спојлер барав ваква тема, но не најдов...ако е дупла, слободно клуч дали гледате формула 1? за кој тим навивате? кој ви е омилен возач(натпреварувач) јас гледав порано..и сега гледам, поретко, но ги следам резултатите и може да се рече секогаш кога има трка знам кој е на пол-позиција, кој победил.... инаку, навивам за тимот на Мекларен, поточно за Луис Хамилтон
И јас порано повеќе следев, сега кога-како. Навивам за Фернандо Алонсо, едно 7-8 години наназад а пред тоа бев за Михаил Шумахер.
Па следам Формула 1 одкако знам за себе и од тогаш сум за Ферари, немам некој возач посебно навивам за секој што вози во Ферари
Кој нема навивано за Шуми на времето Легенда е човекот, порано во основно многу пратев и стално навивав за Михел Шумахер. Сега веќе доста време не пратам, веројатно сум се заситила. Дури и се сликав на познатата стаза во Монте Карло, мислам дека тоа ми беше најголема среќа тогаш Гледам сега пак се вратил вози за Мерцедес. Колку што знам уште го држи рекордот за најмногу освоени титули 7.
Во претпоследниот круг имаше проблеми со болидот а и затоа мислам дека дојде до мал судир и не ја завши трката. Инаку ќе беше втор или трет, не ми текнува баш, само знам дека кога гледавме заедно со брат ми он беше за Хмилтон и беше многу изреволторан заради тоа што му се случи при самиот крај.
Со последната победа Алосно многу ме израдува, тој и Фетел како и секогаш беа мои фаворити. Алосно треба да биде победникот на целокупната сезона,заслужи.
Тоа на Алонсо беше ептен успешно враќање, за цели 10 места Јас типувам на Алонсо за шампион ама ќе видиме има уште трки до крај. Ама сепак мислам дека ќе победи оној што го сруши ланецот на различни победници, а тоа е секако Алонсо
Со нетрпение чекам да дојде недела за новата трка во Велика Британија. Очекувам висок пласман на Алонсо, но не би ме зачудило и Хамилтон да победи иако не го сакам тоа. Гледам на првото пробно возење имал најдобро време, а на второто е трет. Па, Британец е. Инаку, мислам дека оваа трка е па имаат уште 2, па потоа еден месец пауза. Од 31 август па натаму ќе се одржат наредните 9 трки. Се надевам дека Алонсо ќе го задржи првото место на табелата.
Гледам, ама многу ретко. Порано навивав за Шумахер, а сега за оној Себастија Ветел-Фетел. Интересно ми е. Фиуууу, пуф. Дури и на мобилниот си ставив рингтон со формула. Бррррм, брммм. Ама малце ме нервира Алонсо.
Ах бе Вебер, што ти требаше тоа при крај. Таман си се израдував за Алонсо, оп второ место. Ама и не е толку лошо, Алонсо повторно си ја заржува првата позиција на конечната табела.
Тапа беше денешнава трка. Не ја ни догледав до крај. Ни крив ни должен Алонсо уште на самиот почеток, заедно со Хамилтон се откажа од трката поради судирот со Грожан.
Гледам ова кога ке начекам на МРТ пред некој ден имаше не знам кој победи не го догледав до крај инаку за мене добри се Хамилтон,Фетел и Алоносо инаку го обожавам звукот на формулата кога ќе го слушнам
Не гледам, зошто воопшто не ми е интересна. Ете сабајле гледав бидејќи седев во дневна а тато гледаше. Единственото нешто од Формулата што секогаш ќе ми остане во сеќавање е кога отидов и се сликав на самиот старт на стазата во Сингапур-за ноќните трки.
Јас Формула1 гледам од помала. Порано навивав за Монтоја и кога возеше за BMV Williams и кога беше дел од McLaren Mercedes. И за него ќе продолжев да навивам ако не се откажеше и не се префрлеше во тие НАСКАР. Сега навивам за Ред бул тимот (Фетел и Вебер). Стварно имаат добар тим. Ќе видиме кој ќе победи. Има уште три трки до крај на 2012 ( Абу даби-денес, Америка, и Бразил-Сао Паоло) а со бодовите се тесно. Значи несмее да победи Алонсо !